Коментари

Вечна да е ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Македонските херои ќе останат на улица се додека има потреба

Време е да се отфрли албанската платформа, а народот да се обедини околу македонската платформа (Македонскиот манифест), за да се зачува уставниот поредок на земјата, за да ја зачуваме македонската држава, името и идентитетот на македонскиот народ.

Македонските граѓани повеќе од четириесет дена мирно протестираат низ македонските градови против албанската платформа од Тирана, врз чија основа е направена постизборната коалиција на СДСМ и блокот албански партии. Тие порачуваат дека се против воведувањето на двојазичност на целата територија на Македонија, против создавање на бинационална држава, против промена на името, знамето, грбот и химната на Република Македонија.

Во текот на сите овие денови граѓаните масовно даваат поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која протестира против прифаќањето на Тиранската платформа која е спротивна на Уставот и се нарушува унитарноста на државата. Во контекст на граѓанската иницијатива се организираат и патриотски здруженија кои се ставаат на располагање да се зачува ова единствено парче слободна македонска земја.

Иако масовни, кога во еден ден протестираат и околу 200 илјади граѓани низ цела Македонија и дијаспората, протестите се мирни и не се забележани посериозни нарушувања на мирот и безбедноста.

Граѓани достоинствено протестираат, а при тоа доминантна е црвено-жолтата боја, македонски знамиња, свирчиња, црвено-жолти штитови, како симбол дека по секоја цена ќе се брани унитарноста.

За разлика од учесниците од шарената револуција, кои фарбаа, кршеа, уништуваа споменици, згради,  институции (канцеларијата на претседателот) и ја напаѓаа полицијата, во која имаше и повредени припадници на безбедносните сили, сега протестите на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“  нема уништување, нема судири со полицијата, ниту пак има загрозување на човечките животи и покрај одредени провокации.

Интересно е што опозиционите медиуми сите оние кои учествуваа во шарената револуција и правеа штети на материјалните добра ги нарекуваа борци за човекови права, додека пак оние кои мирно протестираат и не се служат со насилни средства се обвинуваат дека се фашисти.

Исто така, за време на „шарената револуција“ преку опозициските медиуми имавме можност да слушаме луѓе кои повикуваа на крвава револуција, на украинизација за да по насилен пат да се симне т.н. “режимска власт “, но тие тогаш не се осудуваа за говор на омраза. Денес пак имаме ситуации кога истите медиуми забележуваат дека патриотите  кои застанаа во одбрана на унитарноста на сопствената земја се осудуваат како фашисти.

Но тие двојни аршини се својствено за СДСМ и Соросовите медиуми.

Тие го негуваат говорот на омразата, тие го туркаат народот еден против друг, само за да дојде СДСМ на власт. Меѓутоа, наместо посакуваниот ефект, СДСМ и Албанците се судриа со нешто неочекувано, нешто за кое немаат оружје. Тоа е љубовта која ја шират луѓето на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, за кој немаат лек ни СДСМ, ни албанскиот блок на партии, ниту нивните налогодавачи. Тоа е нивното огромно срце, полно со љубов и отворено за сите, без разлика на вера, пол или политичка определба, но, срце кое нема да дозволи македонскиот народ да исчезне. Затоа на протестите може да се сретнат и љуѓе со знамето на СДСМ околу телото кои протестираат против своето предавничко раководство.

Повеќе од четириесет дена македонскиот народ протестира против обидите СДСМ и албанските партии да формираат влада, чија коалиција се темели врз основа на Тиранската платформа –  платформа која има за цел разнебитување на Македонија. Албанската платформа од Тирана, за која народот не гласаше на декемвриските избори, се пјави како кукавичко јајце на Божич. Оттука како клучни се посочуваат пред Велигденските денови, кога се шпекулира за насилно преземање на власта од страна СДСМ, што може да предизвика дополнителни тензии со несакани последици. Во спроведувањето на ова сценарио треба да помогнат албанските криминачци на кои им е ветена амнестија од Заев.

Без разлика дали тоа ќе се случи пред или по Велигден, македонскиот народ треба да биде внимателен, бидејќи  по налог на странски налогодавачи, Зоран Заев започна опасна игра и треба бргу да ја заврши.

Со своите постапки лидерот на СДСМ, несомнено е дека го турка народот во конфликт во кој ќе страдаат сите. Со тоа тој ја стави на коцка иднината на македонскиот народ и држава. Иднината на сите кои живеат во Македонија, па и на самиот албански народ.

Меѓутоа, македонските херои кои секојдневно се на улица, кои секојдневно се на браникот на таковината, нема да дозволат разнебитување на земјата. Обичниот македонски човек нема да дозволи аболициран и уценет политичар, спремен да го продаде името и да ја подели земјата, да стане премиер на Македонија. Едноставно на Заев не му е местото во Владата на Македонија туку во суд, каде треба да одговара за велепредавство.

Македонскиот народ секој ден ќе биде на улица и ќе протестира се додека има потреба. Него ништо не го заплашува и на секој обид да се избере Влада на нелегален начин, надвор од Уставот и да подметне Тиранската платформа со која се нарушува неговото суверено право да има сопствена македонска држава, Македонците ќе реагираат соодветно.

Вечна да е ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top