Коментари

Заев со својот политички аматеризам наместо да ја релаксира состојбата го потпалува балканското буре барут

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Меѓународната заедница се надева дека со донесувањето на Зоран Заев на власт во Македонија ќе успее да ги надмине клучните препреки за влез на земјата во евроатланските интеграции и остранувањето на се поголемото влијание на Русија на Балканот. Меѓутоа, неискусниот политичар така ги замеша картите што ги зголеми аспирациите на националистите во Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово кон делови од Македонија. Ако се има во предвид дека подолго време поранешни американски и британски агенти говорат за промена на границите на Балканот, вклучувајќи ги и границите на земјата,

Заев со својот политички аматеризам наместо да ја релаксира состојбата го потпалува балканското буре барут.

Во 1913 година во Букурешт, веднаш по Втората балканска војна, територијата на Македонија беше поделена меѓу четири земји, Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Македонскиот народ успеа само на делот под српско владеење да се ослободи и да формира своја држава. Денес, истите овие земји, повеќе или помалку, покажуваат скриени аспирации кон територијата на земјата. За таа цел едните не го признаваат името, другите народот, трети црквата, а четвртите дека тоа е нивна земја која славофоните ја окупирале.

Најголемата пречка за опстанокот на македонската држава е Грција, која го оспорува името на земјата и идентитетот на македонскиот народ. По распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија, името на нашата земја за Грците стана „прашање над сите други прашања“. Од тогаш до денес јужниот сосед постојано ја блокира земјата во евроатланските интеграции.

Грција смета дека името на македонската држава сугерира територијални претензии према Егејскиот дел на Македонија. Но никој не се запрашува дали нејзиното непризнавање на името и блокадите за влез на Македонија во НАТО и ЕУ незначат токму спротивното, односно дека Грција има тероторијални амбиции кон Република Македонија. 

Исто е за позициите на останатите држави. Бугарија ја признава македонската државата, но не го признава народот и јазикот за кој смета дека е бугарски и зборува на бугарски дијалект. Србија официјално ја признава државата, името и народот, но Српската Православна Црква ја оспорува МПЦ – ОА. А Албаниците кои се дојдени на овие простори, се сметаат за домицилен народ и сметаат дека тоа е нивна територија окупирана од македонскиот народ.

Ако пет држави му го оспоруваат на мирољубивиот македонски народ правото на името, идентитетот и земјата, тогаш на меѓународниот фактор најлесно му е да врши притисок врз македонскиот народ, наместо да ги скроти соседите кои со Букурешкиот договор добиле повеќе отколку што заслужуваат.      

Меѓутоа, уплашени од се поголемото присуство на Русија, Вашингтон и Брисел кои немаат решение за Балканот, брзаат да го решат проблемот со името, за да го затворат македонското прашање на штета на македонскиот народ. За таа цел на чело на државата го доведоа лидерот на СДСМ  Зоран Заев  кој како премиер на мирен начин треба да им испорача промена на име.

Но, изјавите на Заев дека неможе Македонците да се само во право, а сите соседи се криви, потоа ветувања на Албанците за воведување на двојазичност што води до федерализација на земјата, како и за ревизија на историјата направија вистински смут во балканските држави.

Додека во Албанија социјалистичкиот премиер Еди Рама ги поттикна албанските политичари во Македонија да постават се повеќе барања за малцински права, во Бугарија историчарите триумфираат, дотогаш поддржувачите на Златна Зора од Солун, со грчки, српски и пронацистички знамиња порачуваат дека Грција има ексклузивно право врз името Македонија. Србија која е зафатена со проблемите на Србите во Република Босна и на Косово, во Македонија пак гледа како на монета за поткусурување.

Ако се има во предвид дека подолго време поранешни американски и британски агенти говорат за промена на границите на Балканот, вклучувајќи ги и границите на земјата, Заев со својот политички аматеризам наместо да ја релаксира состојбата всушност го потпалува балканското буре барут.

И покрај ваквото опкружување, никој не му може ништо на Македонецот, ако самиот не си направи зло, односно ако самиот не се откаже од своето име, идентитет и од својата територија. Имено на сите им е јасно дека секој обид за агресија на Македонија би наишол на спротивставување на било кој друг сосед аспирант за територијата на земјата и би било причина да се запали не само Балканот, туку и пошироко.

Обидот да се пишува нова историја на македонскиот народ не е првпат. Низ вековите постојано се пишувале истории во кои победниците ја прескокнуваат вистината за Македонците.Но, колку и да се крие вистината никогаш не може да се избрише геноцидот извршен врз македонскиот народ, како што неможе да се избрише геноцидот извршен од фашистите врз еврејскиот народ за време на Втората светска војна.

Како и да е овој период во историјата ќе биде забележан како уште еден обид на надворешните сили и петтоколонашите да извршат геноцид врз македонскиот народ. Меѓутоа, како и многупати досега тоа ќе биде уште еден науспешен обид, бидејќи македонскиот народ е запишан во Библијата, а таков народ е неуништив.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top