Коментари

Македонците и Евреите низ вековите

kleopatra-33

kleopatra-33
Клеопатра

Македонците во Еврејската енциклопедија од 1906 година

Македонците и Евреите низ вековите остварувале бројни контакти, иако местото на живеење на овие два народи било доста одалечено. Меѓутоа, колку и да изгледа чудно, за врските на овие две култури, нивните средби запишани се во Светото писмо.  И не само во Библијата, за Македонците се зборува и во Еврејската Енциклопедија објавена на почетокот на XX век.  Во дванаесеттомното издадние на оваа Енциклопедија публикувано во периодот од 1901 до 1906 година, од авторите Ричард Готхеил (Richard Gottheil) и Самоил Краус (Samuel Krauss) постои посебно поглавје за Македонија.

На самиот почеток авторите ја издвојуваат Македонија како посебна целина во југоисточниот дел на Европа, која во тоа време се наоѓа во состав на Турската империја. За Евреите тоа е татковината на Александар Велики, поради која рабините ќе го наречат „Александар Македонски“. Изворот на овие вистини ќе го изнесе и потеклото на Македонците, како директни потомци Китим, син на Јаван. а токму рабините  ја идентификувале Македонија со еврејскиот збор “јаван”. Во Библијата земјата Китимска се нарекува сестра Ерусалимска, што би значело според библиското родословие дека Македонија и Изтаел се сестра и брат. Меѓудругото, во Еврејската Енциклопедија од 1906 година, во текстот кој се однесува на Македонија стои:

„Македонија –  Земја во југоисточна Европа, денес дел од Турската империја. Таа е татковина на Александар Велики, кој заради тоа во записите на рабините го викаат “Александар Македонски”. Во книгата на Даниел XI. 30 Македонците се споменати под името “Китим” (R.V.) и Еузебиус и евреинот Јозефус или Горионидес (Knobel, “Völkertafel, ” p. 103) ја користат истата ознака.

Во апокалиптичната литература, ова кралство е познато како “четвртиот ѕвер” (Даниел. 7.7). Првата книга од Макабиите, која оригинално била напишана на хебрејски, исто така го користи зборот “Китим” за Македонците, и ги споменува Филип и Александар (1.1), како и Филип III и неговиот незаконит син Персеј (8.5), како кралеви на Македонците. Бидејќи грчките Сиријци се именувале себеси како “наследници на Александар”, овие Сиријци исто така биле нарекувани Македонци (II Macc. 8. 20).

Рабините, чие познавање со грчкиот живот се случил за време на Македонската ера, ја идентификувале Македонија со еврејскиот збор “Јаван” и за нив како и за Даниел, Македонија го претставувала есхатолошкото кралство. За нив изразот Јаван бил заменлив за Македонија. Тие го споменувале, секако во фигуративна смисла,  зборот “сонцето” од Македонија, за златото од таа земја.

Многу македонски идиоми, се тврди дека се најдени  во еврејско-хеленскиот јазик, особено поради тоа што се појавуваат во Септуагинта (Swete, “Вовед во O.T. на грчки”, стр. 291, Кембриџ, 1900). Градови кои имале македонски имиња биле основани на палестинска земја, како што се Верија (Бер), Дион, Пела. Одредени оружја на Македонците се спомнати од Јозефус (“BJ” в. 11 § 3).

Многу Евреи најверојатно живееле во Македонија, бидејќи христијанските доктрини таму наишле на подготвеност и рано прифаќање. Павле ги посетил македонските области при своето второ мисионерско патување; неговите соработници Сила и Тимотеј работеле таму. Павле ги посетил повторно на своето трето патување, задржувајќи се во градовите Филипи, Солун и Bерија (Бер). Еврејски натписи се пронајдени во Солун (“R. E. J.” X. 78), а присуството на Евреите во Македонија е докажано со писмото Агрипа до Калигула (Филон, ” Legatio ad Caium,” § 36 [ед. Mangey, II. 587 ])

Најстарите библиски и еврејски ракописи ги потврдува историските вистини за Македонија и Македонците, како и вековните врски со еврејскиот народ.

Во Еврејската енциклопедија од 1906 година,  постои посебно поглавје за Грција, Во ова поглавје нема место ниту за Македонија ниту Александар Македонски. Едноставно Евреите многу добро знаат за разликите меѓу двата народа и границите во кои живеат.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top