Коментари

Повик до населението да се приклучи на комитски-партизански чети!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

При крајот на 1942 и почетокот на 1943 година силите на Антихитлеровската коалција постигнаа победи што преставуваат пресвртница во развојот на Втората светска војна. По успешната офанзива на западните сојузници во Северна Африка (XI 1942 – I 1943) и поразот на Германците кај Сталинград (19. IX 1942 – 2. II 1943), силите на Оската се најдоа во тешка состојба. Откако инцијативата на фронтовите мина во рацете на антихитлеровската коалиција и започна период  на нејзино константно напредување, се бележи општо засилување на силите на отпорот во Европа, вклучувајќи и на целата територија на Македонија

Соочувајќи се со опасност од продор на силите на Антихитлеровската коалиција на Балканот каде движењето на отпорот зема голем замав, силите на Оската започнуваат со подготовки за мобилизација во своите земји и окупираните територии. Кон крајот на 1942 и почетокот на 1943 година бугарскиот окупатор започна опсежни подготовки за мобилизација на својата војска. Организацијата на КПЈ на Македонија ја користи оваа акција на окупаторот за мобилизирање на масите и разобличување на окупаторот и неговата политика.

Интересно е Упаството на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија од 20 февруари 1943 година во кое, врз светлите македонски традиции во борбата за создавање на слободна и независна македонска држава, се повикуваат раководителите и членството на месните комитети да работат на спречување на мобилизацијата и да ги повикаат Македонците да се приклучи во комитско-партизанските чети и создавање на народноослободителна војска на Македонија. Во ова Упаство меѓудругото се вели:

„Во врска со мобилизацијата потребно је да се истакне следното, ради правилното ориентиране на нашите раководители и членови на Партијата.

1.  Најверојатно е да мобилизацијата кје се спроведуе по делови и постепено, значи да имаме могукјности да солидно и озбилно припремиме спроведуването на ставот от нашата Партија по прашането за мобилизацијата.

2. Непријателот сега е превзел следното: а) по сите места повикуене на офицерите Македонци на воен курс; б) правене список за теране во логор Евреите, Власи и др. „неблагодежни” (нелојални граѓани спрема окупаторската власт – „Срби”); в) делене војни мобилизациони распореди за во случај општа мобилизација, а во некој места извршено е и масово мобилисуене селани и грагјани. Постои опасност да ставот по мобилизацијата биде круто спроведен и да ги отфрлиме от себе поштените инаку лугје. Треба да се напомни да, и поред това што мие упорито кје го повикуеме и организираме народот да на мобилизацијата одговори со демонстрации, со саботирање, одење во народ-ноослободителните комитски-партизански чети, со стваране своја македонска народноослободителна војска, да треба да умеиме правилно да му пријдеме и на оние лугје од масата кој сега уште не се спремни да тргнат по тој пат и кој се одазиват на мобилизацијата.

Ние требе и на тие лугје кој веке тргат и тек кога кје тргат да му укажуеме конкретно што да прави таму да барајат свои војнички права (борба за непосредните интереси), да во војската се поврзујат сос Македонците, да таму стварајат МНОК, да во одлучните моменти прејдујат на страната од „непријателот” или уште поарно да организирано бегат во планина и бегат во Македонија каде кје се створуе македонска народ-ноослободителна војска.

Важноје да во работата чврсто седржиме за нашиот основен став – одене во партизански чети, а воа е само доплнение.

Опасност е да се това доплнение не протумачи опортунистички – како да сне мие за одазиване на мобилизацијата и тек отаде да се организуе борбата.

Нарочито таму каде нема партизани, нашите парт(иски) организации требе да со усилена работа извршат припрема за исфрлуене партизани и со това со пример да покажеме на народот патот по кој требе да се оде. Таму каде има партизани ногу е полесно да се спроведе ставот во живот.

Со обзир да широка мобилизација тек предстоји, се има време да се поред масовни акции (демонстрации, протести и сл.), организират и воени акции (и партизански и позадински), оти само со акции најарно кје му го покажиме на народо неговијот пат.

До дека нема акции и партизани, некје има и бегане на народот во планина.

За нашите другари партијци и симпатизери, ставот је јасен освен за појединци кој само по одлуката на Партијата отидуват на специјална длжност во војската.

Целијот став по мобилизацијата требе добро да се разработи и со нашите симпатизери и добро да се контролира како се спроведуе у дело, да не би ни се осветило искривуењето на основната линија, било „лево” (викане на лугје кој се одазиват на мобилизацијата вие сте издајници, кукавици и др.), било „десно” (уште е рано за во планина, немаме оружје, требе да се оди во војска па отаде да се организира борбата и сл.) –

Важно је, другари, да не детално обавестувате како се спроведуе ставот по овоа денеска нај важно прашане од чие правилно спроведуене, ногу зависи понатамошната борба на нашиот народ. “ (Извори. Том I. Кн. 2, стр. 103-104.)

Битката за освојување на широките народни маси даде големи резултати. Македонците од сите делови на поделена Македонија беа убедени дека ќе го извојуваат правото на национална и социјална слобода, правото на самоопределување. Во процесот на антифашистичката борба се создадоа и се развија бројни масовни политички организации – како органи на борбата. Во нивните редови беа опфатени луѓе од сите социјални категории и од сите националности кои живеат во Македонија. Сите антифашистички сили се обединеа во единствен фронт, што преставуваше база за натамошниот развиток на ослободителната борба. Во почетокот на 1943 година народноослободителното движење ја опфати цела Македонија, а во поголем нејзин дел се водеа тешки вооружени борби.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top