Коментари

Започна кампањата за шесттите локални избори!

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Во понеделникот, на 25 – ти септември, започна дваесетдневната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври 2017 година. Тоа се шесттите по ред локани избори од осамостојување на земјата, за кои листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.

Според жрепката извршена во Државната изборна комисија редоследот во единствената листа на кандидати на гласачките ливчиња за претстојните локални избори е следниот:

1) СДПМ,

2) Коалицијата Алијанса на Албанците и НДП,

3) ДУИ,

4) Коалицијата за Битола – ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците,

5) Коалиција Заедно за Гази Баба предводена од БЕСА,

6) НДМ,

7) ВМРО-ДПМНЕ,

8) Народно движење на Турците,

9) Алијанса на Албанците,

10) ТМРО,

11) Демократската парттија на Турците,

12) ГРОМ,

13) ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

14) БЕСА,

15) ДПА,

16) Левица,

17) ПДП,

18) Сојуз на Роми,

19) СДСМ.

Листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител ќе имаат ист реден број во сите општини, а во општината каде што нема свој претставник соодветниот број на подносителот ќе биде изоставен и на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање на празно место.

Главната битка во македонскиот блок ќе се води меѓу ВМРО ДПМНЕ (13) и СДСМ. Со оглед на жестокоста на судирот меѓу двете партии, кои имаат различни концепции за водење на државата, за да се избегнат нерегуларности и други непријатни ситуации, ден пред да започне кампањата, кандидатите за градоначаници потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи на РМ, кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

Меѓутоа, колку ќе се почитува овој Кодекс, покажува однесувањето на партијата на власт, која уште пред почетокот на кампањата започна преку институциите да води хајка против партиското раководство, актуелните и идните кандидати за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ.

Свесни дека не можат да одат против вољата на народот, очигледна е намерата на СДСМ преку валкани игри да ги оцрни кандидатите на ВМРО ДПМНЕ. За таа цел, во игра е ставена полицијата. Се пуштаат кривични пријави против актуелни градоначалници (Велес, Штип, Крива Паланка.), се вршат претреси на кандидати за градоначалници (Кавадарци.), а допрва кој знае што се ќе следува од арсеналот на СДСМ за „фер и демократски локални избори 2017“.

Со оглед дека се мобилизираат дебело платени твитерџии, можно е да се очекува серија лажни вести за нарушување на угледот на опозицијата, како и посериозни закани во текот на кампањата. Но, како што вели лидерот Никола Груевски на ВМРО ДПМНЕ „заплашувањето нема да има ефект, напротив ќе има спротивен“ и членството и активистите се подготвени и „нема да дозволат на ваков начин некој да им ја украде победата на 15 октомври“, која веќе ја наговестуваат анкетите.

По четирите месеци од владеењето на СДСМ, во кој се случија толку многу штетни чекори за македонскиот народ, победата на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори треба да ноговести излез од темнината во кој СДСМ ја втурна земјата. Логично е тогаш, како што вели Груевски, да се „бара и да се добијат предвремени парламентарни избори“, за да нормално по победата започне една „нова ера“ на нови визии за наредната декада. А тоа што ќе следи се темели на основните вредности на партијата чиј главен фокус се решавање најгорливите проблеми на граѓаните како што е на пример економијата.

Народот тоа го очекува од ВМРО ДПМНЕ, која имено е народна партија со силна конзервативна и демохристијанска определба. Како партија која произлегува од народот, нејзиниот главен фокус е зачувување на основните вредности на семејството кое е основна клетка на општетсвото и државата. Од тука произлегуваат политиките за грижата за децата, младите и постарите, грижата за сите категории на граѓани, без разлика на етничките, верските и другите разлики.

Изразениот патриотизам кој ја краси партијата и борбата да се зачува името, идентитетот и унитарниот карактер на земјата, да се бранат националните интереси на државата, ја прави ВМРО ДПМНЕ различна од СДСМ, која за туѓи интереси е спремна сето тоа да го распродаде.

Во децениското водење на државата, ВМРО ДПМНЕ покажа дека Македонија може да биде добро место за живеење. Во овој период се постигна значителен резултати во сите сфери, особено во економијата и намалување на невработеноста. Но, за жал успешниот пат беше прекинат и новата власт предводена од СДСМ во текот на првите сто дена покажа видливо лоши резултати. Се случи пад на економијата, повторно почна да расте невработеноста и распродажба на нациналните интереси. Тој недостаток на визија како да се води државата, народот не само што го виде, туку и почна да го чуствува на своја кожа.

Сега борбата се сведе на локално ниво, а народот на 15 октомври 2017 година, на шесттите локални избори, ќе го каже својот збор, а тој според анкетите не е на страна на актуелната власт предводена од СДСМ. 

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top