Коментари

ЧАК КОНКОНИ И ВМРО-ДПМНЕ

todor_petrov

todor-petrov

Тодор Петров

Да не беше Чак Конкони и “Фокус Вашингтон“ немаше да дознаеме дека ВМРО-ДПМНЕ е про-руска партија и дека Македонија е под големо руско влијание. За жал, тоа е сликата во Соединетите Американски Држави која се перцепира за Македонија, по заслуга на Џес Бејли, ги легитимира своите субверзивни активности, иако реалноста е сосема друга.

А, реалноста е дека Џес Бејли си создаде губернија од Македонија, предворје на Калето, која што ја владее. Исто како што Косово е предворје на Бонд Стил до Урошевац. Оттаму од Косово беше агресијата врз Македонија, од терористичките организации кои ги инсталира Вашингтон.

Со шарената револуција и Сорос, Џес Бејли си донесе на власт марионетска Влада, којашто треба да ги продаде јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ на Бугарија, името на државата Македонија на Грција, а со двојазичноста – територијата на Албанија.

Гостин на Чак Конкони во студиото на “Фокус Вашингтон“ беше реформаторот Александар Михајловски, определен од Калето. Не, дека реформи во ВМРО-ДПМНЕ не се потребни, од нив никогаш доста! Но, со петминутното интервју на Чак Конкони со Александар Михајловски и на врапчињата ќе им стане јасно дека неговата мисија во Вашингтон е да даде чесен пионерски збор дека ќе ја врати партијата кон политиките на евро-атлантските интеграции. Демек, еве членовите на ВМРО-ДПМНЕ сакале сојуз на Македонија во НАТО и Европската Унија, ама Никола Груевски тоа задоволство не им го пружал. А, кутриот, заради отфрлање на обвинението дека “е против САД а за Русија“, и од сон да го скорнат ќе Ви каже дека Македонија е за сојуз со НАТО и со Европската Унија.

На крајот, нема да биде во прашање криминалот, туку да го нема Никола Груевски, за Македонија да го продолжи патот кон НАТО и Европската Унија. А, што е потребно тоа да се оствари? Македонија да го смени името на државата, да добие ново име за меѓународна употреба, подоцна истото и за внатрешна, и да го смени идентитетот на нацијата… За таа цел, наместо Груевски, потребно е кукавичје јајце од Калето. Треба да го снесе Бејли и подоцна со него да манипулира и во партијата и со нацијата! Така беше и со Љубчо Георгиевски и Арбен Џафери ги шетаа во САД не за да го видат Холивуд, туку да ја формираат коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ДПА, како што Радмила Шеќеринска и Али Ахмети ги шетаа во САД не за да го видат Дизниленд , туку да ја формираат коалицијата на СДСМ со ДУИ. Или Калето му доаѓа како култно место, кому ќе падне паричето “да глуми власт“ во Македонија.

Или, да биде поразбирливо, Џес Бејли ја казни Македонија со шарената револуција, затоа што Владата на Груевски потпиша аранжман за рускиот гасовод преку Унгарија, Србија, Македонија и Грција, и за кинеската железница од Будимпешта до Атина, односно затоа што Македонија не воведе санкции против Руската Федерација!

Впрочем, зошто човек мора да е за Русија, ако е против НАТО и Европската Унија? И зошто веднаш етикетата русофил, ако некој е за суверена и самостојна Македонија?

Сите ја памтиме министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која во интервју за агенцијата “Блумберг“ на 9 август 2017 година изјави, дека “Владата го зголемува притисокот за прием на земјата во НАТО, бидејќи смета дека на овој начин НАТО ќе ја заштити Република Македонија од руска интервенција во внатрешните работи“ и “Пред изборот на новиот кабинет бевме сведоци на одлив на информации за обидите на Русија да постигне влијание во клучните политички области и во областа на безбедноста“. Кажа Шеќеринска и остана жива, иако им наштети на билатералните односи со Руската Федерација.

После Радмила Шеќеринска, реформаторот Александар Михајловски е втор фронтмен на Хојт Брајан Ји и Џес Бејли во Македонија.

А, Хојт Брајан Ји како извршител на Викторија Нуланд, пред Поткомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес го оправда мешањето на Џес Бејли во внатрешните работи на Македонија, со образложение дека Џес Бејли вршел “заштита на Балканот од негативното влијание на Русија“.

За очекување е Македонија да ги унапредува билтаралните односи не само со Соединетите Американски Држави туку и со Руската Федерација и Кина, бидејќи светот се развива мултиполарно, а американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време. Оправдано е Македонија покрај евро-атлантската да ја преферира и евро-азиската соработка!

Но, освен Самсоненко, ретко што руско ќе видете или, во Македонија ќе осетите. А, од Самсоненко: Фудбалскиот клуб Вардар, Ракометниот клуб Вардар, Женскиот ракометен клуб Вардар, една црква во руски стил во Аеродром како подарок на МПЦ, Спортско-рекреативниот центар “Јане Сандански“ во Аеродром, Фудбалскиот тренинг центар во Хиподром подарок на општина Гази Баба, Фудбалската академија во општина Центар и Хотел Русија. И, тоа ли е проблем за Вашингтон?

Разбирливо е, борба за власт во држава, па и борба за власт во партија, ама… Наместо Чак Конкони да беше Чак Норис, интервјуто ќе беше и неверојатно…

https://www.youtube.com/embed/dkAtHX6LvM4

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top