Коментари

Која е цената која македонскиот народ треба да ја плати!

Свекрва

Bo желба што побргу да испорача резултати кон странските центри на моќ кои ги донесоа на власт, владата на Зоран Заев како да нема црвени линии во однос на надворешната, па и внатрешната политика. Ветува многу но за возврат не добива ништо. Напротив се повеќе се заоструваат барањата на соседите, како и домицилните Албанци кои бараат исполнување на предизборните ветувања за воведување на двојазичност на целата територија. Тоа ја носи Македонија на непознат простор кој може да ја доведе земјата до поделба.

НАТО и ЕУ му порачаа на новата влада на Зоран Заев да не се надева на евроатлански интеграции без решение за името.

Грција и Бугарија не остапуваат од досегашните ставови со кои се негира идентитетот и јазикот.

Албанците во Македонија му порачуваат на Заев или Закон за јазиците во првите 100 дена од формирањето Влада или напуштање на Владата.

И покрај ваквите ставови, Владата на Заев се надева дека Македонија набрзо ќе стане членка на НАТО. Прашањето е, ако тоа се исполни, која е цената која македонскиот народ треба да ја плати!

Владата на Зоран Заев, започна активности кои би овозможиле забрзано влегување на Македонија во ЕУ и НАТО. Меѓутоа, ветувањата дадени пред и по доаѓањето на власт неможат да се остварат, а да не нанесат штета на македонскиот народ.

Тоа што го прави владата на Заев, охрабрена од амбасадорот на САД во РМ, ЕУ и НАТО, се чекори по кој нема враќање назад.

Секако дека е потребно да се развиваат добрососедските односи и мерките на доверба, но тие не смеат да бидат на штета на македонскиот народ и држава.

Прифаќање на името „Вардарска“, „Горна“или било кое друго име ќе го доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ.

Од друга страна, воведувањето на двојазичноста на целата територија води кон федерализација и поделба на земјата. Сите правци кон ги води надворешната и внатрешната политика на Владата на Заев ја доведуваат во прашање иднината на државата каква што ја познаваме.

Ваквото однесување на Владата на Зоран Заев не само што нема поддршка меѓу македонскиот народ во земјата туку и меѓу Македонците во Пиринска и Егејска Македонија, потоа меѓу Македонците во Албанија, како и меѓу македонската дијаспора.Сепак, најголема пречка во спроведувањето на планот на СДСМ за разнебитувањето на земјата е ВМРО ДПМНЕ.

Свесни за тоа, Владата на Зоран Заев преку Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) кое е инсталирана испостава од центрите на моќ, се обидува да ги оцрни сите водечки личности на ВМРО ДПМНЕ и да внесе раздор во партијата преку разни незадоволници и кариеристи.

Употребата на СЈО, на т.н. тешка артилерија против ВМРО ДПМНЕ застрашува, зошто укажува дека се случува нешто поголемо, кое тешко може да го проголта македонскиот народ.

Всушност, свртувањето на вниманието на јавноста со разните обвинувања на високите челници на партијата ВМРО ДПМНЕ укажува дека во позадината се случуваат многу пострашни работи, кои водат не само кон промена на името и идентитетот на македонскиот народ, туку кон поделба на земјата.

Затоа најдобро е Заев и неговата влада во интерес на Македонија, со време да се откажат од оваа игра која води кон поделба и разнебитување на државата.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top