Коментари

Прилеп и европска метропола


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во последната декада од минатиот век и на самиот почеток од новиот милениум во Градот Херој Прилеп беа од ден на ден затварани фабрики и следствено на тоа се појавија во Агенцијата за вработување на Република Македонија, Регионално одделение Прилеп илјадници невработени кои беа оставени на улица, уништен во буквална смисла на зборот економскиот развој на Градот и болната и тажна транзиција на претпријатијата со општествен капитал.

Во месец март во сега далечната 2005 година се случи промена на власт? во Градот под Марковите кули каде градоначалничкото столче го напушти до тогаш кабинетскиот градоначалник од редовите на социјал демократкте, психијатарот Сашко Пирганоски и диригентската градоначалничка палка ја превзеде ревносниот и пред се исполнителен Градоначалник Марјан Ристески. Со самото стапување на функцијата татко на градот Ристески својот роден град Прилеп од мртов без инвестиции го претвори за час во ифраструктурна ренесанса. Потврда за тоа, е одработувањето на 3-от по ред едно по друго градоначалнички мандат на Марјан Ристески од една и големи инфраструктурни проекти во градот под Марковите кули од друга страна.

Во градот почнаа да се отвораат нови погони со домашен и странски капитал од различни гранки од индустриското производство. Невработеноста од година во година се намалуваше. Па така, во Прилеп во 2005 годнна биле регистрирани 25.033, невработени, а при крајот на првата половина од тековнава година 13.835 невработени. Според овие релевантни податоци невравотеноста во периодот од 2005 до првата половина на 2017 година е намалена за 11.198 лица.

Главен индикатор за оваа позитивна состојба во поглед на намалувањето на невработеноста се добрите услови за инвестиции и следствено на тоа големи поволности за бизнис клима која ги запоставуваше претходната владина гарнитура која имаше сенс, коректен однос со домашни и странски компании исто така, Исто така, бројните поволности кон се нудат преку АВРМ од една и поволностите кои ги нуди локалната самоуправа на чело со таткото на Градот под Марковите кули, Г~динот Марјан Ристески од друга страна.

Пред извесно време Прилеп доби ТИРЗ во близина на селото Алинци. Изградбата на истата беше инвестиција на дирекцијата за ТИРЗ и Владата на Релублика Македонија.

Во ТИРЗ се изградија асфалтни улици, се постави водоводна и канализациона мрежа, се донесе електрична енергија, оптички кабли за интернет и се она што е потребно за нормално функционирање на зоната.

Но минатата година се изгради и почна со работа Германската фабрика Гентерм. Инвестиција од 20 милиони евра и каде моментално работат преку 1000 вработени. Со отворање на уште две хали кои ги планира самата фабрика тенденцијата е тука да бидат вработени преку 2000 прилепчани. Фирмата произведува делови за реномирани светски брендови од автомобклската индустрија.

Втората компанкја е Германскиот Акомпласт со вкупна инвестиција од 3 милиона евра. Во оваа фабрика моментално се вработени 250 лица и истата планира да гради уште две нови хали.

Пред извесно време камен – темелник лостави и третата Германска фирма ВИК. Инвестицијата на фирмата е предвидено да тежи преку 12 милони евра.

Во истата е предвидено да се вработат нови 1000 лица, а истата ќе се занимава со производство на апарати за кафе кои истите ќе се пласираат на европскиот пазар.

Отворањето на оваа компанија ќе значи. многу за Прилеп. Имено, со доаѓањето на ваков голем бренд кој изработува производи со висока технологија многу ќе значи за развојот на локалната економија, намалување на невработеноста како и добар показател за привлекување на нови идни странски инвестиции како во Прилеп така и во другите градови од нашата земја.

Оваа компанија ќе соработува со локалните компании и со тоа ќе се отворат нови индиректни вработувања.

За згодемување на атрактивноста на оваа зона многу ќе придонесе и актуелната изградба на експресниот пат Прилеп – Градско и проектот за изградба на гасоводот Неготино – Прилеп. Овие 2 големи капитални објекти ќе треба да финишираат во 2019 година. Со тоа, ќе се зголеми атрактивноста на оваа ТИРЗ зона не само за Прилеп од една така и за целиот Пелагонски регион од друга страна. Со влегувањето на З-те Германски компании во ТИРЗ Прилеп како и најавата за нови инвестнции за околу 18 месеци се очекува да придонесат ТИРЗ Прилеп да прерасне во еден индустриски центар со повеќе илјади вработени и кој истиот ќе значи многу за економскиот развој на целиот регион.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top