Коментари

Кој како доаѓа така и ќе си замине од историската сцена

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

По оставенета гаранција дека ќе го почитува Уставот и унитарноста на земјата лидерот на СДСМ Зоран Заев го доби мандатот за составување на нова влада. Но наместо да се грижи како може да оди напред и како да ги избегне ултимативните барања на албанските партии за редифинирање на земјата, тој ги остри забите за да јаде живи луѓе, како да ја намали администрацијата ставајќи ја на пазарот на трудот и како да ја уништи најголемата македонска партија ВМРО ДПМНЕ, како единствен чувар на името и идентитетот на македонскиот народ.

Веднаш по добивањето на мандатот Зоран Заев со помош на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) започна со операцијата за целосно поткопување на темелите на ВМРО ДПМНЕ и нарушување на угледот на досега најдобриот премиер кој Македонија го имала од осамостојување до денес. Едноставно на СДСМ и неговите поддржувачи од надвор му сметаат успесите и рејтингот кој го ужива Никола Гриевски како меѓу народот во земјата, така и меѓу дел од меѓународната заедница.

Вакви постапки се вообичани за луѓе кои немаат визија и идеја како земјата која ја втурнаа и држеа повеќе од две години во криза да ја извлечат. Тие немаат своја програма и како полтрони чакаат да го спроведат она што им го нарачуваат центрите на моќ кои заради сопствени интереси не им го мислат доброто на Македонија.

Ако се осврнеме наназад, за време од 2006 до 2016 година, ќе видеме дека под премиерската палка на Никола Груевски земјата постигна огромни резултати. Спроведените проекти се видливи факти кои јасно говорат што се е направено во последната деценија врз пустошот кој претходно го остави СДСМ.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ зад себе оставија илајдници километри нови патишта, мостови, училишта, градинки, спортски сали, домови на културата и т.н. Исто така донесоа нови инвестиции и нови работни места, а невработеноста се намали на најниско ниво од осамостојувањето на земјата. Едноставно ги вратија децата на место на родителите кои за време на СДСМ ги изгубија своите работни места.

Народот тоа го препознаваше и од 2006 до денес континуирано му ја даваше својата доверба на ВМРО ДПМНЕ. Тој му веруваше на лидерот на оваа партија и знаеше дека Никола Груевски е човек од збор, дека тоа што ќе го вети и го исполнува.

Но таквиот успех на владата на Никола Груевски и воедно на Македонија на некој не му одговараше. На одредени центри на моќ не му одговараше Груевски поради исправената кичма во однос на името и идентитетот. Но затоа им одговараше лидерот на СДСМ кој одамна јавно изјави дека е спремен да ја свитка кичмата и им ветил дека ќе дозволи промена на името и идентитетот.

Со помош на надворешните центри на моќ кои имаат спротивни интерси од македонскиот народ, во земјата е направен нелегален преврат во земјата. Спротивно на Уставот, Законите и процедурите, под огромен притисок на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој ја прифати Тиранската платформа за редифинирање на земјата му е доделен нелегитимен мандат да формира влада.

Иако со дадените гаранции дека нема да оди против Уставот, Зоран Заев ќе мора да го испочитува договорот со албанските партии. Наместо ветените реформи, кој подразбира подобрување на квалитетот на граѓаните, тој ќе го спроведува она што му е побарано и што најдобро го знае. А тоа ќе биде промена на името на државата и на идентитетот, на Законот за јазиците и некои зацртани реформи во извештајот на Европската унија, коишто можеше да ги спроведе и ВМРО ДПМНЕ доколку формираше влада.

Ќе остане запаметено дека СДСМ дојде на власт со сила, со помош на надворешни притисоци и тотално е неспремен да спроведе било какви позитивни реформи. Всушност, СДСМ на чело со Заев нема капацитет за било што друго, освен деструктивни акции. Дека не се спремни за било какви позитивни реформи покажува барањето нарачки за проекти. Но дури и да го добијат, дури и некој да им ги напише, заради незнаење тие уште долги години нема да можат да ги достигнат успесите на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Никола Груевски ќе остане запаметен како најуспешен и најдобар премиер во историјата на Македонија. А Зоран Заев ќе биде запаметен како човек кој дојде на власт со сила и ја редефинира земјата спротивно на интерсите на македонскиот народ.

Но, кој како доаѓа така и ќе си замине од историската сцена.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top