Коментари

Време е за дела – Македонија за Македонците!

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

За само неколку месци од доаѓањето на власт, премиер Зоран Заев наместо да го олесни патот кон евроатланските интеграции со својата дилетантска политика така ги замрси конците со соседите такашто земјата се повеќе ја оддалечува од ЕУ и НАТО. Атина, Бугарија и Белград, по трилатералната средба во Солун, наместо заеднички да работат на евроинтегративните процеси, како и во минатото повторно се настрвија и ја уценуваат Македонија.

Не цел месец по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, сега бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, гласноговорникот на Софија, ни се заканува дека доколку Македонија не прифати дека браќата Миладинови и Гоце Делчев биле Бугари, официјална Софија нема да даде согласност земјата да продолжи со евроинтеграциите.

Атина се држи до црвените линии и се двоуми дали шефот на дипломатијата Никос Коѕијас треба да ја посети Македонија, поради наводна правокација врз Грција на настан во Торонто на кој според нив присуствувал владин функционер од земјата. Таа продолжува со негирањето на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ и се додека тоа не се смени нема да ја подржи евроатланската интеграција на Македонија.

Од друга страна Белград го повлече целиот персонал на српската амбасада од Скопје, наводно поради многу засилена разузнувачка активност против органите и институциите на Србија, во кој е вклучен и странски фактор. Меѓутоа, вистинската причина за овој потег на Белград за многумина е менување на ставот на Македонија за воздржаност при гласањето за членство на Косово во Унеско. Доколку Македонија го поддржи Косово, од Белград најавуваат дека ќе ја преиспитаат одлуката во однос на уставното име под кое е призната Македонија.

Видливо е дека исполнувањето на Тиранската платформа и асемитричниот Договор за добрососедство меѓу Скопје и Софија, ги вознемирува Белград и Атина и предизвикува нивна жестока реакција. Всушност надворешна политика на актуелната влада која е диктирана од надвор ја враќа земјата во минатото кога Македонија беше буре барут спремно да го запали целиот Балкан.

По ваквите постапки на власта, со поддршка на центрите на моќ, Македонија не е ни на небо ни на земја, тука тоне се подлабоко во калта и се назира современиот пекол, во кој лесно може да исчезне македонскиот народ. Всушност денес земјата е ставена подалеку од постојното светско устројство, што е срам за Европа, срам за народите на XXI век.

Сето ова можеше да се разбере доколу живеевме во средниот темен век или пак во римско време, кога народите ропски беа врзани со „железни окови”. Меѓутоа, ако пак појдеме уште понатаму по историскиот пат, спознаваме дека некогаш постоела славна земја со храбар народ кој раѓал светски владетели како Филип и Александар Македонски.

Многу стари народи, кои беа слезени од светската сцена, со текот на времето пак се издигнаа. Зошто истото да не биде со Македонија? Зарем само другите се патентирани, а последнава не може? Македонија била и ќе биде, без разлика колку и да се трудат соседите таа да исчезне. Еден народ којшто си има свои обичаи, вера, јазик, традиција итн. и тврдо отстојувал сред толку ропски искушенија – значи дека е способен за слободно постоење!

Додека беше под Отоманската империја, Белград, Софија и Атина ронеа „крокодилски солзи” за да ја „ослободат”! А зошто? – За доброто на Македонија!… Сигурно не!… Зашто откако ја „ослободија” во 1912 година од Турците, следната година ортачки и крвнички ја поделија сојузниците: Срби, Грци и Бугари!

Македонија денес е како „немоќен патник“ кон ЕУ и НАТО! Исто е како во минатото. Во 1932 година, лицето потпишано како Горски во Гара Новоселски (градот Елин Пелин) ќе забележи:

„… Поминува „фарисејот” (Европа), но ништо не цомага; доаѓа „Леверинот” (?) (Русија), но со задоволство си поминува, барем (ѕирнала) потоа се појавува „самарјанинот” (Бугарија)… Јас мислам дека ако политиката на Бугарија беше само „самаријанска”, немаше да ги предизвика волчешките апетити и на другите. Зашто таа даде лош пример на корист и грабливост, така постапија и другите… Ако нејзината политика не беше „фалш”, немаше да ја дотера до тоа дереџе Македонија – наместо под едно ропство (турското), сега токму 3-4 робии! Не е во прашање тоа кое е полесно или потешко, но нели Македонија не е единствена, ниту слободна, ниту на Македонците!? А тоа е ужасната положба што се трпи како од ДН (Друштвото на народите – б.р.) така и од Европа и Америка, па и од славјанството. А тоа не чини да е така! Бидејќи како што сосема мали народи имаат право на постоење како што се: Монако, Албанија, Андора, Данците, итн., исто така стопати има право и Македонија. Но, ако некоја држава не и го дава „правото”, зошто уште чека и Бугарија? До кога таа ќе „злоупотребува” со народот што е сличен на нејзиниот?! Нека тоа право го даде за пример!… Нека на мирен начин им го даде на Македонците тоа што е македонско! Зошто уште го држи „туѓото” претендирајќи деќа е „нејзино”? Зарем Македонците се „Бугари”… Колку што Бугарите се Македонци, толку и Македонците се Бугари! – Голема разлика!… Едните биле од пред Христа а другите во VII в. по Христа на Балканскиот Полуостров…“

Наместо закани и уцени од соседите, добро е да се прочитаат овие редови на Горски. Тие не мора да се спроведат децидно, но со признавање на македонскиот народ и евроинтеграциите на земјата можат да се надминат сите несогласувања, а Балканот тогаш ќе влезе во мирни води. Тогаш ќе има просперитет за сите. Вака раскарани, разединети, народите на Балканот, како Македонците, така и Србите, Грците и Бугарите нема да видат бел ден.

Исто така на сите треба да им биде јасно дека на Македонија доста и се мамења со сништа и фантазии? Време е за дела – Македонија за Македонците. 3ашто којшто ја потиска, ќе биде потиснат; којшто ја граби, ќе биде ограбен; којшто ја погубува, ќе биде погубен!

О Македонијо, белким севишниот ќе ти помогне та да се засрамат тие што не сакаат да ти помогнат – со правда, мир и слобода.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top