Коментари

На македонскиот народ му престои пеколно лето

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

ВМРО ДПМНЕ набрзо ќе се врати на политичката сцена многу помоќна и посилна

Велат дека било невкусно да се критикува новата влада пред да поминат три месеци од нејзиното устоличување. Меѓутоа, како да се преќути и премине преку тоа што уште од самиот старт наместо да продолжи со добрите политики на претходната, СДСМ продолжува со антиреформски зафати: негирање на сите позитивни политики на претходната власт; контрола на медиуми и судство; наместо департизација на администрацијата, внесување на свои партиски кадри; влевање страв на непослушните, покажување на рушилачки нагони и т.н.

Ваквиот начин на практикување на власта, укажува дека на македонскиот народ му престои пеколно лето, од чии темни облаци нема да се види ни “Д“ од демократија.

Во овој момент нема ниту забор за исполнување на ветувањата кон албанските гласачи, со чија помош, СДСМ беше донесена на власт. Но, иако оваа партија е позната по лажните ветувања, тоа не значи дека нема да го исполни ветувањето кон албанските гласачи. Секако по наредба на странските налогодавачи СДСМ тоа ќе го спроведе, но откако ќе го припреми теренот за промена на името на државата.

Бидејќи единствена пречка за промена на името се ВМРО ДПМНЕ и македонскиот народ, новата влада предводена од Социјалдемократите веднаш се нафрли на судството и медиумите. Само со контрола врз судот и медиумите, како и воведување на стравовладеење, владата на Зоран Заев непречено ќе може да ја исполни целта за која беше донесена од центрите на моќ.

Притисоците и заканите, насекаде се чуствуваат. Како што најавуваше пред да дојде на власт Зоран Заев започна да „јаде живи луѓе“ и да менува од чистачка до директор. Наместо департизација и деполитизација, во државната администрација се случува спротивното. Во контекст на дисциплинирање на јавната администрација, наместо ветените 500 евра плата, сега се говори за превработеност и за потребата од нејзино редуцирање.

СДСМ презема мерка за суптилна контрола на студентите, кои како прогресивен елемент утре може да им застане на патот. Многу бенефиции на студентите набргу ќе бидат доведени во прашање. Така оваа година ќе нема бруцоши на дисперзираните студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Покрај тоа и одредени дисперзирани студии на другите Универзитети се редуцирани. Потоа на удар ќе дојдат и пензионерите. Не е чудо, ако не дојде предлог од СДСМ повторно, како во минатото, да им бидат пензиите намалени. И така натака.

СДСМ знае да раководи само со неук, сиромашен и уплашен народ. Само со таков народ кој може да меси како тесто Заев ќе може да ги спроведе дадените задачи кои се спротивни на интересите на македонскиот народ и држава.

Сепак, најголемата пречка која и стои на патот за промена на името, тоа е најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски. Затоа денес, наместо да се занимава до државата, како да се донесат нови инвестиции и вработувања, како навистина да оди напред, СДСМ се занимава како да го растури ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните денес се сведоци на укинување, уривање и блокади на се што како проект го има направено или започнато ВМРО ДПМНЕ. Веќе се прекинати започнати проекти и многу вработени си одат дома. Наместо реформи за подобра иднина на населението, се спроведуваат антиреформи. Се уриваат патиштата и мостовите кои требаа да го однесат македонскиот народ во подобра иднина.

Меѓународната заедница која го донесе Зоран Заев на власт сето ова го гледа и молчи, што значи го одобрува. Ниту збор нема за притисоците кои СДСМ ги врши во судството, медиумите, администрацијата, студентите. Молк, тишина и двојни стандарди од Брисел и Вашингтон. Сето тоа, само уште еднаш ја потврдува нивната вмешаност и целта која нивниот пулен Зоран Заев треба да ја исполни.

ЕУ, НАТО и Атина децидно ни кажаа дека нема членство без промена името. Денес ни се пласира името Вардарска Македонија. На тоа се надополнуваат и партнерите на СДСМ, ветераните на УЧК, кои бараат од меѓународниот фактор Европската Унија и САД, да се ангажираат во решавање на прашањето за името на Македонија и да се има во предвид ниваната варијанта „Илиро Македонија на Вардар“.

Но, сите знаат дек тоа нема да им помине кај ВМРО ДПМНЕ. Тие знаат дека партијата не седи со скрстени раце и дека сега е во фаза на внатрешно реструктуирање. ВМРО ДПМНЕ денес ги прави последните подготовки за новиот начин на дејствување. Во тек е внатрешна обнова и подготовка за повторно враќање на власт на најмоќната, најголемата и најуспешната политичка сила во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

ВМРО ДПМНЕ тоа го може и набрзо ќе се врати на политичката сцена многу помоќна и посилна. Затоа денес треба да се внимава и никој да не си поигрува со македонскиот народ и неговата држава.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top