Коментари

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ И СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

14

14

СЕМАКЕДОНСКАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА ЗА ИМЕТО: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА!

29 август 2017 година, Скопје, Македонија

– Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес упатија отворено обраќање до Владата и опозицијата на Република Македонија, за семакедонската црвена линија, во пресрет на посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Во отвореното обраќање се вели:

– Почитувани, Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес Ви се обраќаат спроти посетата на грчкиот министер за мадворешни работи Никос Коѕиас, за еднаш засекогаш цврсто да ја поставите нашата црвена линија за името што сакаат да ни го сменат: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА, ВЕЧНО, ОД ИСКОНОТ ДО БЕСКРАЈОТ!

Името на државата е идентитетот на нацијата! Со сите разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! За жал, Европската Унија и НАТО три децении од осамостојувањето не’ уценуваат и дискриминираат. Првин мораме да имаме самопочит кон себе, за другите да не’ почитуваат. Повлечете ја црвената линија, како наше природно, неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено веќе апсолвирано право на самоопределување и самоидентификација!

Ние, Македонците, уште со прогласот на Аристотел и Александар Македонски го прокламиравме “природното право и правото на народите“! Ние, Македонците, први го укинавме ропството, промовирајќи ја еднаквоста меѓу луѓето и народите пред Бога и правдата!

Почитувани, од Владата и од опозицијата, Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес од првиот ден на притисоците од Атина, Брисел и Вашингтон за промена на името наше исконско, ја поставија црвената линија по оваа тема, која сега и Вам Ви ја предлагаме!

Македонците, по потекло и државјанство, во апсолутно мнозинство, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот за сите по Устав е задолжителна!

Бидете доблесни и храбри, охрабрете го народот кој Ви дал мандат и го претставувате, народот од Вас очекува одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, да не Ве паметиме како одродници и предавници!

Повлечете ја црвената линија на нашиот исконски идентитет, самопочит и национална доблест! – се вели на крајот од отвореното обраќање на Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес до Владата и опозицијата на Република Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top