Коментари

ОСУДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕДАВНИЧКА ВЛАДА!

14

14МАКЕДОНСКО МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ОСУДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕДАВНИЧКА ВЛАДА!

8 септември 2017 година, Торонто, Канада – Осудата на постапките на една политичка партија не значи поддршка за предавствата на друга. Силната поддршка за македонските човекови и национални права не значи мешање во внатрешните работи на Македонија. Како што Македонците во странство не треба да се мешаат во локалните прашања во Македонија, политичарите и граѓаните кои живеат во Република Македонија немаат никакво право да преговараат за нашата вековна националност, – се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) по повод денот на независноста на Македонија.

ММДЧП ги осудува се’ поизразените предавнички постапки на сегашната македонска влада поставена од Соединетите Американски Држави. Потпишување на договор за “пријателство“ со Бугарија со кој се отфрлаат сите наши права и се преговара за нашиот идентитет може да се случи само во Македонија, каде политичарите се или корумпирани или немаат здрав разум или храброст да се изборат за нашите најосновни човекови права.

Распродажбата на нашата земја на малкубројното албанско малцинство, под капата на дипломатијата и човековите права, може да се случи само во Македонија. Претседателот на ММДЧП, Бил Николов, во повеќе наврати, при средби со Стејт Департментот на САД, Глоубал Афеарз Канада, пратеникот на ООН, Метју Нимиц, како и многу други, прашува кога македонскиот ќе стане билингвален и еднаков партнер во Грција, турскиот во Бугарија, а рускиот во Естонија. По примерот на ЕУ и САД со албанскиот јазик во Македонија, овие чекори би морале веднаш да се спроведат и да се промовираат како основни човекови права, во согласност со идеалите на Европската Унија.

Само во Македонија може една влада да претера во напорите да им удоволи на своите потчинители – Грција, Бугарија и Албанија – и да го исполни секој каприц на своите господари – САД. Само во Македонија може владата да ја откаже прославата на Денот на независноста за да не ги “навреди“ сопствените потчинители. Ова се случи во Торонто, но канадско-македонските организации сепак се потрудија да ги пополнат празнините кои ги создаде антимакедонското Министерство за надворешни работи.

Западот со сите средства се труди со технички аргументи да го оправда кршењето на македонските права. Но, ако се примени истиот принцип за која било друга земја или етничка група, Западот со сите сили ќе ги брани своите права. Овој двоен стандард ги обединува Македонците во одбрана на нашите права, но македонските политичари се или отворено анти-македонски, или немаат храброст да ги одбранат истите.

Затоа, ММДЧП ја одбележува 26-годишнината од независноста на Република Македонија со осуда на најантимакедонската влада во нашата историја, моменталниот режим на СДС! ДПМНЕ, вие имавте и имате шанса да застанете во одбрана на Македонија со една едноставна постапка – осуда на преговорите за името и идентитетот во ООН, но досега покажавте дека немате храброст за тоа.

СДС, и вие ја имате истата шанса. Повлечете ги Заев, Димитров и другите, и ставете КРАЈ на преговорите за името, ако за ништо друго тогаш за инает на вашите противници. Господ знае дека двете партии многу повеќе сакаат да настапуваат поради таа причина, отколку заради тоа што нешто е во интерес на Македонија.

За оние кои веруваат дека Македонија “мора“ да преговара за името за влез во ЕУ и НАТО – разбудете се! Причината заради која Македонија не е во ЕУ и НАТО е ЗАТОА ШТО Македонија преговара за името! Причината зошто Западот бара Македонија да го смени името е ЗАТОА ШТО Македонија преговара за името! Како што ММДЧП постојано потенцира, вештачкиот конфликт со името е најголемиот проблем кој ги комплицира сите аспекти на животот во Македонија. Веднаш инсистирајте на крај на разговорите за името! Како што нагласува кампањата на ММДЧП “Нашето име е Македонија“ – Кој ви даде право да преговарате за моето име?

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top