Коментари

ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се предаде и никогаш својот народ нема да ја остави Македонија на цедило

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Апел до Македонците!

Македонија е земја на Сонцето, чиј симбол се вее на нашето државно знаме. Македонскиот народ, барајќи го местото од каде изгрева сонцето, уште во времето на Александар Македонски ја пренесе Аристотеловата просвета и го цивилизира човештвото. Но, таа некогаш толку славна татковина доживеа пропаст кога се сврте во правец на залезот на сонцето. Туѓи народи посакаа да ја завладеат земјата и да го уништат народот. Со оружје, сплетки и интриги, како и со користење на синовите кои се откажале од родината заради сјајот на богаството, тие со векови се убидуваат да ги уништат Македонците. Но, тие се како пиреј.

Поделбите кои ги доживеа македонскиот народ оставија длабоки корени. Македонците долго време не го развиваа знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Победничкото сонце од Кутлеш долго време беше ставено под превезот на заборавот, а поради страв од големината на македонското име, многумина се обидуваа да го избришат и географскиот поим Македонија.

Со преминувањето од еден јарем во друг, враќањето на Македонија на светската сцена одеше тешко. Синџирите кои ѝ ги наметнаа странските народи и одродените синови тешко се раскинуваа. Но полека, дел по дел, на чело со ВМРО Македонија крвавеше и се креваше. И покрај длабоките рани, македонскиот народ преку Крушевската Република 1903, АСНОМ 1944 и 8 септември 1991 година ја воскресна Македонија. Победничкото знаме повторно се вееше, а сонцето на слободата повторно грееше на еден дел од територијата на Македонија. Потиснатата колективна меморија заради заборавање на нашето потекло повторно бликна со цела сила.

Меѓутоа, лекцијата од минатото беше заборавена. Повторно дозволивме на сплеткарите со години слободно да шетаат низ нашата земја, засипувајќи го нашиот народ со раздор и страсти. Додека македонскиот народ ги пречекуваше со раширени раце и љубов, дојденците упорно работеа на раздробување, потпалување расправии и подготвуваа терен за конечно погребување на славното македонско име.

Неодамна одродениот син на Македонија, Зоран Заев како Социјалдемократ, со помош на Западот, им овозможи на Албанците, на нелегален начин да го заземат парламентот и затемнат македонското сонце за да ни го оспорат името и правото да владееме со нашата земја. Наместо гордото македонско знаме, среде македонскиот законодавен дом, тие го поставија нивното знаме, црниот двоглав орел на црвена основа, кое ја затемни иднината на Македонија.

Во македонското Собрание, во храмот на демократијата прво се пееше химната на Република Албанија, а потоа противуставно и на нелегитимен начин беше избран новиот Претседател на Собранието на Република Македонија. Се случи противуставна акција на тие кои сакаат да ја преземат власта. Односно беше извршена окупација во три чина!?

Единствено кој се спротивстави на овој чин беше македонскиот народ кој по два месеци протестирање влезе во парламентот! Но, поради провокации, како и парализираните институции кои треба да го бранот Уставот и законите на земјата, народот се осмели да влезе за да си ја земе првдата во свои раце.

Настапија критични денови за Македонија.

Во прашање е иднината на македонската држава. Разјадена и ранета од отровните стрели на некои надворешни мешетари во последните повеќе од две децении од осамостојувањето повторно ги зголемија своите апетити кон нашата земја, Македонија со полни очи со солзи тажно гледа во своите чеда и ги прашува без разлика на јазикот кој го зборуваат (македонски, турски, српски, влашки, ромски, албански итн.) дали ќе ја остават да се разнебити македонската држава.

ВМРО-ДПМНЕ како партија одлучно застана зад интересите на македонскиот народ и неговата држава. ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се предаде и никогаш својот народ нема да ја остави Македонија на цедило. ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на Тиранската платформа, а тоа треба да го сторат и од СДСМ ако имаат барем малку чуство за државните интереси.

Македонци! Вие сте чеда на Македонија, во вас тече македонска крв, зарем уште не се разбудивте? Оставете ги настрана теснопартиските и личните интереси. Време е за одбрана на земјата. Не им верувајте на другите кои работат само за свои интереси и за пропаст на македонскиот народ и држава. Македонија ве колне да се смирите, да се сложите и збратимите без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност.

Зарем нема да се срамиме ако дозволиме Македонија да се разнебити со Тиранската платфорна?

Зарем ние сите заедно ќе им помогнеме да го закопаат славното име македонско?

Ако тоа не го посакуваме, ако сакаме да се залечат раните на Македонија, ние како вистински Македонци да ги истераме од својата прадедовска земја сите интриганти што денес не` распируваат, шират омраза и поделби меѓу браќата од разни вери и народности.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top