Коментари

Прилепски големи ралики во раководењето на институциите


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во една економски не многу стабилна држава како што е за жал и нашата мила и низ векови напатена Ренублика Македонија секоја личност при промена на Извршната власт сака да биде назначен на раководно несто во институција каде истата е под капата на државата.

Па така, со промената на власта во нашата земја каде на нелегитимен и недемократски начин со помош на Мегународниот фактор на премиерската фотеља седна бомашот Зоран Заев, веднаш почнаа да се множат и излегуваат од глувчешката дупка потрошените личности и истите да се множат како меури од сапуница само со една единствена цел, а тоа е да седнат на директорско место кое е под лупата на државната капа.

За жал, на големо се работи и во Градот Херој Прилеп каде некогашни градоначалници, лустратори, пратеници, некогашни директори кои биле сменети од раководните места атакуваат повторно многу лесно само со пенкало во рака и потпис и со зборовите “Јас не можам ништо тоа е директива од центала од Окопје ” да седнат на раководни места во институции кои се под капата на централната власт.

Понрај т.н. фондовски Регионални директори во Прилеп големи афинитети има за местото владин повереник во најголемиот загубар во нашата земја код е под капата на Владата на Република Македонија, “Еурокомпозит” и земањето на директорската палка во сега рентабилниот и надалеку прочуен Тутунски Комбинат АД Прилеп.

На голема радост за прилепчани а особено за вработените во Локалната

самоуправа на Прилеп на чело со ревносниот градоначалник Марјан Ристески и одделенијата и претпријатијата кои се под капата на Локалната самоуправа

каде приближно се вработени преку 1.000 лица бомбашот Зоран Заев и неговите локални прплепски социјалдемократски поданици, а во конкретниот случај на чело со Сашо Велески – Велесо не можат да назначат свои кадри.

Да одкме по ред:

ЈКП Водовод и канализација на чело со неуморниот директор Сашко Николоски кој го одработува мошне успешно својот втор директорски мандат претпријатието е во една стабилна финансиска состојба.

Во еден нов импозантен објект се лоцирани сите служби на ова претпријатие. Претпријатието располага со нов возен парк, и нова современа механичка работилница и исто така, современа лабораторија за испитување на квалитетот на водата.

Се поставува нова атмосферска и канализациона мрежа, а претпријатието располага со апарати- за радиско читање на водомерите.

За брзо време ќе биде пуштена во употреба нова современа Пречистителна станица.

ЈКП Водовод и канализација – Прилеп е лидер во државата во поглед на квалитетно одржување на атмосферската и канализационата мрежа од една и и на наплатата за сметки за вода од друга страна.

Во едни многу сложени финансиски услови ЈКП Комуналец на чело со агилниот прв човек на фирмата Златко Ристески – Џекчето и неговиот менаџерски тим од една и вработените од друга страна успешно ги завршуваат поставените зацртани работни обврски нивната дејност, а тоа е одржување на чистотата во градот и хортикултурно и партерно уредување во централното градско подрачје од една и одржување на парковските површини во секоја Урбана заедница од друга страна.

ЈКП Комуналец со сопствени средства и финансиска инфузија од Локалнта самоуправа на Прилеп до сега ги има завршено следниве капитални објекти:

-Целосна обнова на ноз возен парк

-Изграден созремен Царински терминал

-Изградена Градска капела на новите Градски гробишта и во фаза на завршна изгадба помала Капела на старите Градски гробишта

-Целосна реконструкција и ревитализација на Градската депонија во близина на селото Алинци

Најголем капитален објект на ЈКП Комуналец е тековната изградба на фабриката за обработка на рециклиран отпад.

ЈКП Пазари на чело со директорот Пецо Димоски и неговите вработени работи рентабилно со секоја помината година со финансиска добпвка.

Со сопствени средства и средства од Локалната самоуправа целосно е покриен на далеку прочуениот прилепски Градски пазар.

Со тоа се озозможени современи услови на продавање на земјоделските производи. На местото на некогашниот млечен пазар за брзо време ќе биде изграден нов деловен објект.

ЈП ПУП на чело со Бранко Нешкоски и неговите вработени катадневно се на терен. Резултат на тоа е изградбата на нови инфраструктурни објекти во секоја Урбана заедница. Со цел да се намали сообраќајниот метеж се изградија кружни токови во градот. Исто така, успешно функционира зонското паркирање на моторните возила во централното градско-подрачје. Посебна атракција во овие летни горештини е движењето низ градот на панорамскиот воз код е ; посебно интересен и воедно омилен за младата популација.

ЈП ПУП успешно функцконира неколку години и Јавниот Градски превоз, во оваа прилика да нагласиме дека Прилеп е лидер во земјата по легализација на нелегализирани објекти.

Даночното одделение при локалната самоуправа на Прилеп на чело со Бошко Галески за да успешно ја иаполни општинската каса од наплата на даноци нуди поволни услови за плаќање ка физичките и правните лица во Градот под Марковите кули.

На крајот може да резимираме дека горенаведените раководители се успешни во својата работа оти катадневно се на терен каде ги слушаат проблемите на месното население и истите за многу краток период ги завршуваат.

За разлика од нив заевите некогашни и сегашни потенцијални раководители се кабинетски личности со пенкало во рака и чекаат истите на први во месецот плата.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top