Коментари

Забелски манастир – Св Богородица

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Забелскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ или „Света Богородица Забел“ е православен манастир во северната дел на Македонија. Тој е дел од Кумановско-осоговската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Манастирот се наоѓа помеѓу селата Никуљане, Старо Нагоричане и Челопек, на петнесеттина километри од градот Куманово.

Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ или Забелскиот манастир „Св Богородица“ е еден од најстарите духовни православни храмови во северниот дел на Македонија. Како и повеќето православни цркви и манастири на територијата на Македонија, во времето на османлиското владеење црквата била целосно уништена.

Манастирската црква е возобновена во периодот од 1852 до 1856 година, врз основата на средновековната црква со димензии од 12 на 7 аршини, за која се смета дека е изградена во 1330 година. Изградбата на црквата е завршено според натписот на осумстраниот тамбур во 1856 година. На северната фасада на црквата над прозорците се врежани имињата кои дале свој допринос во изградбата на црква: Стојко, Трајко и поп Миле. Непосредно до манастирот се наоѓаат гробишта во кои биле погребани поранешните монаси.

Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за Забелскиот манастир – Св Богородица, ќе забележи:

„Тој манастир лежи 3 км. североисточно под селото Старо Негоричано и спаѓа во населбата Куљани (Никуљани – н.з). Забел е наречен манастирот бидејќи месноста му е шумска. Манастирот е нов мал и сиромашен, како по размерот на црквата и зградите, така и по имотната состојба. Од Куманово е близу два часа. Во манастирскиот двор е црквата, а околу неа згради за гости и манастирски потреби со околу 30 одаи.

Црквата е градена од 1852 до 1856 година. Од внатре таа е убаво зографисана од дебарските живописци Дичо и Зафир Василеви. Се гледаат иконите на св. Прохор, Св Јаким Осоговски. Околу црквата, кон олтарот се гробовите на починатите игумени. Антим јеромонах, основател на манастирот (1864 г.)   

Во старо време тука имало богат манастир но од зулумите на Турците и Албанците опустел. Така било до 1852 година кога со грижа и труд на населението, манастирот се возобновил. За тоа возобновување бил изваден ферман од Високата Порта со помош на св. Тасе и Ѓорѓи Војниклија од Куманово.

Имотната состојба на манастирот била: околу 30 шиника семе, лозја до 100 товари грозје, ливади, воденица и шума. Патронатот на манастирот е на 8 септември (ст.ст.)…“

Тажна е судбината на Забелскиот манастир, каде некогаш се вкрстуваа многу патишта. Во него доаѓаа многу верници, патници кои тука преспиваа. До крајот на Втората светска војна во манастирот имало калуѓери. После војната тие биле протерани и животот во него замрел, а манастирските објекти биле препуштени на забот на времето.  Сепак, црквата “Успение на Пресвета Богородица” низ вековите се спротивставувала на времето, чувајќи ги барем дел од вредноста и убавината оставена од нашите градители.

Црквата која е возобновена во 1856 година е дело на школата на градежниот мијачки род Рензови и е пример за посебниот архитектонски стил, формиран на територијата на Кумановско-кривопаланечкиот крај во втората половина на 19 век. Во основа црквата претставува трибродна градба со впишан крст и купола. Црквата е изѕидана со непреработен кршен камен, со варов малтер од внатрешната страна, а фасадата е обработена со убаво исечени црвеникани камени блокови. Ѕидишта на фасадите завршуваат со профилирани венци од камен. Куполата и тамбурот, се од печена тула. Куполата е покриен со стари турски керамиди, со какви е покриена и дел од двокатниот покрив и апсидата. Четирите агли при основата на куполата се покриени со камени плочи. Осумте страни на тамбурот имаат по еден прозорец со украсени рабови од редови тули и малтер.

Црквата има два главни влеза, едните е од западната страна, над кој има полукружна ниша од добро обработен камен со ликот на Богородица со Христос. Вториот е од северната страна. Има и влез од јужна страна, кој воведува директно во олтарниот простор. Како декоративни елементи на источната и западната страна има по една декоративна камена розета со четири тркалезни отвори, обрабени со венец од тули.

Ѕидовите однатре се малтерисани, но не и живописани. Подот е од камени плочи. Дрвениот иконостас е карактеристичен за XIX век, изработен во духот на мијачката резба. На иконостасот се ставени четири престолни икони – од лево кон десно “Свети Никола”, “Богородица со Христос”, “Исус Христос Седржител” и “Свети Јован Крстител”. Како централна композиција е поставена иконата “Успение на Богородица”. Лево и десно се претставени останатите апостоли во полупрофил. Дел од иконите се на Дичо Зограф од 1857 година, а дел на Зафир Зограф. Ова непроценливо богаство за жал беше цел на вандалите кои неправија непоправлива штета.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top