Коментари

Отечествениот фронт за Македонското прашање

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во процесот на формирањето на балканските нации во текот на 19 и почетокот на 20 век, Македонците беа попречувани од соседните самостојни балкански држави, кои под форма на помагање на народноослободителната борба на македонскиот народ, одеа само по своите себични цели и врз грбот на Македонците водеа меѓусебна борба за превласт на Балканот. Така Македонија ја претворија во крваво боиште на кое се водеше пресметка меѓу Србите, Бугарите и Грците, околу тоа кој ќе ја земе територијата на Македонија или само еден нејзин дел. За таа цел се водеше и борбата за приклучување на македонскиот народ кон својата нација, притоа негирајќи го постоењето на македонскиот народ.  Така Македонците до ден денешен останаа најоспоруваниот народ на Балканскиот Полуостров.

Во текот на Втората светска војна, македонскиот народ како дел на антифашистичкиот сојуз, со својата борба го избори своето право на сопствена држава. Меѓутоа, и покрај тоа што во таа борба беа на иста страна со бугарскиот Отечествен фронт, истиот првично го негираше постоењето на македонскиот народ.

Имено, Отечествениот фронт започна да се создава по иницијатива на БРП во 1942 година како широка политичка организација на патриотски, демократски и антифашистички сили на Бугарија. Неговата програма беше составена и прифатена од Задграничното биро на БРП. Во август 1943 година е формиран Национален комитет на ОФ од претставници на БРП, леви земјоделци и политички круг „Звено”, а подоцна и од други. Главен збор во него имаа претставниците на БРП. Во декември 1943 година, Националниот комитет на ОФ издаде декларација за македонското прашање по издавањето на Манифестот од Главниот штаб и поддржувањето на II заседание на АВНОЈ. Таа е спротивна на програмата изнесена во Манифестот и на одлуките на АВНОЈ.

Во декларацијата Отечествениот фронт се вели:

„Македонија е јаболко на раздорот за балканските народи. За неа се пролеаја реки крв: четничкото движење против турската држава, Илинденското востание и меѓусебното истребување на бугарските, српските, грчките и албанските чети. Балканската војна, меѓусојузничката, учеството на балканските држави во Првата, како и во оваа светска војна, сето тоа мошне многу ја опустоши Македонија, наместо да донесе нејзина слобода и независност, ја претвори во земја на страдање и уништување.

Пред Македонија мирно и со страхопочит се клања секој Бугарин. Таа е лулка на бугарската преродба и нејзината стара и најнова историја е исполнета со делото на првоапостолите Кирил и Методиј, со вдахновението и творештвото на низа културни и црковни првенци. За време на турското ропство Бугарите и Македонците водеа заедничка борба за ослободување. По создавањето на слободна бугарска држава судбината на поробена Македонија беше секогаш блиска до срцето на бугарскиот народ и тој скапо плати за нејзиното ослободување. Знаменити ќе останат ослободителните борби на населението од Македонија и Одринско. Меѓутоа, како самостојните борби на тоа население, така и водените војни за неговото ослободување не ја подобрија, туку ја влошија судбината на Македонија и Тракија. И тоа се случи поради тоа што малите балкански државички во своето соперништво и поради слепотијата на нивните раководители го напуштија здравиот пат кој водеше кон слободна и независна Македонија. Како Бугарија, така и другите балкански држави, скапо и прескапо ги отплатуваат и ги исплатуваат своите страсти и направените историски грешки кои ги мотивираат проклетствата на поколенијата и пресудата на историјата.

Има ли надеж да се стави најпосле крај на голготата на балканските народи? Таа надеж лежи врз принципите легнати во основата на Атлантската повелба, која ја гарантираше стопанската, политичката и културната слобода на народите. Атлантската повелба беше прифатена и од Советскиот Сојуз, кој не можеше да не игра видна улога во повоеното уредување на светот и особено на Балканот.

За балканските народи има само еден пат за договор и мирно уредување на меѓубалканските прашања. Тој пат ни го покажуваа Раковски, Каравелов, Левски, Ботев, како и српските општественици Светозар Марковиќ, Гарашанин и други. Тој пат се заборави.

Бугарската царска влада ја вовлече Бугарија во Оската, ги пропушти германските војски на Балканот, испрати окупаторски корпуси не само во Македонија туку и во другите делови на Југославија и Грција. Таа влада сметаше дека е поволен момент да се вклучи Македонија во пределите на бугарската држава. Таа заборави дека Хитлер во својата книга „Мојата^борба” проповедаше „национал-социлистичка Германија да биде господар на светот”, дека раководен од тоа империјалистичко гледање тој не се церемонеше и во март 1941 година ја призна по договор цела Македонија со Солун за дел од Југославија. Само превратот на генералот Симовиќ ја спречи таа шерлохолмска трансакција на фирерот.

За да се избегнат какви било нови историски грешки и да се даде едно цврсто смирување на Македонија, Отечествениот Фронт ја дигна паролата „Македонија на Македонците”. Со таа парола се стави крај на соперништвото меѓу балканските држави. Никаква измена на сегашната распокинатост од непријателите на Македонија, ниту пак целосно присоединување кон која било од балканските држави. Единствено спасувачко решение е целосна, слободна и независна Македонија. Само така таа ќе престане да биде јаболко на раздорот и ќе се претвори во здрава обединувачка алка меѓу балканските народи.

Советскиот Сојуз и силите на демократијата ќе бидат гаранција за една Слободна и Независна Македонија. За постигнувањето на таа голема историска цел се наметнува да застанат на чело на балканските држави вистински народни влади, туѓи на какви било империјалистички интриги, кои ќе го бранат принципот на независноста и самопределувањето на балканските народи.

Граѓани од сите балкански земји, да се бориме со сите сили за брзото симнување на фашистичките влади и воспоставување на народна демократска власт на Балканот! Преку својот Отечествен фронт бугарскиот народ апелира кон сите свои соседи да се обединат околу таа единствена спасоносна парола. Да живее слободното самоопределување на Македонија! Да живее братската спогодба на Бугарија со балканските народи!“  (АМ. – Ф. НОЅ, К.34,-арх. 6р. 283.)

Оваа декларација беше првиот документ на Отечествениот фронт во кој се изјаснува по македонското прашање. Меѓутоа, двосмисленоста на овој документ е очигледна. Во целиот документ се говори само за Македонија, но никаде не се споменува или признава македонскиот народ, туку само население. Подвлекувањето дека Македонија била „лулка на бугарската преродба “, како и тоа дека балканските војни (1912 – 1913) и Првата светска војна (1914-1918) година се воделе за ослободувањето на Макед(онија), а не за поробувањето, покажува дека во тоа време ОФ не признава постоење на македонскиот народ.

Издигнатата парола за самоопределувањето на Македонија, а не на македонскиот народ  значи фактички не признавање самоопределувањето што е спротивно и на документот издаден после московската конференција и Техеран, каде јасно и гласно се загарантира, слободата, независноста, самоопределувањето на малите народи и немешањето во нивните внатрешни работи, спротивно на политичката и културна слобода на народите Атланската карта.

Со мали исклучоци во одреден период (1945 – 1948), оваа политика на Софија за негација на македонскиот народ продолжи до ден денес.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top