Коментари

Меѓународната заедница во Македонија се однесува како да се наоѓа во времето на дивиот Запад

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Трагичниот процес на разнебитување на македонскиот народ продолжува. На 27 април 2017 година, по завршената седница на Собранието на Република Македонија, пратениците  на албанските партии и Социјалемократскиот сојуз извршија обид за државен удар. Спротивно на Уставот, Законите и Деловникот, овие пратеници надвор од процедурите го избраа Талат Џафери за претседател на Собранието. По провокациите со албанската химна, обидот за избор на македонскиот крвник од Вејце за претседател на Собранието на нелегален начин, го испровоцира македонскиот народ кој влезе во парламентот за да си ја врати државата.

Социјалдемократите и албанските партии во изминатиот четврток вечерта се обидоа да извршат обид за државен удар во земјата. Тие на нелегален начин, без никаква евиденција кој и како гласал, го нелегално го избраа Талат Џафери за претседател. И покрај оправданиот сомнеж дека дури и при ваквиот нелегален начин на гласање, Џафери го немаше потребниот број пратеници за да биде изгласан, американскиот и европските дипломати го поздравија неговиот избор.

Прифаќањето на Џафери, нелегално избран за легален претседател на македонското Собрание од страна на преставниците на меѓународниот фактор, ја потврдува нивната длабока вмешаност во сценариото по кој се одвива трагичниот процес за разнебитување на македонскиот народ. 

Меѓународната заедница во Македонија се однесува како да се наоѓа во времето на дивиот Запад. Во однос на Македонците повторно применува двојни аршини. Од една страна зборува за почитување на правото и демократија, а од друга страна поддржува нелегалниот избор на амнестиран терорист за претседател на Законодавниот дом.  Со тоа  покажува дека таа ја смета територијата на Македонија за индијански резерват во која кој сака и кога сака може да влезе и да им ја погази вољата на народот, да им ја одземе земјата на домицилното население, како и да ја исчисти од Македонци, за да  може слобдно да гради своја “пруга“ низ неа!

Доколку се дозволи нелегалниот избран Талат Џафери, со помош на дел од меѓународниот фактор да остане претседател на Собранието и се формира коалициона влада на чело со лидерот на Социјалдемократите, тогаш се отвара простор за пасивизација или елиминација на единствениот бранител на македонските интереси претседателот Ѓорге Иванов и реализација на Тиранската платформа, што значи распарчување на Македонија.

Претседателот Иванов кој ја контролира армијата и македонскиот народ се последните пречки кои стојат на патот за спроведување на Тиранската платформа. Поради нивниот отпор за разнебитување на земјата, меѓународниот фактор и домашните предавници на чело со Зоран Заев внимателно го темпираа времето за изведување на државен удар.

Сценаристите за денот “Д“ ги имаа во предвид следните околности:

  1.       намален број на протестанти и на полиција пред Собранието поради дотогашниот мирен карактер на протестите,
  2.       предизвикување гнев и инцидент од ниско ниво, со пеење на албанската химна и избор за претседател на Собранието на поранешен припадник на УЧК, одговорен на убиството на припадниците на македонските безбедносни сили во Вејце, ден пред чествувањето на нивното загинување во 2001 година.
  3.       Предизвикување хаос пред камерите и новинарите и предизвикување на не животнозагрозувачи повреди на раководството од албанските партии и Социјалдемократите за да изгледаат како жртви.
  4.       Предизвикување на етнички тензии и конфликт  
  5.       Можна реакција на претседателот Иванов како командант на вооружените сили,
  6.       Обвинување на претседателот Иванов и македонскиот народ. 

Всушност сценаристите предвидуваа да предизвикаат украинизација на Македонија, која треба да ја подели земјата. Не случајно вечерта, спротивно на процедурите, обезбедувањето на Заев носеше оружје во Собранието, од кое потоа беше пукано, а според медиумите, дојде и до мобилизација во албанскиот етнички кампус во земјата и околните соседи, и спремност со оружје да тргнат во Скопје за се зачуваат наводно животнозагрозените албански пратеници.

Точно е дека за време на инцидентот имаше околу стотина повредени граѓани и припадници на безбедносните сили. Но, денес мошне чудно звучи изјавата на лидерот на Социјалдемократите Зоран Заев дека луѓето со умисла сакале да го убијат.

Ако некој сакал да го убие него или било кој друг за време на инцидентот во Собранието, тој или тие не би биле денес живи.

Едноставно македонскиот народ во тој момент ја бранеше државата без умисла некого да убие.  

Меѓутоа, мора да се напомене уште еднаш дека провокациите на Зоран Заев и неговата партија СДСМ смислено доведоа до ваков епилог во кој имаше повредени лица. Македонскиот народ повеќе пати предупредуваше никој да не си игра со сувереноста со државата. Тој реагираше откако неспречени од никого, СДСМ насилно и противзаконски го избра Талат Џафери за Претседател на Собранието. Едноставно гневниот народ влезе во Собранието за да си ја врати државата во своите раце.

Нема таква сила која може да оди против народ, но, добро е што на оваа правокација во режија на меѓународниот фактор и домашните предавници на чело со Заев, македонските безбедносни сили внимателно реагираа и заедно со народот не дозволија поголема ескалација на состојбата и вовед во украинизација на земјата.

Останува фактот дека мешањето на надворешниот фактор за разнебитување на македонската држава, како во минатиот век така и сега продолжува. “Доста е на процесот на разграбување на македонскиот народ“.

Македонскиот народ не ја заслужува оваа судбина. Македонецот не извршил злосторства, за да се смета дека сегашната судбина е Божја казна. Дури и да беше казна, македонскиот народ досега сто пати би се откупил со досегашните поднесени страдања и жртви. Секое продолжување на овие страдања може уште повеќе да ги разгневи, а тогаш без разлика на се, божјиот камшик ќе удри по сите негови непријатели. За сите злосторства извршени врз македонскиот народ, ќе нема место каде што злосторниците ќе можат да се сокриат. АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top