Коментари

Пламенот на Илинденското востание силно удри врз престижот на султанот!

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

На 2 август 1903 година, на ден Илинден, македонскиот народ тргна на повикот на Врховниот штаб, се дигна како еден човек и со нечуен патриотски жар се фрли во ослободителната борба. Непријателот не очекуваше удар, тој беше изненаден.

Извршувајќи ги сите подготовки за успешно заземање на градот Крушево, пред да започне нападот Штабот на Никола Карев издал специјален проглас со кој го објавува востанието. Потоа според планот, ноќта на 2 август започнал нападот на градот. Востаниците се сретнале со жесток отпор при нападот на касарната, во која се наоѓале 60 војници. На 3 август градот бил ослободен од турската власт, а во него се настанил Штабот на Крушевското востание.    

Еве една епизода од борбата во историското Крушово: „Уште на 22 (ст.ст.) во градот слезе горското началство, на чело со учителот Никола Карев, една благородна фигура, една од најсветлите личности во Крушовското востание. Шеесет души првенци, свикани на собрание, избраа една 6-члена комисија, по двајца од секоја народност. Нејзе и се довери управувањето на раководениот град. „Привремената влада” под претседателството на Вангел Дину ја раздели управата на шест ресори… Управниците заседаваа редовно во големото патријаршиско училиште. Во  егзархиското класно училиште се отвори болница под раководството на д-р Батал. Сарачките и опинчарските работилници фабрикуваа со голема брзина опинци, реденици и каиши. Во леарниците се претопуваа разновидни оловни и калајни предмети, подарувани од населението, а во арсеналот, сместен во една приватна куќа, се глачаа излеаните куршуми, се поправаа пушки, револвери и друго. Двете парни мелници деноноќно го мелеа житото влечено преку планинските патишта, што беше неопходно за прехраната на населението и востаниците; на бедните фамилии брашно им се раздаваше бесплатно…” 

Во извадокот од рефератот на Владимир Поптомов по повод 45 години од Илинденското востание во театарот „Република“ во Софија („Работническо дело“, 3.08.1948 год.), тој меѓудругото ги дава и следните податоци:

„И покрај нечуената смелост, хероизам, самопожртвуваност и упорност, славната борба на илинденските востаници беше скршена. Нивните слаби сили, и покрај натчовечките напори, се исцрпија во текот на нерамната борба. Тие всушност се покажаа како еден грст храбри луѓе, против стотиците илјади добро вооружени толпи на султанската армија.

За размерот на револуционерната борба и воените акции во текот на востанието зборуваат следните бројки:

Во целиот Битолски вилает се случиле 150 судирања во кои загинале 746 востаници. Најмногу судирања имаше во текот на јули (од 20 – 31 ст.ст.) – 72, во текот на август – 56, во септември –  18 и во октомври – 4.

Во Одринскиот вилает од 6 август до 28 октомври (ст.ст.) дошло до 36 судирања во кои паднале 46 востаници.

Во Солунскиот вилает од 16 јуни — 28 октомври (ст.ст.) имало 38 судирања, во кои паднале 109 четници.

Во Скопскиот вилает од 1 август до 1 ноември (ст.ст.) дошло до 15 судирања, во кои паднале 93 четници.

Во текот на целото востание од 20 јули до 10 октомври (ст.ст.) биле извршени 14 атентати со динамит на територијата на Европска Турција, во текот на целата 1903 година – 21.

Во текот на целиот илинденски период во територијата на Македонија и Одринско биле извршени вкупно 239 судирања, во кои паднале 994 востаници.

Херојското Илинденско востание удри многу силно врз престижот на султанот, неговата империја, неговите вооружени сили, кои требаше со недели и месеци да војуваат против еден грст смели востаници. Поради тоа султанот и пашите решија да му се одмаздат на еден најѕверски начин на мирното население, на старците, жените и децата.

Еве што зборуваат бројките: биле изгорени 201 село, запалени 12.440 куќи и убиени 4.694 души, стотици и илјадници жени обесчестени итн. 30.000 души биле принудени да побараат азил во Бугарија.

Сите тие жестокости биле извршени пред очите на таканаречената цивилизирана Европа. Империјалистичкиот свет, којшто во својата основа беше против востанието, си ги изми рацете како Пилат, задоволувајќи се со тоа да дозволи овде-онде извесни лицемерни протести до Високата порта.

По жестокото задушување на востанието македонскиот народ не падна во очајание. Борбата продолжи понатаму…“

Во 1912 година, со војната на балканските држави против Турција, наместо да му се помогне на македонскиот народ за неговото ослободување за остварувањето на неговиот традиционален идеал за автономија, Македонија беше распарчана на три дела. а во границите на Србија, Грција и Бугарија, македонскиот народ беше подложен на еден жесток денационализаторски режим. Во тие тешки времиња единствените верни пријатели на македонскиот народ беа прогресивните интелектуални сили и обичниот народ на балканските држави, кој решително застанаа против заграбувањето и распарчувањето на Македонија.

Меѓутоа, и покрај јасно искажаните ставови на трите Илиндени (1903, 1944 и 1991 година, гласот на македонскиот народ како да не стигнува до балканските престолнини. Денес кога тие на македонскиот народ му го оспоруваат името, идентитетот, јазикот и црквата, „Старата дама“ повторно си ги мие рацете како Пилат задоволувајќи се со повремени лицемерни протести.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top