Коментари

ПОВИК ЗА МИРЕН ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО, ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ НА 13, 14 И 15 СЕПТЕМВРИ 2017!

smk

smk-zname
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

11 септември 2017 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес и Македонски Манифест се приклучуваат на здружението “Преродба“, Граѓанската иницијатива против Законот за употреба на јазиците предводена од отец Ивица Тодоров и здружението “Тврдокорни“ во организацијата на мирен протест против донесувањето на Законот за употреба на јазиците!

Светскиот Македонски Конгрес, Македонски манифест, здружението “Преродба“, Граѓанската иницијатива против Законот за употреба на јазиците предводена од отец Ивица Тодоров и здружението “Тврдокорни“ упатуваат јавен повик до сите Македонци по род и државјанство на мирен протест пред Собранието на Република Македонија на 13 септември 2017 година (среда), 14 септември 2017 година (четврток) и 15 септември 2017 година (петок), секој ден од 18.00-20.00 часот. Собирно место е во Паркот “Жена Борец“ карши Собранието од 17.30 часот.

Се известуваат граѓаните дека сообраќајницата од Порта Македонија до Градската болница во наведените денови и термин ќе биде блокирана!

Мирниот протест не е против малцинските етнички заедници во Македонија! Протестот е со барање до Владата да го повлече предлог Законот за употреба на јазиците од Собранието, бидејќи е неуставен, не е европски, ги руши унитарноста и територијалниот интегритет на државата, ги дискриминира помалите етнички заедници, ја дестабилизира земјата, и врши мајоризација на малцинството врз мнозинството, и секако не смее да се злоупотребува за престојните локални избори!

Доколку Собранието го донесе, организаторите ќе поднесат барање до претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот, а доколку Законот се објави во “Службен весник”, организаторите ќе го оспорат пред Уставниот суд на Македонија!

За учесниците обезбедено е озвучување со обраќања на организаторите! Организаторите, исто така, имаат подготвено транспаренти на македонски и англиски јазик со слоганите: “Предавството не е демократија!“ “Законот за јазиците е антинуставен!“ “ Законот за јазиците не е европски закон!“ “Една држава – еден јазик, и дома и во светот!“ “ НЕ, на јазичната федерализација!“ “Македонскиот јазик за сите и дома и во светот!“ “Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија!“ “Реципроцитет меѓу Македонија и Албанија!“ “Македонија – унитарна држава!“

Организаторите се оградуваат од можни недолични пароли и расистички скандирања! Добредојдени се сите кои го споделуваат овие вредности и барања! Ве очекуваме!

Споделете ја оваа вест до што повеќе луѓе, на што повеќе социјални мрежи и медиуми.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top