Коментари

ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ДЕБЛОКАДА НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ДЕБЛОКАДА НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ!

5 април 2017 година, Скопје, Македонија

– Денес Светскиот Македонски Конгрес (СМК) поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за деблокада на локалната самоуправа.

Во согласност со Законот за локалната самоуправа и Изборниот законик, а поради неконзистентност во законската регулатива, од првата половина на месец април годинава престанува мандатот на членовите на советите на општините и на градот Скопје. Мандатот го задржуваат само градоначалниците до изборот на новите градоначалници, но најмногу до крајот на оваа календарска година!

За да се деблокира локалната власт, СМК од Уставниот суд побара поништување на членот 35 став (1) од Законот за локалната самоуправа “Членовите на советот се избираат за време од четири години“ и членот 16 став (1) зборовите “во првата половина во мај“ од Изборниот законик.

СМК побара Уставниот суд да донесе Решение за времена мерка, поради ризик од суспензија на правото на граѓаните на локална самоуправа од првата половина на месец април годинава, кога им престанува мандатот на членовите на советите на општините и на градот Скопје.

Иако Уставот на Македонија им го гарантира правото на граѓаните на локална самоуправа, поради злоупотреба на службената должност и самовластие, пратениците не ја исполнија својата уставна обврска: Наместо организација на избори на членови на советите и градоначалници на единиците на локалната самоуправа на 14 мај, пратениците го суспендираа на неодредено време одржувањето на локалните избори. Досега не избраа претседател на Собранието кој требаше да ги распише локалните избори во роковите утврдени во членот 12 од Изборниот законик “Од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена“, за да се одржат на 14 мај оваа година. Роковите од 13 февруари најдоцна до 6 март 2017 година за распишување на локалните избори не се испочитуваа, со што граѓаните од првата половина на месец април ќе останат без совети на општините и без совет на градот Скопје. Тогаш им престанува мандатот на советниците, а неизвесно е кога Собранието ќе го определи рокот за одржување на локалните избори, иако Собранието не може да им го продолжи мандатот на советниците затоа што локалната власт не е делегирана од Собранието, туку е изворна од граѓаните и се добива на општи слободни и тајни избори. За очекување е Собранието дополнително да го определи датумот за одржување на локалните избори до крајот на годинава, бидејќи се организираат секоја четврта година.

Со суспензијата на локалната власт, голем дел од правата и слободите на граѓаните коишто се врзани со локалната самоуправа, посебно по прашањата од надлежностите на советите на општините и градот Скопје, утврдени во членот 36 од Законот за локалната самоуправа, им се оневозможуваат или ограничуваат. Се поставува прашањето: Како ќе функционира локалната самоуправа до новите локални избори чие одржување треба да се определи со измени на Изборниот законик и зошто граѓаните поради неисполнување на обврските на пратениците треба да останат без локална самоуправа, ако се знае дека последните локални избори се одржаа на 24 март и 7 април 2013 година.

– Во моментов само Уставниот суд на Македонија може да ја спаси локалната самоуправа и да го заштити уставно гарантираното право на граѓаните на локална самоуправа и на претставници во локалната власт. Ако Уставниот суд на Македонија ги поништи членот 35 став (1) од Законот за локалната самоуправа “Членовите на советот се избираат за време од четири години“ и членот 16 став (1) зборовите “во првата половина во мај“ од Изборниот законик, ќе ги изедначи мандатите на челновите на советот и градоначалникот, нивниот мандат нема да престане, додека најдоцна до крајот на годината, Собранието не определи рок за одржување на локалните избори. На овој начин ќе се одложи одржувањето на локалните избори од првата половина на мај, бидејќи претседателот на Собранието не ги распиша најдоцна заклучно со 6 март, но барем нема да бидат суспендирани и ограничени правата и слободите на граѓаните на локална самоуправа и нема да биде доведено во прашање владеењето на правото. Жалам што ова не го завршија другите надлежни органи, но барем постои иницијатива до Уставниот суд, како обид за деблокада на локалната власт, – изјави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

Минатата година Уставниот суд експресно реши по иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието. Светскиот Македонски Конгрес се надева дека и овојпат Уставниот суд ќе реши итно и позитивно по поднесената иницијатива, со времена мерка, и нема да дозволи поради незаконско работење на законодавната власт да биде суспендирана локалната. Ако на граѓаните не им се овозможи да изберат претставници во советите на општините и градоначалници на 14 мај, барем да не им престане мандатот на советниците што ќе ја суспендира локалната самоуправа!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top