Коментари

МАЛКУ ПОЗНАТИ ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ИСУС ХРИСТОС

aleksandar-donski

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Не се точни атеистичко-антихристијанските тврдења според кои „не постоеле историски докази за постоењето на Исус Христос!

Пренесуваме, кај нас малку познато сведоштво дадено од  најпознатиот антички еврејски  историчар Јосиф Флавиј кој живеел во 1 век и (иако бил фарисеј и противник на христијаните) во своите историски дела јасно запишал дека Исус постоел, дека не бил обичен човек и дека правел многу чуда и прекрасни нешта.

Во Македонија, а секако и пошироко, поединци и натаму тврдат дека наводно „не постоеле историски докази вон Библијата“ дека Исус Христос (славен како Божји Син од страна на христијаните и како пророк на Алах  од страна на  муслиманите) „не постоел“ и дека бил „измислена личност“. Ваквата небулоза создадена во атеистичко-комунистичката кујна,  а секако и во кујните на останатите (главно анти-христијански) центри практично значи дека десетици милијарди христијани и муслимани во минатото и денес славеле и слават „непостоечка личност“ (!?). Оттаму ваквата небулоза повеќе е смешна, отколку сериозна, посебно затоа што (за жал на овие минорни субјекти) сепак постојат ИСТОРИСКИ докази за постоењето на Исус. 

Пред да поминеме на нивното изнесување, би сакал прво да ги прашам негаторите да ми одговорат што се тоа „историски докази“ кога е во прашање постоењето на личност од античкиот, па и од средновековниот, период? Поради фактот што во антиката и во Средниот век немало камери, ни фотоапарати, јасно е дека како историски доказ се сметаат сведоштвата на луѓе кои ги запишувале настаните околу себе така како што ги гледале или така како што им биле пренесувани од сведоци. Секако дека како историски доказ се сметаат и  записите  од самите историски личности, кои до денес останале зачувани (иако бројот на вакви записи е минорен во однос на личностите кои директно не оставиле свои записи). Практично најголем дел од историските личности од антиката (владетели, нивни сопруги, деца, војсководители, политичари…) не оставиле свои директни записи, па сепак никому не му е и на крај памет да го негира нивното постоење тому поради тоа што некој друг тогашен автор ставил записи (историски докази) за нивното постоење. На пример, за античкиот филозоф Сократ знаеме само благодарение на сведоштвата од Платон, Ксенофон и Аристофан. Значи, иако само тројца луѓе сведочеле за неговото постоење, денес Сократ се смета за еден од најголемите антички филозофи. Уште подрастичен е примерот на основачот на будизмот Гаутама Буда. За него не постои ниту еден зачуван запис од негово време, а првите сведоштва за неговиот живот потекнуваат од периодот од над триста години по неговото раѓање. Сличен е случајот и со Конфучие (VI век пред Христа). Податоците за неговиот живот исто така биле собирани со векови по неговата смрт, а за неговото учење се знае дека било напишано од неговите следбеници. Ова важи и за огромен број познати личности од антиката (римски, атински, спартански, персиски, македонски, тракиски и други цареви и кралеви, бугарски, монголски и други ханови, кинески, јапонски, западноевропски и други средновековни владетели, потоа уметници (музичари, сликари…) – за најголем дел од нив денес знаеме само благодарение на сведоштвата (записите) од други. Па сепак  негаторите на постоењето на Исус, не негираат ниту една друга историска личност освен Исус, што е уште еден доказ за нивната подмолна тенденција.

Поради сето  досега наведено, ако за сите  личности во антиката, па и во Средниот век, важи правилото дека под историски докази се подразбираат сведоштвата од други автори, тогаш нормално  дека ова важи и за Исус. Оттаму четирите евангелија во Новиот завет и уште десетината апокрифни евангелија (сведоштва за Исус кои не се опфатени во Библијата), покрај својата религиозна компонента, имаат и историска вредност. Нивните автори, независно еден од друг, запишале речиси исти работи (од историски аспект гледано) за постоењето на Исус, за неговиот живот и делување. Надвор од здравиот разум е дури и да се помисли дека сите тие (независно еден од друг во различни години и места) „измислиле“ иста личност.

Анти-христијанските скептици велат дека немало  сведоштва вон христијанскиот свет за постоењето на Исус. Но, ни тоа не е точно.

Во нашата јавност е малку познато дека постои исклучително важно вонбиблиско сведоштво за постоењето на Исус.  Ова извонредно значајно све­доштво е дадено од најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј кој живеел во првиот век по Христа од 37 до околу 100  г. Флавиј не само што не бил никаков христијанин, туку тој припаѓал на јудејската секта фарисеи која била негативно расположена кон христијаните. Сепак, тој во своите историски дела (напишани само неколку децении по распнувањето на Исус) не можел да го од­бегне постоењето и дејству­вањето на Исус во неговата земја. Независ­ното све­доштво на Флавиј за постоењето на Исус Христос претставува разурнувачка негација на тенденциозните атеистички небулози според кои, наводно “немало историски докази за посто­ењето на Исус”(!?). Флавиј, како историчар, не само што го забележал постоењето и дејст­ву­ва­њето на Исус Христос, туку и јасно ставил до знаење дека Исус не бил обичен чо­век! Флавиј дури го спомнал и воскрес­нувањето на Исус, а  спомнал и дека за време на своето дејствување повел по себе “многу Евреи и многу пагани”. Еве како го опи­шал Исус Христос најпоз­натиот еврејски историчар од тоа време Јосиф Флавиј:

“Во тоа време се појави Исус, мудар човек, доколку и навистина можеме да го наречеме човек; тој правеше прекрасни нешта… Тој привлече кон себе многу Евреи и многу пагани. Тој беше Христос. А, кога Пилат, по сугестија на нашите угледни луѓе го распна на крст, оние што го сакаа не се откажаа од него, затоа што им се појавил жив на третиот ден како што најавија Божјите пророци, заедно со уште десет илјади прекрасни нешта поврзани со него. И  групата христијани, кои го добија името по него, до денес постојат. (Јосиф Флавиј „Јудејски старини“ 18,3,3).

Се поставува прашањето од каде Јосиф Флавиј ги дознал овде наведените податоци за Исус доколку тој бил „измислена личност“ од страна на евангелистите? Во времето кога Јосиф Флавиј го напишал ова сведошто се уште не бил создаден Новиот Завет, а од четирите евангелија, било напишано само Евангелието по Марко, кое свети Марко делумно го напишал во Александрија (Египет), па не се знае кога точно ова Евангелие стигнало во целост во Светата земја кадешто живеел Јосиф Флавиј. Но, дури и да прочитал  делови од (во тоа време) пресно напишаното Евангелие по Марко, Јосиф Флавиј сигурно дека немало да ги цитира во својот историски труд затоа што тој самиот припаѓал на секта  која била опонент на христијаните. Оттаму, нема друго објаснување освен да се заклучи дека сведоштвото за Исус, Флавиј го дал врз основа на пренесени (а можеби и директни) разговори со луѓе кои лично го познавале и следеле Исус и биле сведоци на неговото дејствување. Поради тоа сведоштвото на Јосиф Флавиј за Исус Христос има огромна историска вредност и претставува несомнен историски доказ, кој буквално ги десеткува тврдењата на анти-христијанските провокатори.

Јосиф Флавиј оставил вредни историски сведоштва и за дејству­вањето на свети Јован Крстител. Кога пишува за поразот на војската на вазалниот еврејски крал Херод Антипа од Арапите, Флавиј пишу­ва:

“Некои Евреи сметаа дека поразот на Херодовата војска дојде како казна од Господ, поради тоа што му го направи на Јован, кого го викаа Крстител. Херод го отепа него, иако тој беше добар човек и им збору­ваше на Евреите да бидат чесни и праведни еден кон друг, како и да пока­жуваат почит кон Бога, така што ќе бидат крстени… Кога луѓето масовно почнаа да одат кај него за да ги слушаат неговите зборови, Херод се уплаши дека големото влија­ние што Јован го имаше кај народот би можело да биде иско­ристено од негова страна за кревање востание, бидејќи изгледаше дека луѓето се подготвени да направат се што ќе им кажеше Јован. Поради тоа Херод помисли дека е најдобро ако го погуби за да ги спречи немирите што тој можеше да ги предизвика, а и за да не се кае подоцна доколку се доведе себеси во непријатности преку конфрон­тирањето со него. Така, поради сомневањето на Херод, Јо­ван беше испратен во затворот во Махер, што претходно го спомнав и таму беше погубен. Сега Евреите сметаа дека поразот на војската на Херод беше казна поради незадоволството на Бог. (Исто, 18,5,2).

На крајот да го спомнеме и фактот дека Јосиф Флавиј посветил голем простор во своите дела и на античките Македонци кои владееле со Светата земја од нејзиното освојување од страна на Александар Велики Македонски па се до нејзиното покорување од страна на Римјаните. Притоа Флавиј сосема јасно ги издвојува Македонците од Грците, па неговите историски дела претставуваат силен удар и против  големогрчката пропаганда.

donski22
Постоењето на Исус Христос како историска личност го потврдил и најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

To top