Коментари

Македонија и овој пат мора да излезе од кризата, но многу посилна и пообединета

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Македонскиот народ во последните стотина години многу преживеа за да стигне до своето вистинско ослободување. Османлиското ропство, Илинденското востание, братоубиствените борби потикнувани од надвор, поделбата на Македонија и новото ропство од страна на „ослободителите“, објект на завојувачките стремежи во текот на Првата и Втората светска војна, народно ослободителната војна и создавањето на македонската држава во рамките на југословенската федерација, осамостојувањето на Македонија во 1991 година и воспоставувањето на вистинска политичка, стопанска и културна слобода – тоа се настани што го формираат чуството и свест за македонската држава која може да биде единствено слободна само во рамките на една балканска спогодба.

Демократизацијата на општествата на Балканот, за жал и по стотина години, не овозможи тие пречки да се надминат преку една Балканска спогодба. Грција, Бугарија и Србија, државите кои учествуваа во поделбата на Македонија во 1913 година, и денес продолжуваат да го оспоруваат македонското име, идентитет, јазик и црквата.

Најголемата пречка е Грција која упорно продолжува да го негира правото на името на македонскиот народ и неговата историја, а потоа тука се Бугарија и Србија, на кои се повеќе им се приклучува и Албанија.

Наместо да ги надминат недоразбирањата и да се разреши пред се македонското прашање, кое е во интерес на просперитетот на сите држави на Балканот, соседните држави со своите постапки продолжуваат да ги истакнуваат своите никогаш незгаснати аспирации кон ова единствено слободно парче македонска земја. Се користат истите методи како пред стотина години кога се спречуваше секој обид за мирно разрешување и се користат разни внатрешни агенти за разгорување (како во минатото) на братоубиствената војна меѓу Македонците.

Денес сме сведоци како неодамна на власт во Македонија беше донесен СДСМ и какви се ветувања беа дадени од нивниот лидер Зоран Заев на Атина, Белград, Софија, и Тирана.

Тој како да ја заборави историјата, како да ги заборави македонските дејци кои многу одамна ги увидоа вистинските намери на балканските влади и високо ја подигнаа паролата за сомостојна Македонија. Заборавен е и Гоце Делчев кој зборуваше за „автономија на Македонија сама за себе“, а не етапа за присоединување кон Бугарија, Србија или Грција.

Единствено која им стои на патот за разнебитување на Македонија е ВМРО ДПМНЕ, во која се втемелени вистинските вредности на македонските дејци и нивниот аманет за зачувување на скапо извојуваната слободна и независна македонска држава. Поради тоа, денес челниците на ВМРО ДПМНЕ се изложени на вистински прогон преку антиуствавното СЈО, продолжена рака на политиката која ја спроведува СДСМ.

Набрзо, со возобновување на поранешното Министерство за информации, се очекува да има повторно медумски мрак, кој треба да ја згасне секоја слободоумна мисла и да ја скрие вистината за она што се случува во земјата.

Како експоненти на странската пропаганда, СДСМ започна со стратегијата за воспевање на владата на Зоран Заев и демонизирање на политиката на ВМРО ДПМНЕ. Истовремено се врши прогон на раководните структури и членовите на ВМРО ДПМНЕ (судски, медиумски со нарушување на интегритетот на личностите, префрлање на пониско работно место или бркање од работа и сл.), како и партизација на институциите со вработување на членови на СДСМ.

Ваквиот осветнички однос на раководството на СДСМ, кое се поистоветува со онаа прочуена изјава на Заев дека кога ќе дојде на власт ќе јаде живи луѓе и ќе менува од чистачка до директор, предизвикува огромно незадовоство и поларизација меѓу македонските граѓани. Раководството на СДСМ како да заборава дека ваквиот однос може да излезе од контрола и дека тркалото се врти, така да како што дошле на власт така можат и да заминат.

Што би било тогаш доколку раководството на ВМРО ДПМНЕ започне да се свети на членството на СДСМ!?

На Македонија, особено во услови кога е изложена на надворешна агресија во кој е доведен опстанокот на земјата не и е потребен меѓумакедонски конфликт. Доколку актуелната власт сака просперитет.на земјата и опстанок на македонската држава, тогаш треба веднаш да го прекине прогонот кон ВМРО ДПМНЕ и заеднички да започнат да работат на стретегија и проекти која земјата ќе ја извлечат од сивата зона во која е втурната од соседите и нивните поддржувачи од светските центри на моќ.

Поуките од историјата укажуваат дека единствено заедно левицата и десницата, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, поставувајќи ги црвените линии, можат да ја извлечат земјата од криза и да се спротивстават на сите активности на соседите за разнебитување на земјата. Ако се заедно као ударна тупаница, никој, ама баш никој нема да може да му наштети на македонскиот народ и неговата држава.

Меѓутоа, исто така историјата укажува дека секој меѓумакедонски конфликт ги ослабува силите и македонската држава ќе стане лесен плен за аспирантите на нејзиното име, историја, јазик и култура. Таков луксуз не смееме и не можеме да си го дозволиме затоа што Македонците резервна држава немаат.

Де­нес, ко­га има­ме сво­ја ма­ке­дон­ска др­жа­ва, да не ги пра­ви­ме исти­те гре­шки од ми­на­то­то, да не се де­ли­ме, да се бо­ри­ме за ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но единс­тво, да ја про­дол­жи­ме иде­о­ло­ги­ја­та на нашите претци, иде­о­ло­ги­ја­та за ко­ја ил­јад­ни­ци Ма­ке­дон­ци го да­ле сво­јот жи­вот.Ма­ке­дон­ско­то на­ци­о­нал­но единс­тво е по­треб­но ка­ко леб на­су­шен во овие, би ре­кол, тур­бу­лент­ни вре­ми­ња.

Да се ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја е од­го­вор­ност, од­го­вор­ност на ил­јад­ни­ци кои се бо­ре­ле, а го­лем дел го да­ле жи­во­тот за Ма­ке­до­ни­ја, тоа е од­го­вор­ност и кон ид­ни­те на­ши по­ко­ле­ни­ја. Пар­ти­и­те се фор­ми­ра­ат да ра­бо­та­ат во ин­те­рес за Ма­ке­до­ни­ја. Кој се на­фа­тил да во­ди по­ли­ти­ка, се­ко­гаш тре­ба на пр­во ме­сто да го гле­да ин­те­ре­сот на гра­ѓа­ни­те и на Ма­ке­до­ни­ја.

Ма­ке­до­ни­ја и овој пат мора да из­ле­зе од кри­за­та, но мно­гу по­сил­на и по­о­бе­ди­не­та.

Ма­ке­до­ни­ја на сите тре­ба да ни би­де над сѐ!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top