Коментари

Личности извадени од нафталин


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Централната власт во Република Македонија на чело со премиерот, а воедно и аболициран лидер З. З. почна да поставува свој кадар во Јавните претпријатија кои се под капата на државата и поддрачните одделенија на сите министерства ширум нашата држава.

Ако се анализираат кадрите во Подрачните одделенија и Јавните установи во Градот под Марковите кули веднаш кај обичниот прилепчанец се поставува прашањето зошто на сензитивни места се поставуваат повторно истрошените личности од времето на владеењето на СДСМ-овскиот мецена, а сегашен актуелен пензионер Бранко Црвенковски.

Да одиме по ред:

Првиот човек на прилепскиот разгранок на СДСМ, Сашо Велески – Велесо како голем гласноговорник си пати по прилепски кажано за “убаво место“ во УО на државна институција во Скопје, додека суетната личност која не заслужува да се спомене со име и презиме во овој текст и која истата се “нафрли“ со  вербални закани по авторот на овој текст се “Вгнезди“ во некоја Комисија во Скопје која исто така е под капата на Извршната власт. По поставување на горенаведениот СДСМ-овски двоец веднаш се констатира дека истиот не е омилен кај прилепскиот електорат и подобро е во таков случај да му се даде место во Скопје отколку да прави проблеми во прилепскиот разгранок на СДСМ.

Момчето од времето на Џ.А. стана прв човек на Македонска пошта Регионална дирекција Прилеп.

Низ прилепските политички кулоари до пред извесно време за прв човек на Ј3У “3дравствен дом“ – Прилеп се споменуваше понежен пол-стоматолог ,сопруга на личноста која направи дар-мар во прилепскиот монопол и поизречената судска казна дотичната личност од КПУ “Идризово“, каде сигурно таму ги има полнето реваншистичките батерии се врати на политичката сцена свеж и прилично активен.

Во минута до 12 од Централата од Скопје поставена е исто така понежен пол стоматолог.

Сопругата на тутунскиот бос не мирува и истата сега атакува на Подрачното одделение на Фондот за здравство.

Прилепскиот затвор кој е еден од најобезбедуваните затвори во Македонија диригентската палка му е доверена на професор по физичко воспитание. Значи, професорот на место да вади млади кадри во индивидуалните и колективните спортови кои со тек на време Прилеп достојно ќе го претставуваат како на домашна така и на Меѓународна сцена сега ќе ја “билда“ физичката активност на личности кои се огрешиле пред лицето на правдата.

Во новата гарнитура на прилепскиот монопол се внесени 2 личности кои се на забот на времето или во буквална смисла на зборот кажано се истрошени личности.

Понежниот пол е сопруга на личноста која директоруваше со поранешниотј совет за Радиодифузија и близок роднина на поранешниот прилепски психијатриски градоначалник С.П. втората личност беше во првиот ешалон од времето на директорувањето на некогашниот голман на прилепскиот супер лигаш Тутунски Комбинат. Ова се само дел од кадрите кои се поставени низ прилепските институции.

П.С. За време на излегувањето на овој текст прилепскиот електорат ќе го знае името на потенцијалниот кандидат од редовите на плавите момчиња за татко на Градот под Марковите кули.

Од горенаведениот ростер реално е прилепскиот електорат да очекува плавите момчиња да постават личност каде уште од самиот старт со слабата политички акумулирана енергија ќе го крене белото знаменце во трката за градоначалничката функција на Град Прилеп.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top