Коментари

ВЛАДАТА МОРА ДА ГИ ПРЕИСПИТА ПОЛИТИКИТЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ!

smk

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

22 август 2017 година, Белград, Србија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) оценува дека повлекувањето на целиот дипломатски персонал на Србија од Македонија претставува сериозен дипломатски преседан, еднаков на прекин на дипломатските односи меѓу двете земји.

СМК го смета за сериозно обвинувањето дека дипломатскиот персонал на Србија во Македонија е под разузнувачка опсервација по барање на трета страна.

СМК очекува Владата на Македонија да ги преиспита политиките на дизбаланс во добрососедските односи на штета на македонските национални и државни интереси, после склучувањето на Договорот со Софија, Тиранската платформа, најавата за промена на името по барање на Атина и трилатералната српско-бугарско-грчка средба во Солун. За очекување е и српското позиционирање во погубните домино-ефект политики на Владата кон Тирана, Софија и Атина, на штета на Македонија и Македонците.

СМК укажува дека Софија не може да биде супститут на Белград, односите со Србија не треба да се градат во судирот на интересите меѓу Вашингтон и Москва за Балканот, односите со Бугарија и Грција не треба да се опсервираат поради Брисел и Стразбур, а положбата на Албанците во Македонија не смее да биде на штета на правата и слободите на Македонците во Албанија и Косово на реципроцитетна основа.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Владата мора да престане со дерогацијата на името на државата и идентитетот на нацијата со трајни последици по мирот и безбедноста! Владата мора да се ослободи од заложништвото кон Тиранската платформа и Калето!

СМК апелира Владата да гради политики на активен мултилатерализам, од пријатели никогаш доста, свесни дека европскиот центризам и американскиот унилатерализам се трајно минато свршено време поради мултиполарноста на светот, а билатералните односи да ги унапредува врз меѓународниот принцип на еднаква сувереност што подразбира взаемно почитување и соработка по сите прашања од заеднички интерес, со немешање во внатрешните работи и на реципроцитетна основа.

СМК ги потсетува Владата и Собранието дека Македонија е суверена држава, Македонците се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени! Владата и Собранието не смеат да заборават дека, Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси: името на државата, идентитетот на нацијата, богата држава и здрави и богати Македонци, мирот и безбедноста во земјата и регионот, меѓуетничките и добрососедските односи, и соработката со сите во светот врз принципот на еднаква сувереност!

СМК предлага трајно помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави врз меѓународниот принцип на еднаква сувереност! Секоја политика на дизбаланс во добрососедските односи трајно ги нарушува македонските национални и државни интереси и ги дестабилизира Македонија и регионот во целина.

Владата и Собранието мора да го отфрлат врховизмот и колаборационизмот, Владата и Собранието мора да се посветат на суверенитетот на Македонскиот народ и самостојноста на државата Македонија!

Владата не смее да биде марионетска кон други и туѓи сили и интереси за нивни сфери на влијание на овие простори, туку сервилна на македонските национални и државни интереси во служба на Македонците, по потекло и државјанство!

Владата и Собранието никогаш не смеат да заборават дека, Македонија е држава во која е загарантирана еднаквоста на сите пред Уставот и законите независно од етничкото потекло и верското уверување, но и покрај се’ и после се’, Владата и Собранието треба како аманет да запаметат дека, МАКЕДОНИЈА Е ДРЖАВА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! а, Македонците не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, ни Албанци!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top