Коментари

Сега е време кое не повикува силно да се истакне македонството

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Во минатото изразот „грчки” немал етнички белег, бидејќи не само на Балканот туку и во другите земји во Европа под името „Грк”, се подразбирало трговци. Оттука за да можат да просперираат во трговијата, без разлика на своето етничко потекло, многумина не само што го учеле грчкиот јазик, туку и се преставувале како Грци. Европјаните во тоа време, освен Турци и Грци. всушност не ни знаеле дека постои друг народ во Македонија, и до колку знаеле, него го сметале за народ од „понизок” ранг.

Македонецот барон Константин Бели од Виена (1770 – 1830), обрнувајќи се кон своите „еднородци Македанци” укажува на опасноста од вакво „кокетирање“ со Европа и повикува, наспроти грцизмот, да се истакне македонството на славјанското население од Македонија, како етничко разликување од Грците (Сп. „Лоза”, Софиа, 1891)

Меѓутоа, овој апел, како и многу други потоа од македонските интелектуалци не најде подлога кај поткупливите трговци на македонските души, кои образувани во Атина, Белград и Софија, дозволија Македонија да биде поделена во 1913 година. Европските сили штитејќи ги своите интереси и тогаш молчеа, сметајќи дека си има работа со народ од понизок ранг за кого нема место под сонцето.

Иако оттогаш измина многу време и македонскиот народ создаде своја држава каде слободно може да ја проследи својата историја, да воспитува на својот мајчин јазик, да ја негува својата традиција и култура, а притоа да биде препознаен и признат од над 130 држави во светот, сеуште во земјата има луѓе кои сакаат заради својот личен интерес да „кокетираат“ и да тргуваат со ова мало парче слободна македонска земја.

Овие нови трговци со македонските интереси сега на лицитација го ставаат името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ. Тоа ги привлече старите мршојадци, кои гледаат како македонските трговци со неколку пасоши во џеб ги уништуваат државните институции и ја разнебитуваат македонската држава. Повторно без присуство на Македонија, Белград, Софија и Атина, се собираат и тајно дискутираат за македонското прашање.

Многумина ќе се прашаат зошто најголемиот македонски трговец, кој претходно им вети многу на Атина, Софија, Тирана и Белград, не присуствуваше на овој самит на кој учествуваа лидерите на трите земји. Очигледно е дека немало потреба од една таква марионета, кој во распродажбата на зоните на влијаниа им ги помати сметките со Тиранската платформа преку која се бара многу повеќе отколку што тие се спремни да дозволат.

Отсуството на Македонија на самитот во Солун може да значи само вовед на лошо сценарио, бидејќи сите овие земји кои учествуваа во поделбата на Македонија во 1913 година, денес не го признаваат името, јазикот, историјата, територијата и црквата на македонскиот народ.

Многумина се свесни дека соседите нема така лесно да се откажат од своите територијални и другите аспирации кон Македонија, дури ни под притисок на САД.

Грците, познати трговци, дури и да бидат притиснати со двапати или трипати поголем данок од страна на ММФ, нема да дозволат да се тргува со нивните национални интереси.

Бугарите, исто така, никогаш нема да се откажат од Санстефанска Бугарија.

Србите секогаш ќе се стремат на заедничка граница со Грција, додека пак Албанците тежнеат за целосна контрола на Моравско вардарската долина.

Сега, кога со новата политика на социјалдемократите се доведува во прашање иднината на земјата, повторно се повампируваат сеништата од минатото. Историјата покажува дека соседите од секогаш имале скриени намери кон Македонија, кои ги реализирале преку петтата колона. И денес, петтоколонаши инсталирани во политички партии, невладин сектор, говорат за затворени седници на кои ќе се дискутира за договорот со Бугарија, за референдум за името.

Одржување на затворена седница укажува дека новата влада крие од народот договор кој е штетен по националните интереси. Едноставно ниту може да се говори за заедничко славење на Илинден, ниту за уставен јазик со кој би бил потпишан договорот, како што не може да се говори ниту за одржување на референдум за промена на името.

Еднаш стекнатото име не може да се менува на некаков референдум, зошто на него не можат да гласаат стотици илјади кои се бореле под македонското знаме и загинале за Македонија.

Зачудува молкот на голем број интелектуалци од институциите кои се задолжени да го чуваат интегритетот на земјата. Тие сето ова го гледаат од безбедна дистанца плашејќи се да не го изгубат својот комодитет.

Но, сега не е време за „кокетирање“ со власта и молчење.Сега е време кое не повикува силно да се истакне македонството.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top