Коментари

Живеј народе Македонски, ама вака до кога?

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Македонија како да станува вестерн шпагети реално шоу. За тоа се погрижија неколку реални ликови од Македонија. 

Точно на пладне, како Клинт Иствуд во каубојските филмови се закажа шамарење во Скопје. Познавајќи ја фамилијата на Палчо, со сигурност можеме да го дефинираме како ДОБАР, поради револтот кон СДСМ во кој е и тој самиот член и противник на шарената револуција. 

Најомразениот изрод кој е многу грд и мизерен, Бранко Героски со право ја има титулата ГРД, а Милчин како лош измеќар соросоидски, со леснотија е оквалификуван како ЛОШ. 

Но тоа не е се. Таман помисливме ова ќе трае подолго, кога уште една група ја направија поинтересна оваа филмска насловна идила. Трамп, Заев и Димитров. 

Трамп е добриот (ако можеме да кажеме), Заев е грдиот а Димитров лошиот. 

Па има ли крај на лагите комуњарски? Заев се поздрави со Трамп и тоа само за една секунда, затоа што Трамп мислеше да се поздрави и со редарите па и со чистачите на клозети а Заев волонтерски се намести за да има наводно алиби за потршените 500 милиони евра “кредити”. Каде е Бејли да му помогнеше барем на Заев една ролна тоалетна хартија да му однесеше на Трамп ако му се одеше по голема нужда? 

Сето ова е реално шпагети вестерн шоу во жална Македонија, каде и затворениците се пуштаат од затвор за да станат редари и фактори па дури и политичари или во најмала рака советници на СДСМ. Верушевски наместо во затвор да скапе рамо до рамо со Заев, едниот Премиер а другиот разузнувач. Само во жалосна и вечно окупирана Македонија сето ова е возможно. А народот … си молчи и си вели – ма што ми е гајле, сакам живот да живеам. Живеј народе Македонски, ама вака до кога?

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top