Коментари

Манастирот Орле или св Архангел Чичевски

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Чичевскиот манастир „Св. Архангел Михаил“ или манастирот „Орле“ е православен манастирски комплекс сместен во атарот на велешкото село Горно Чичево, во областа Клепа. Тој е одалечен на 4 часа одење или 16 км јужно од Велес и дел од Повардарската епархија на МПЦ-ОА. Манастирот има две цркви „Св. Архангел Михаил“ и „Св. Богородица“.

Според неговиот летопис манастирот е основан како мала црквичка во периодот од 1695 до 1705 година од калуѓерот Михаил со помош на велешкиот Аго бег. Годината на изградбата ја потврдува и печатот на манастирот со името на „Св. Архангел“ и ликот на Архангел Михаил, кој го изработил мајсторот Симон Костадинов. Во втората половина на XIX век старата манастирска црква е обновена од браќата Јаков Зографски и Јанко Георгиев и зографисана од Хаџи Крсте во 1861 година. Автор на храмот е големиот мајстор Андреј Дамјанов.

Прилепчанецот Георги Трајчев кој го посетува манастирот во 1907 година, во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за Чичевскиот манастир или „Манастирот Орле, кој под тоа име не се сретнува на друго место, ќе го забележи следното:

„Манастирот Орле или св Архангел Чичевски, се наоѓа кај селото Чичево (Горно и Долно) во месноста Клепата.

Во 1872 година бугарскиот митрополит Дамаскин, идејќи за Велешката епархија, преку Неготино (Тиквешко) стигнал во Чичевскиот манастир, каде народ се собрал за да ја види и бакне раката на првиот (слвајански – н.з.) владика. Од манастирот владиката придружуван од повеќе селани, пешаци и коњаници заминал за Велес.

Осиромашениот манастир во 1849 година го моли за помош егзархот Александар во Цариград со следната молба, која се наоѓа во Етнографскиот музеј Бр. 5080

„…. Ние долу потпишаните препокорни пропаѓаме и смирено молиме; недостатоците наши се големи; а при тоа може да биде што и на Вашето Високородство се познати, кои  во кругот на цела Бугарија и Македонија до денеска се носат разорувања и зверства… Сега сепак доаѓа одново на таа Епархија; Високопреосвешениј ГосподинАвксентие како љубител на својот род, особено славјански, … и совреме помина во нашиот манастир за да одмори, на која средба изгледа бил даден совет свештенички да припаднеме на Вашата Високородна милост па …“ (И-в Бр. 101)

Манастирот поседуваше бронзен печат, округол со крстовидна дршка од 1705 година, со ликот на арх. Михаил и надпис во два круга: Свет печат на Велешките предели во гората Клепа близу реката Вардар. „Света и свештена обител наречен Манастир Орле храм на свети Архангел“. А околу дршката има натпис: „Го напиша тој печат мајстор Симон Костадинов. Во лето … – 7213 месец генар   ден к..в.“ Печатот се чуваше во Велешката митрополија (1-в, ибид). 

Имотната состојба на манастирот во 1907 година, кога како директор на велешките училишта го посетив беше: ниви 2650 дулуми, ливади – 20 д., лозја 120 д., градини – 2 д.

Чиченскиот манатир се наоѓа меѓу двете села Горно и Долно Чичево, во местото Клепата. Одалечено е 4 часа од градот. Манастирот е стар. Црквата е нова, куполна, светла и со голема висока камбанарија крај неа. Имотната состојба беше добра. Со неа добро управуваа настојници и приходите се собираа од градот, во корист на училиштата.  Имаше чифлик во село Дворишта. Во последно време тука се отвори земјоделско училиште, под раководство на агрономот Ангелов, кој го плаќаше Егзархијата. И овој манастир има голем дел во Македонското ослободително дело.“

По Балканските војни, богатиот Чичевски манастир сместен меѓу двете села Горно и Долно Чичево, и во време на српско бил жив и постојано посетуван манастир од владиците. Но по Втората светека војна, по 1945 година бил оставен без никаква заштита на забот на времето. Старите манастирски конаци биле целосно уништени и останале руини. Човечката негрижа и честите детонации при минирањето заради барање на суровини за потребите на Фени довело и до оштетувања на црквата која е дело на најголемиот градител на Балканот Андреј Дамјанов.

Во 1981 година, согледувајќи дека се работи за еден од бисерите на сакралната култура, тогашните власти ќе го прогласат верскиот храм Свети Аргангел Михаил за споменик на културата. Но, врз овој објект кој со својот изглед ги воодушевува поситителите се извршени извесни интервенции кон крајот на првата декада од новиот милениум, а во 2013 година била донесена одлука за комплетна санација на објектот и иконите. 

sv-arhangel-cicevski

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top