Коментари

Со мрсна боја и јајца не се станува градоначалник


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Секоја институција од јавен карактер а во конкретниов случај импозантниот објект на Локалната самоуправа на Прилеп се обезбедени со заштита на својот имот. Имено, во Локалната самоуправа на Прилеп фукционира беспрекорно служба за обезбедување на општинската зграда и видео надзор за набљудување на зградата. Со ова во целост е применет Законот за Локалната самоуправа.

Од горенаведеното може да се заклучи дека сите правни акти во поглед на обезбедувањето на недвижниот имот, а во конкретниот случај на Локалната самоуправа на Прилеп се исполнети во целост.

Импозантниот објект на прилепската Локална самоуправа е од океански тип и истиот беше предмет на сквернавење на т.н. “шарена револуција“, која што на ланските протести под слоганот ”нема правда нема мир“ со мрсна боја и јајца го наруши и го уназади надворешниот изглед на прилепската Локална самоуправа.

Во конкретниот случај иницијаторите и поддржувачите на “шарената револуција се на слобода, а Градоначалникот Марјан Ристески добива условна затворска казна од три месеци и парична казна за неосигурување од штета на општинската зграда.

Во општината има служба за обезбедување и видео надзор кои се релевантни во поглед на докажувањето на вината на ланските шарени револуционери.

Ова значи во конкерниот случај јас лично ако не го осигурам мојот приватен имот а имам поставено обезбедување и камери и ако некој се дрзнеда го уназади мојот приватен имот вината ќе биде моја оти не сум го осигурал имотот од штета.

За време на неполн месец пред изборната кампања за следните редовни локални избори (15 октомври 2017 година) е дискреднтиран првиот човек на Градот под Марковите кули од една и Локалната самоуправа и сите успешно реализирани проекти од друга страна.

Ако некои личности кои имаат афинитети да ја освојат локалната фотеља со поднесување на кривични пријави треба да знаат дека обичниот прилепчанец не наседнува на тиефинти, туку истиот сака конкретни дела и резултати.

Во конкретниов случај постои една личност кој со актовка во раце и во неа катадневни кривични пријави против првиот човек на Градот Херој Прилеп е на релација од неговата канцеларија до Општинскиот суд во Прилеп.

За разлика од него таткото на градот кој го одработува едно по друго 3-от градоначалнички мандат успеа својот роден крај од мртов без иднина и перспектива во овие поминати 12 години даго претвори во вистинска смисла на зборот во инфраструктурна ренесанса.

На крајот делата и следствено на тоа реализираните проекти поминуваат кај електоратот, а не на уназадување на објекти од Јавен интерес.

Само едно не ми е јасно на ланските протести се потрошија многу средства за мрсна боја и јајца, Овие финансиски средства наменски да беа употребени бенефит ќе имаше градот во целина. Со направените нецивилизирани потези само се остави грда слика пред домашните и странските делегации и туристи кои катадневно го посетуваат Градот Херој Прилеп.

На крајот од ова писмо само да нагласам дека со нецивилизирани методи не може да се добие гласот на обичниот прилепски електорат.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top