Коментари

Гроф Алфред фон Бенингхајм и принцот Карло Шведски претенденти за кнежеството Македонија!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во Првата балканска војна во која се судираат членките на Балканскиот сојуз Бугарија, Србија, Црна Гора и Грција со Османлиската империја, започнала на 25 септември (8 октомври – нов стил) 1912 година и завршила со победа на сојузниците на 17 мај (30 мај – нов стил). Додека армиите на балканските државички напредувале потиснувајќи ја турската армија, меѓу големите сили на Западот се кроела иднинината на Балканот.

Големите сили, особено Австро-Унгарија и Германија, откако не успеале да одржат статус кво во европска Турција, поради страв од продор на Русија на Балканот веќе подготвувале разни сценариа за Македонија и другите ослободени територии од Турците. Иако овие сценарија биле противречни со интересите на Белград, Софија и Атина, кои веќе се договориле за поделба на Македонија, меѓу македонското благородништво, како и во кралските семејства на Западот се разговарало за можните претенденти за престолот на идните кнежества Македонија и Албанија.

Всушност, согласно со првичните договори меѓу сојузниците за ослободување и давање на автонимија на Македонија, зад која и Русија, меѓу македонските првенци и на Запад се разгледувало создавање на македонско кнежество на чиј престол би бил поставен припадник на некоја европска кралска куќа. Веднаш по почетокот на војната и првичните успеси почнале да се шират гласови за претенденти за идното македонско кнежество. Ова предизвикало збунетост и меѓу сојузниците, кои всушност имаат друга намера – окупација и поделба на Македонија.

Со остра реакција за ваквите комбинации излегува Белградска „Политика“, која на 23 октомври 1912 година, на своте страници го објавува текстот „Балкански кнезови“, во кој за новите претенденти на разни делови од балканскиот полуостров се вели:      

„За Запад, особено оној најизвестениот Запад, во кој најдобрата риба ја ловат разни преваранти и измамници, Балканот е некаква чудна земја за која никој ништо не знае и затоа секој може да прави за неа комбинации какви што сакаат.Така и сега, кога Стара Србија и Македонија е освоена од Турците се појавија разни претенденти за престолот на тие провинции.

Во Боцен (Болцано, Јужен Тирол, тогашна Австро-Унгарија, а денес во Италија – н.з), на пример, пред некој ден имаше во еден хотел седница на „македонските првенци“, на кој се зборувало за настаните на Балканот и се расправало за прашањето за основање на македонско кнежество. После второто советување решено е за кнез на новото македонско кнежество да се избере германскиот гроф Алфред фон Бенингхајм.

И покрај оваа германска глупост, речиси како виц, слично соопштува енглескиот „Дејли Меил“. Според него во замокот Фреденсбург бил одржан состанок на данското кралско семејство и на тој состанок било одлучено да за кнез на новото кнежество Македонија и Албанија да се кандидира принцот Карло Шведски, односно Харалд  Дански. За тоа како што велат била добиена согласност од Велика Британија и Русија.

Ништо не се говори дали учествувал принцот Гика и разни Кастриоти.“ – пошува белградска Политика во октомври 1912 година.“

Интересна е одлуката како претендент за престолот на идното кнежество Македонија да се кандидира принцот Харалд од Данска (Харалд Кристијан Фредерик, 8 октомври 1876 – 30 март 1949) кој бил член на данското кралско семејство. Тој беше четврто дете и третиот син на кралот Фридрих VIII од Данска и неговата сопруга, принцезата Луиз од Шведска и Норвешка, а со тоа и брат на Кристијан X од Данска.

Со оглед дека од ова кралско семејство потекнуваат  европски монарси, меѓу кои и кралицата Маргарет II од Данска, кралицата Елизабета Втора од Обединетото Кралство, кралот Филип од Белгија, кралот Харалд V од Норвешка, кралот Фелипе VI од Шпанија и големиот војвода Анри од Луксембург, потоа британскиот принц Филип, војводата од Единбург, Михај I од Романија и Константин II од Грција, како и други, каде ќе и беше крајот на Македонија доколку таа добиеше автономија и принцот Карло Шведски, односно Харалд Дански беше поставен за кнез на планираното ново македонско кнежество.

За жал различните интереси на големите сили, особено на Австро-Унгарија и Русија, како и на малите балкански држави Србија, Грвија и Бугарија, доведоа до Втората балканска војна и поделбата на Македонија во август 1913 година.

balkanski-knezevi

princ-harli-danski
Принцот Харалд Дански

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top