Коментари

КВИСЛИНЗИТЕ ВО АКЦИЈА: ДРЖТЕ ГО КРАДЕЦОТ

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Затворање на факултети, реизбор на судии, легализација на дроги и проституција, отстранување на споменици и фасади, се дел од барањата на универзитетскиот професор и еден од главните идеолози на СДСМ, Љубомир Фрчкоски до новата влада.

Тој во својата последна колумна пишува дека еден од првите приоритети на новата власт треба да биде итно отстранување на неколку споменици и фасади од проектот Скопје-2014, бидејќи според него Александар Македонски и Филип Втори не биле македонски национални симболи и споменици на Македонците.

И ништо од тоа не изненадува, ако се знае дека Фрчкоски и’ ветил на Америка во 2009 дека ќе го смени името на држават, иако во 2005 година велеше дека Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа

Порталот Плусинфо кој важи за медиум под директна контрола на СДСМ и Црвенковски, а се финансира со пари на СОРОС на Милчин кој своевремено исто така беше во раководството на Бихачка, повикувајќи се на депеши на екс-американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, пласирани од Викиликс, своевремено пренесе информација: Фрчкоски пред претседателските избори во 2009 им’ ветил на Американците дека ќе го промени името на Македонија доколку стане претседател.

Рикер и’ напишал на централата во Вашингтон дека Фрчкоски е подобрата опција за интересите на САД бидејќи е подготвен на компромис со Грција за разлика од Иванов кој има поцврсти ставови за името и кој нема намера да потклекне пред притисоците за промена на името.

“Сфативме дека Иванов има проблем да пресече околу прашањата што се во интерес на САД. Мали се шансите победата на Иванов да ги унапреди интересите на САД во Македонија“ – напишал Рикер во депешата што ја објави Викиликс.

Рикер му пренел на Стејт Департментот дека Фрчкоски воопшто не е популарен ниту меѓу гласачите, ниту пак меѓу партиското членство на опозицијата. Оттука, тој констатирал дека мали се шасите Фрчковски да ги добие изборите и да ги оствари ветувањата за промена на името.

“Неколкумина ни кажаа дека Фрчкоски е лош избор за СДСМ и дека неговата главна задача ќе биде да служи како бесно куче против ВМРО без шанси за победа… Фрчкоски е популарен само кај елитата на СДСМ, а понекогаш дури ни таму“, се наведува во депешата до САД.

Не зачудува ваквата еволуција на Фрчкоски, кај него нема конзистентност, го наведува пазарната логика – кој ќе даде повеќе…

Само за потсетување, во 2005 година во расправа за државното име Македонија, Фрчкоски вели: “Владата треба да го извести медијаторот дека Македонија се однесувала во согласност со Резолуцијата усвоена при приемот, но таа Резолуција сега е исцрпена и затоа бара да биде примена во Обединетите Нации под уставното име.“ Според неговите толкувања на Привремената согласност, “Македонија има обврска да преговара, но не до краен договор, а нашата добра волја да го правиме тоа ни ги затвора другите опции за решавање на проблемот – што, всушност, е и грчката тактика.“ Фрчкоски смета дека “во земјата не треба да се дебатира за името на државата како што тоа се иницира со предлогот на Никола Груевски за референдум и дека такво нешто има смисла само ако некој прифати промена на името на државата, а не претходно.“ Според негови оцени, “Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчки интереси, па и не го кријат тоа.“ Ова беше 2005 година.

И не би бил интересен Фрчкоски, сам за себе, ама, беше министер за внатрешни работи, министер за надворешни работи, претседателски кандидат на СДСМ, советник на тројцата досегашни претседатели на Републиката, креатор на Уставот на државата Македонија. Неговата демистификација ја разобличува визијата за Македонија на опонентите кои сакаат да формираат власт во државата, за туѓи и други интереси. А, неговите изјави не може да се третираат поинаку освен како иронија, цинизам, презир кон нацијата и државата!

Фрчкоски, работи за многу интереси, тоа е веќе видено, ама очигледно сите негови акции завршуваат за Атина наспроти Македонија. Како онаа народната: Држте го крадецот!

Како и да ја вртиш, за Фрчкоски важат зборовите на Зола: “… Омразата е света … ако денеска за нешто вредам е бидејќи стојам САМ и умеам да мразам …“ Денес е со француски клуч в раце и подготвен за демонтажа…

Фрчкоски не е никаква алтернатива за власт во Македонија! Ни тој, ни тие со него со кои ја шараат Македонија … Времето кажува се’, времето лечи се’…

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top