Коментари

Време е за нови избори

katerina_klimoska_2

katerina_klimoska_2
Катерина Климоска –

Мислев дека нема да го кажам ова бидејќи граѓаните се изморени од постојани избори, од притисоци од лево од десно, од надвор од дома, итн итн. Но, после 27.4.2017 година ништо не е е исто. Сега како никогаш претходно повеќе од потребни ни се избори, и тоа на сите нивоа на власт: претседателски, парламентарни, локални. Потребна ни е нова Власт која ќе има кредибилитет и тежина пред граѓаните.

Во изминатите месеци бевме сведоци на перформанс од политичките партии кој би можел да се вметне во категоријата на неодговорна детска игра (не полнолетна).  Секоја од партиите во борба за завземање на славните владеачки столчиња преку целта ги оправдува средставата, а при тоа, како што велат старите, кога двајца се караат третиот користи: албанците итро повторно водата си ја насочија за свој бенефит. И не ги обвинувам толку, со оглед дека кога оние кои треба да си ја сакаат и чуваат Татковината (една и единствена) се докажуваат меѓу себе 25 години, при тоа заборавајќи ја Нејзе, Македонија. А таа, Македонија е единствена татковина на македонскиот народ, кој после векови негирања, загуби, војни, наведната глава и удирања, успеа барем едно делче од Целината да го прогласи за независна држава. И никој, велам никој, нема право да го одземе тоа од Македонецот. Сепак, многу се излажаа и ослепени од личниот интерес и лесните пари, позиции и титули, тргнаа да кројат, додефинираат, редефинираат, тегнат, скратуваат и слично од грутката македонска. И така цели 25 години. На 27.4.2017 година се достигна плафонот. Го „удривте“ својот народ.

Разбирам дека во изминатиов период многу се вложило и од едните и од другите за да се победи, да се достигне посакуваната цел, да се дојде на Власт, но сето она што се добива на нечесен и непринципиелен нехуман начин врз грбот на животната судбина на други луѓе, не е за долго и не е за славно. Исто како и со секојдневниот живот. Некои не избираат средства, прават секакви отстапки само да го добијат и остварат она што го сакаат, и да, најчесто кога се избира тој пат, кај нас, лесно се достигнува врвот, но тоа не е за арно. Ако не тие, тогаш нивните деца, внуци и останати поколенија ќе ја вкусат горчината на стореното. Победите во кои влог биле достоинството, моралот, принципите на доброто живеење, не се благи, не носат среќа и не се за долго.  А македонскиот народ, бескрајно трпелив и кроток, не бара многу, се додека не го чепнеш во коскената срж на неговото постоење.

Време е Р.Македонија да почне да функционира како секоја друга европска држава. Но за тоа да се постигне мора да се заборават минатовековните реторики и идеи, да се почне да се живее сега и овде како цел современ свет. Нам не ни треба да не редефинирате, таа грешка еднаш е направена и еве се уште глава не кренала Земјата од тогаш… Бидејќи кога еднаш ќе ја отвориш пандорината кутија тешко е да ја затвориш. Но, сега е време да се затвори и да се постават институциите и системот врз европските вредности на почитување на човековото достоинство и човековите права, слобода и демократија, еднаквост и владеење на правото. Она што се случи на 27.4.2017 година не е владеење на правото, но е газење на човековото достоинство, она на Македонецот. Борба против криминалот, да, секогаш и во секое време, но не под услов како влог да биде Државата. На Република Македонија и требаат на главните позиции во Државата личности кои како профил ќе бидат симбол за позитивни човечки вредности и професионалност во работата, и со самото тоа ќе упатуваат целиот систем да функционира во тој дух.  

Размислете, еве, и да се избере власт на начин како тоа што се сакаше да се направи на 27.4.2017 година, каква порака ќе биде тоа и за народот, но и за светот? Дали такви победи ни се потребни? Таквите победи ќе  донесат само презир и гнев од својот народот. Време е за избори бидејќи ова е време кога е на тест државотворноста на македонскиот народ. После сите овие 25 години на тест сме да покажеме дали сме кадарни да имаме своја Татковина. Од нас зависи. Време е за избори.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top