Коментари

„Македонци против Егзархијата“

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Уставната слобода воведена во Македонија по завршувањето на Младотурската револуција во 1908 година овозможила да се развива политичкиот живот јавно и слободно. Дотогашните илегални и прогонети организации со своето членство станаа легални. Во исто време дојде до значајно политичко и културно просветно движење. Освен политички, се формираа стручни, професионални, фискултурни и културно-просветни организации. Една од најзначајните организации била организацијата на македонските учители.

Првите учителски друштва се формирани на почетокот на училишната година во Прилеп, Неврокоп, Кукуш и Горна Џумаја. Во текот на учебната  1908/1909 година речиси да немало општина без учителско друштво. Тоа ќе овозможи во август 1909 година во Солун да се одржи Основачки когрес на учителската организација.

Во процесот на формирањата на друштвата, на Основачкиот конгрес и подоцна стално доаѓало до кофликт меѓу две струи. Едната, чиј носител била македонската интелигенција, односно домашните учители, се борела за отфрлање на туторството на Егзархијата и превземање на училишните институции, како и против надворешното мешање во животот на Македонија. Втората, чиј носители беа довро платените директори, инспектори, глави учители и т.н., доследно се залагала да се сочува влијанието на Егзархијата.

Прогресивната струја на учителската организација, која полека го презема приматот, меѓудругото развива широка активност и во кампањата за свикување на Македонски црковно-народен собир во Солун. Таа се поодлучно настапувала за раскинување со Егзархијата, како и за обновување на Охридската архиепископија. Централното раководство на организацијата донела одлука за бојкот на егзархискиот орган „Вести“ и за прекин на врските со егзархиските месни преставници (владици и архирејски намесници).

Ваквиот развој на настаните внимателно се следи од Белград и Софија. Белградскиот весник „Политика“, на 13 ноември 1909 година, под наслов  „Македонци против Егзархијата“, ќе пренесе за бунтот во Македонија против бугарската црква и училишта, во кој се вели:

„Софиските весници објавија вест дека охридските граѓани на 6 о.м. испратиле до Егзархијата едно колективно барање во кое се бара веднаш да се повлече охридскиот егзархиски владика Методија од Охрид.

Како мотив за тоа барање, кое го потпишале охридските … првенци и кое е снабдено со печати на сите нивни општини, се наведуваат разни насилија, злоупотреба и непочитување на општинските права. Против Методија во повеќе наврати се бунеле Охриѓани, но сите тие протести биле неуспешни.Сега, меѓутоа, тие се решени да раскинат и со Егзархијата доколку не биде сменет Методија, па заради тоа се очекуваат големи заплети.

Во Битола 32 (егзархиски – н.з) куќи веќе се одделиле од егзархијата заедно со својот свештеник Стеван и се вратиле во православието. А во Битола и Куманово не работи ни едно бугарско училиште веќе подолго време. Сите тие училишта се затворени поради меѓусебни кавги, спор со Егзархијата и неплаќање на учителите.

Поради ваквите појави бугарската пропаганда е многу загрижена и во Софија се смислуваат нови методи за да се задржат своите поддржувачи во Егзархијата.“

Загриженоста од македонските национални пројави се гледа и кај архимандритот Неофит, заменик на егзархискиот митрополит во Скопје. Во своето писмо од 25 јуни 1910 година, до бугарскиот егзарх Јосиф I во Цариград, тој за настаните во Скопје ќе го наведе следното:

„Од некое време наваму, како што веќе Ве известив неколку пати, работите во епархијата, а особено тука (во Скопје – б.р.) не одат како што треба. Епархискиот совет, кој, како што Ви е познато, се состои од првенците граѓани, реши да Ви испрати писмо во кое остро ја осудува кандидатурата на поранешниот скопски митрополит Теодосиј, и меѓу другото во протестот, по моја сугестија, пишува: „Револтирани читаме по весниците дека една група безочници сака по секоја цена да го натера населението – гласачите во Скопската епархија да го вратат типичниот инаетчија Теодосиј за митрополит на Скопската епархија. Тоа е истиот оној Теодосиј кој пред 17-18 години сакаше да -ја оддели Скопската епархија од Егзархијата и да се прогласи за независен митрополит. За таа цел тогаш тој направи посебен печат во кој ги избриша светите за нас зборови „Бугарска егзархија” и напечати свои крштелни свидетелства, вули и други документи; не ги исполнуваше окружните писма и распоредбите на Егзархијата и друго. Меѓутоа, бидејќи во тоа време немаше такво антибугарско движење меѓу овдешниве’Бугари, тоа и помогна на Егзархијата да го оддалечи навреме овој опасен расколник и на тој начин да биде зачувано единството на Бугарската црква во Турција. Сега истиот тој расколник, противно на егзархиските интереси, сака да си ја врати епархијата и да ја продолжи својата нечесна работа, да го разедини нашиот бугарски народ. Ние најостро протестираме против поставувањето на неговата кандидатура за скопски митрополит, бидејќи го навредува бугарското чувство на населението.”

За жал, Ваше Блаженство, ако Епархискиот совет има такви луѓе со здрав разум, не е тоа случај со некои еснафски средини, кои се под влија-ние на учителот г. Петар Поп Арсов, кој си внушил во главата дека е во-дач на народот. Тој постојано зборува против Егзархијата и нејзиното началство, вклучувајќи ме и мене, и ги поттикнува еснафите да ја под-држат кандидатурата на митрополитот Теодосиј, зашто тој своевремено пострадал бранејќи ги интересите на Македонците.

Не е излишно да Ве известам уште за нешто за кое претпоставувам дека ќе претставува извесен комплот во сета оваа изборна пропаганда. Од некои членови на Советот разбрав дека Крсте Петков, оној што своевремено тргна со „мисирковштината”, од некој свој роднина што живее тука, во Скопје, побарал да го поврзе со учителот Петар Поп Арсов во врска со собирање на песни за „Крале Марко” во скопската околија, а господинот Поп Арсов бил љубезен веднаш да се согласи. Ова Ви го пишувам, Ваше Блаженство, како едно оправдано сомневање дека тука оживуваат расколничките сили. Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во писмото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде професор на скопскиот универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зошто да ме лажат, тогаш самиот заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие историски времиња. Замислете си да се здружат заедно „мисирковштината” на господинот Крсте, „сепаратизмот” на Неговото Високопреосвештенство Теодосиј и „автономштината” на господинот Петар Поп Арсов!

На мислење сум, Ваше Блаженство, врз основа на протестот од Епархискиот совет /кој, впрочем, да се објави во печатот/ да се отфрли кандидатурата на Неговото Високопреосвештенство г. Теодосиј, со што би се избегнала една опасност од несетени размери за бугарското дело во Македонија.“

Настаните на теренот и појавата на стариот борец Теодосиј Гологанов ќе ја натераат Егзархијата енергично да делува. Таа ќе го спречи Гологанов во неговите намери, а преку разместувања на учителите конечно ќе ја уништи учителста организација во август 1912 година. Со нејзиното уништување, Егзархијата ќе го расчисти патот на “ослободителите на Македонија“, кои овој пат не задоцнија. Но наместо слобода, Софија, Белград и Атина ја окупираа и поделија Македонија, а последиците од тој чин, до ден денешен, освен Македонците, сите ги чуствуваат.

(извори: М. Пандевски „Од минатото на македонскиот народ“, Скопје 1969, стр.172 – 181, Докуенти, том први, Скопје, 1981, стр. 468 – 469 )

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top