Коментари

Крајно време е Македонците обединети да застанат во одбрана на својата суверена и независна држава

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Македонскиот народ кој во својата држава почна да се чуствува како граѓанин од втор ред, без разлика колку тој е поделен по одредени прашања, нема да се предаде така лесно. Почитувајќи ги максимално правата на малцинствата, нивните стекнати права,  Македонците обединети ќе застанат во одбрана на своето право да имаат своја суверена и независна држава и ќе го спречат секој обид за нејзино распарчување.

Во Македонија покрај Македонците живеат Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби и други. Македонскиот јазик е тој што ги интегрира, а воведувањето на албанскиот јазик како втор официјален јазик на целата територија на земјата, не само што е противуставен чин, туку ги дискриминира останатите заедници и води кон дезинтеграција на државата.

Рамковниот договор од Охрид од 2001, територијалната поделба од 2004 година и сега Законот за јазиците со кои треба да се унапреди употребата на албанскиот јазик, а без притоа да се направи попис на населението, можат целосно да ја сменат сликата на македонската држава.

Според преставниците на албанската заедница, тие очекуваат употреба на албанскиот јазик не само на целата територија на земјата, туку  и двојазичност на униформите на полицијата и војската, како и на банкнотите. Тоа е редефенирање на државата, спротивно на Уставот и ги надминува рамките на Рамковниот договор од Охрид.

Со Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на земјата од 2008 година беше уредено ова прашање. Меѓутоа, со новиот Закон за јазици се предвидува  да се продлабочи употребата на албанскиот јазик на целата територија на земјата, односно воведување на двојазичност.

Прифаќањето на новиот Законот за јазици, кој е заснован на албанската платформа од Тирана, а преставен божем како приоритетен за евроатланските интеграции, може само да ја уништи Македонија како самостојна и унитарна држава и да го избрише македонскиот народ, неговиот јазик, идентитет, историја и култура.

Голема е одговорноста на актуелната власт за донесување на еден ваков Закон за јазици, со кој се нарушува интегритетот на земјата, особено ако се има во предвид дека за да го добие мандатот гарантираше за заштита на унитарноста на државата, суверенитетот и државните интереси, не доведувајќи ја државата во положба потчинетост и зависност спрема друга држава.

Овој закон е спротивен на Уставот на земјата и не произлегува ниту од него, ниту од Охридскиот рамковен договор. Направен е само за албанскиот народ, но не и за другите малцинства како Турците, Ромите, Власите, Бошњаците, Србите и другите етнички заедници во земјата. Истиот ги дискриминира другите малцински заедници и доколку се прифати, со него се нанесува силен удар по македонскиот народ и неговата држава.

Со донесувањето на овој Закон за употреба на јазиците, кој наводно има за цел унапредување на меѓуетничките односи во земјата, државата всушност влегува во процес на федерализација и до поделба на земјата. Во овој правец земјата ја туркаат одредени центри на моќ, кои имаат инсталирано сигурни алатки за спроведувањето на своите замисли.

Овие инсталации, кои само заради својата лична корист, лесно се одрекуваат од својот македонски народ (во земјата и соседството) и ги запоставуваат другите етнички заедници, потоа се откажуваат од името, идентитетот, историјата, јазикот и културата на македонскиот народ, директно ја водат земјата кон пропаст, во правец од каде нема враќање.

По промената на власта, од ветувањата за подобра иднина, поголеми плати, пензии, вработувања нема ниту јота. Но затоа, се спроведуваат активности кои спротивни на интересите на мнозинскиот народ. Разочараноста од потезите на новата гарнитура, која наместо кон интеграција, ја турка земјата кон дезинтеграција, станува  се поголема.

Народот е на штрек, но покажува мудрост, одраз на стекнатото искуство од воведувањето на повеќепартискиот систем во земјата. Согледувајќи дека пред очи им се руши државата, без разлика на етничка, верска или политичка припадност, интелектуалците и граѓаните полека, но, се повеќе креваат глас. Социјалните мрежи вријат, а нивното неспокојство се очекува да кулминира на локалните избори кога ќе се изјаснат во каква држава сакаат да живеат.

Македонскиот народ кој во својата држава почна да се чуствува како граѓанин од втор ред, без разлика колку тој е поделен по одредени прашања, нема да се предаде така лесно. Почитувајќи ги максимално правата на малцинствата, нивните стекнати права.

Крајно време е Македонците обединети да застанат во одбрана на својата суверена и независна држава и да го спречат секој обид за нејзино распарчување.

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

To top