Коментари

Европските лингвисти за македонскиот јазик меѓу двете светски војни

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во текот на XIX и XX век македонскиот јазик го привлекува вниманието на европските лингвисти. Повеќе познати слависти кои го истражуваат, многу одамна ќе укажат на посебноста на македонскиот јазик и ги побиваат тезите на тогашната српска и бугарска пропаганда. Меѓу двете светски војни во европската наука се појавуваат повеќе познати слависти како Антоан Меје, Андре Мазон, Андре Вајан и Мјечислав Малецки, со резултатите од проучувањата на Македонија. На прашањето дали се македонските говори српски или бугарски, тие повеќе или помалку заклучуваат како и францускиот лингвист Антоан Меје кој во 1928 година пишува: „Говорите на Македонија се дел на јужнославјанската група… Нивните говори, …не се заправо ни српски ни бугарски, особено ако се мисли на писмениот бугарски јазик којшто се базира врз говори доста оддалечени од македонските говори.“

Андре Вајан (2. XI. 1890 – 1977) е француски слависта, професор на Францускиот колеџ, бил меѓудругото и дописен член на Славјанскиот институт во Праг, дописен член на Југословенската академија на науките и уметностите и на Бугарската академија на науки и уметностите. Во периодот од 1922 до 1934 година, за да се запознае добро со славјанските јазици престојувал во Југославија, Чехословачка, Советскиот Сојуз и Полска.

Во периодот меѓу двете светски војни, кога пропагандите на Србија, Бугарија и Грција го негираат постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик, францускиот славист Андре Вајан во 1938 година за македонскиот јазик ќе напише: „ …Поимот на „словенскиот македонски” е нејасен само за оној што тоа го сака. Словенскиот македонски претставува реалност во таква мера што во XIX век суштествувал еден македонски литературен јазик, јазик на сосем мала учена литература, но на обилна народна литература; и не се работи само за документи на фолклорот какви што можат да се соберат сегде: лирската македонска песна, многу ценета во Србија и во Бугарија, претставува еден автентичен литературен жанр, со реална вредност. Овој литературен јазик, базиран врз говори што природно се разликуваат малку меѓу себе, немаше време да се унифицира. Меѓутоа негови центри беа Скопје, Тетово, Охрид, Битола (Манастир), Воден, итн.“[А. Vaillаnt Le probleme du slave Macedonien – Bulletin de la Societe de linguistique de Paris, t,. 39, 2 (Numero 116), Рaris 1938, р. 195.]

Во овој период како еден од најсериозните истражувачи на македонските говори се јавува и полскиот славист Мјечислав Малецки. Тој интересот го насочил кон периферните говори како што се солунскиот (Dwie gwary macedonskie. Sucho i Wysoka w Solunskiem – Krakow, 1934, 1936) и костурскиот (Tekst gwarowu z Kosturskiego – Krakow, 1934).

Во 1938 година, професорот од Краков, М. Малецки за македонскиот јазик ќе напише: „ … Но треба да се додаде дека, покрај македонските особености што одат било по развојната линија на бугарскиот јазик било на српскохрватскиот, има исто и наполно индивидуални црти кои во токму таков вид не се јавуваат во ниеден од тие јазици… Затоа исто на прашањето дали се македонските говори српски или бугарски, би одговорил дека не се ни исклучиво српски ни бугарски, ами повеќето од нив претставуваат индивидуален дијалектен тип (којшто може да се нарече и македонски јазик),поврзан со силни јазли на сродство со двата спомнати јазици. Македонскиот е премин меѓу српскиот и бугарскиот, и неговото приклучување само кон еден од тие јазици е од лингвистичка гледна точка неосновано. [М. Malecki; Z zagadnien dijalektologii macedonskiej, – Rocznik Slawistuczny (Krakow), XIV (1938), ѕtr. 142.]

Истата 1938 година, во Големата советска енциклопедија (Большая Советская Знциклопедия. Том 37. Москва 1938, стр. 743 – 744.) за македонскиот јазик може да се прочита следното:

„МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК,… 2) … јазик на Јужните Славјани што живеат на територијата на денешна Македонија. Без оглед на значителната дијалектна разнообразност, македонските говори претставуваат единство и забележливо се разликуваат од народните говори на Тракија, Родопите, Мизија и на Стара Планина.

… Сета Македонија во дијалектен однос се дели на 2 групи: областа кон запад од р. Вардар и југоисточните реони на Македонија. Во втората група влегуваат и говорите на Костур.

Западната група ја карактеризираат следниве дијалектни особености: 1) членските форми со тројно образување – от(маш.), га(жен.), то (средни род); ов, ва, во, он, иа, но; 2) наставката за трето лице еднина на сегашното време -г;3) акцентирањето на третиот слог од крајот; 4) фра-зеолошкиот карактер на акцентот. Западномакедонските говори се делат на неколку дијалектни групи: дебарска, охридска, централна, тиквешко-мариовска, велешко-скопска, горнополошка и долнополошка. За југоисточна Македонија се карактеристични: заменките он, она, оно, они, предлогот со и др.

Тешките историски услови во кои се наоѓале Македонците имаат оставено свој печат врз нивната култура. По Првата империјалистичка војна (1914-18) голем дел од Македонија беше присоединет кон Југославија. Националниот гнет на владејачката српска буржоазија е извонредно тежок. Српската лингвистичка наука во лицето на Белиќ го одрекува секое право на национално самоопределување на македонските Славјани, тврдејќи дека македонските Славјани божем се Срби. Од друга страна, бугарската лингвистичка наука, којашто им служи на идеите на бугарскиот империјализам, не им го признава на Македонците правото на самостоен национален развиток. Јужна Македонија и припаѓа на Грција, каде што исто така е силен националниот гнет.“

Денес македонскиот јазик е меѓународно признат. Меѓутоа, за жал истите центри посочени во големата советска енциклопедија, во контекст на големите геостратегиски игри продолжуваат со своите пропаганди со кои се негира постоењето на македонскиот народ, име и идентитет.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ, за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје 1981, стр. 78 – 80)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top