Коментари

Велешкиот манастир Св. Димитриј

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

“Свети великомаченик Димитар” или “Свети Димитриј” е средновековен манастир од 14 век во близина на Велес, кој дел е од Повардарската епархија на Македонската православна црква – ОА. Манастирот се наоѓа на около два километра јужно од градот, на десната страна на реката Вардар и реката Тополка, која се влива во Вардар. Голем удел има овој манастир во историјата на револуционерното дело Во манастирот се одржувале средби меѓу раководителите на организационото дело во тој крај и се донесуваа важни решенија.

Во близина на манастирот “Свети Димитриј” се наоѓаат урнатините на античкиот град Билазора. Се претпоставува дека манастирот можеби е изграден како градска црква. Возможно е на неговото место уште во V и VI век да имало црква, врз чија основа црквата е обновена во XIV век. Од јужната и од западната страна се издигат карпи, надвиснати како чадор над манастира. Поради рушење на карпите или од други причини, манастирот долго време бил затрупан за време на турското владеење со Македонија.

Во легендите за манастирот Св Димитрија се говори дека на велешанецот Петар Здравев му се јавувал Св. Димитрија и му велел да се откопа затрупаниот манастир. Здравев ги потикнал богатите влијателни трговци да се заложат кај Турците за откривање на стариот храм. По добро подмачкување на Турците и добиената дозвола, целото население учествувало во нејзиното откопување. Најпосле после пет века, црквата ја видела светлината на денот.

Според достапните податоци црквата е обновена во 1855 година, меѓутоа Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), ја поместува оваа граница многу порано, 150 години пред излегувањето на неговата книга. Георги Трајчев за манастирот „Свети Димитрија “ на почетокот на минатиот век ќе забележи:

„Манастирот Св. Димитар е на половина час југоисточно од градот Велес. Тој се наоѓа на десниот брег на реката Вардар и нејзината притока реката Тополка. Во близина на манастирот бил стариот град Велес, чии урнатини сеуште се забележуваат во околината. Може да се претпостави дека храмот св. Димитар е една од црквите на стариот Велес, кои се паметат доста добро од потомците на последните иселеници. Според кажувањето на велешани, кои позитивно тврдат дека денешниот град е изграден пред 150 години на сегашното место. Не е точно тврдењето на проф. Романски дека градот Велес е од памтивек на денешната местоположба.

Историјата на манастирот е темна. Познато е дека црквата била обновена пред 150 години. Таа е мала, темна и без женско одделение. Наоколу има стари и нови згради. Последните со 6 големи соби кои служат за гости. Се управува од одбор избран од градот. Приходите беа во полза на градските училишта. Манастирот поседуваше богат чифлик во село Бабуна, покрај истоимената река. Соборот станува на храмовиот празник. А на Светлиот четврток и Светлиот петок станува голем собор, посетуван и од околината. Граѓаните редовно го посетуваат манастирот секој неделен ден за време на великите пости.  

Во попретходните времиња манастирот се посетувал дури од Штипско и Тиквешко. Голем удел има тој манастир во историјата на револуционерното дело. Тука се случуваа секогаш средби меѓу раководителите на организационото дело во тој крај и се донесуваа важни решенија.“ 

Според историските извори манастирот е изграден во XIV век од властелинот на цар Стефан Душан Раденко и неговата мајка. Манастирот најверојатно е затрупан при османлиското освојување по Маричката битка во 1371 година, а откопан во 1855 година кога црквата е обновена и ја добива сегашната форма. Црквата е зографисана од познатиот Зограф Коста Крстев што е наведено во натписот на јужната страна од сводот: “Сеј обител обновисја во 1855 лето исцртува Xаџи Коста Зограф и фотограф”. На еден цртеж, сопственост на самата црква, на која е прикажан портрет на Петар Здравев, изработена од Георги Зографски во 1942 година е зачуван следниов натпис: По Божјо вдахновение Петар Здравев откопа затрпани манастир Св. Великомученик Димитрија 1855 година…”. “Врз основа на овие податоци се претпоставува дека црквата е обновена по иницијатива на велешанецот Петар Здравев, и помош на видни граѓани, е поправена и зографисана од Коста Крстев. Подоцна игуменот Алексеј издејствуваат од механџијскиот еснаф да плати на Георги Зографски портрет на Петар Здравева.

Инаку, врквата е еднокорабна градба со тристрана апсида на источната надворешна страна. На западната страна се наоѓа нартекс, над кој се издига кула со камбанарија, која ја разликува од другите средновековни цркви во регионот. Црквата е градена од делкан камен, но за да се постигне ефект на полихромија е користена тула со спојки од малтер. Самите фасади се оживеани со орнаменти – шаховско поле и меандри. Самите страни на апсидата се расчленети со ниши и аркади, а венецот во горниот дел е од тули. Влезовите и прозорците од северната страна се асиметрично поставени и завршуваат полукруг. Поради сите овие карактеристики се смета дека црквата е изградена во XIV век.

При влезот на црквата се наоѓа гробот на Петар Здравев, човекот кој ја откри тајната на закопаната црква и кој починал осум години по нејзиното откопување. Тајните кои ги крие овој манасторот не се целосно откриени.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top