Коментари

Доста е и дајте ја ваму Русија

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Што народ бевме бре луѓе … дали ова што ни се случува е казна од Горе или … ??? 

Со неколку проверени и докажани Македонци се имам разочарано. Кога ја спомнувам Русија како спас за Македонија од Америка и ЕУ, добивам одговор дека Русија не е озбилна земја и не давала многу пари. 

Па ми доаѓа да се изразам како Саше Политико и да бидам насилник како Фрчко од глупости што слушам од свои по крв и мисла Македонци. 

Од тие пусти пари се поделивме и креиравме или креираа (Западот) ѓавол како Црпко и Партија што коалицира со било кој за пари и власт. 

Колку дале Америка и Западните земји ? Званично ветиле многу, дале премалку а и тоа што дале 1000 пати го наплатиле и преплатиле и плус не опљачкале до коска, како што го сториле и со сите други. Па ценети Македонци од било каде и било која партија, дали сте свесни со кого сте се фатиле на оро т.е. со кого си имате работа ? 

Русите дали треба да дадат едно 150 милијарди евра за почеток и после да им го најдете крајот така на мангупски начин и ако ви бара Путин отчет па да му претите дека ќе се вратите со Америка ? 

Малку ли е Русија што дава сигурност, стабилност, ги увезува сите земјоделски производи, поставува гас со кој економски ќе не закрепи воедно енергетски и тоа за почеток ? Малку ли е што дури и Кинезите ги натераа да инвестираат во инфраструктурата во Македонија, па сега и преку леб погача нарачувате со милијарди евра џепарлук ? 

Старите рекле : Нема и паре и јаре под една мишка. Земјата ќе ни оди јабана, а некој бара милијарди од Русија. Што им фали на Белорусите без милијардите ? Стабилни се, си имаат живеачка достојна и никој ништо не им може. Шарени гејови немаат, бројот на абортуси драстично намален, фамилиите напредуваат и цветаат. 

Кој сака пари нека се стегне ете како Миленко, со помош од државата и субвенции одгледува кози, создава млечни продукти, одгледува Шарпланинци и ги продава … а пари земени од Сорос кои се трошат по казина и разни глупости на рачун на растурање и продавање на Македонија е епилог кој треба да му се најде крајот. 

Милијарди не дава никој освен Ротшилдови кои после ти ја земаат земјата, ти го менуваат името, ти ги одземаат децата преку организации, те разведуваат од жената и преку адвокати земаат се што сте спечалиле и милиони трикови кои вие драги Македонци не сте ги виделе. Но ќе ги видете доколку не пресече некој и да рече :

Доста е и дајте ја ваму Русија и без едно евро да фрла за џебот на политичарите, тие биле мои, твои, наши, ваши.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top