Коментари

Бракот во Македонија е заедница меѓу еден маж и една жена

todor

ДУИ, АЛИ, БРАНКО, КАЛЕТО И ИСИС…

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Во пресрет на Денот на независноста на САД, 4 јули, ДУИ иницира легализација на истополови бракови во Македонија, една од приоритетните реформи на владината коалиција.

Жалосно е што за промотор на оваа иницијатива ДУИ го одбра пратеникот Бранко Манојловски, таканаречен “македонизиран Албанец”, кој како најстар пратеник во Собранието, наместо Ферид Мухиќ, требаше да биде “каписла” на државниот удар на 27 април 2017 година за Талат Џафери.

Прашањето е, зошто муслиманите од ДУИ оваа иницијатива не ја почнуваат преку ИВЗ и џамиите, туку местат православен во Собранието?

Се разбира, не постојат табу теми ви Македонија: хомосексуалноста е декриминализирана, не постои дискриминација на сексуалната ориентација, тоа е приватност, општеството отфрла пародии на јавни паради, постојат други инструменти за наследството на имот што го создале двајца хомосексуалци при живот…

Ама, очигледна е тоталната индоктринација од Џес Бејли во ДУИ!

Албанија заради членството во НАТО ги легализира истополовите бракови, но тоа не значи дека ќе го стори и Македонија, ниту дека Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО за демонтажа на општеството и семејството.

Бракот во Македонија е заедница меѓу еден маж и една жена, во Македонија останува забраната истополови брачни заедници да посвојуваат деца, така било, така и ќе остане!

Која парабола, од продажба на името на Грција преку продажба на историјата на Софија до истополови бракови во Македонија…

Што мислите, кого би ловела американизираната ИСИС во ДУИ, наместо во Сирија…

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top