Коментари

Како се случи изборната катаклизма


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во градот под Марковите Кули на било кои изборни соочувања (локални, парламентарни или претседателски на општини кога излезноста на доминицилното население е над 70%  веднаш се добиваат 2 заклучоци, и тоа, дека населението е задоволно од актуелната политичка гарнитура или сака промени за подобро утре на својот роден град. Во конкретниов случај зо градот под Марковите кули на неодамна одржаните локални избори излезноста беше над 71%.

На прв поглед кај симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ се доби заклучок дека актуелната владејачка гарнитура на чело со сега некогашниот градоначалник Марјан Ристески кој рака на срце во неговите 12 години на владеење како татко на градот Херој Прилеп во буквална смисла на зборот со своите реализирани проекти го направи Европски град.

Но, за жал, од час во час со пристугнувањето на резултатите предноста на реномираниот ортопед Илија Јованоски кој беше номиниран од страна на плавите момчиња драстично растеше на неговото конто од 51,07% (23.607) гласачи наспроти сега градоначалникот во заминување Марјан Ристески со 45,25% (20.970) гласачи.

На крајот од изборниот ден разликата беше околу 2700 гласачи разлика за ортопедот и воедно актуелен директор на прилепскиот медицински центар “Борка Талески“, Илија Јованоски.

Во оваа прилика се прашувам каде отидоа четири, пет и дури шест илјади гласачи од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Прогнозата беше ако излезе гласачкото тело на ВМРО ДПМНЕ и истото да не биде подло и го заокружи бројот 13 на гласачкото ливче победата на Марјан Ристески немаше да биде доведена во ниту еден момент во прашање.

Во оваа прилика сакам да направам една мала дигресија во сега далечната 2009 година кога психијатарот Јохан Ѓорѓиоски формира советничка листа од тогашната не многу позната новоформирана партија СДУ на Лазар Еленовски. Верувале или не докторот Ѓорѓиоски собра доволно гласови на тогашните локални избори да влезе за советник на прилепскиот градски совет.

Што сакам да кажам од горе наведеното дека. психиЈатарот Јохан Ѓорѓиоски доби гласови на неговото реноме кое го има како лекар и психијатар – психо – терапевт во прилепската болница.

Аналогно на ова и сега актуелниот Градоначалник на Прилеп, ортопедот Илија Јованоски доби неколку гласови како успешна личност во неговата лекарска фела.

Но, тоа е само едно од негативните последици за изборниот пораз на Марјан Ристески.

Не е спорно дека Марјан Ристески направи многу за градот под Марковите кули. Имено во секоја урбана заедница направи инфраструктурна ренесанса.

По тоа не беше доволно неговиот прилепски електорат да му даде доверба и во  наредните 4 – години да биде татко на градот.

Да почнеме по ред:

За време на предизборната кампања директорот на ЈП ПУП пасиониран по музиката си одржуваше приватни концерти, и со самото тоа во втор   план ги постави работите во тамошната фирма каде директоруваше.

Исто така, имаше голема ароганција со средувањето на урбанистичките планови на доминицилното прилепско население.

По комуналното претпријатие имаше пренатрупаност од вработени, и аналогно на тоа Управниот одбор и менаџерскиот тим на фирмата мораше да превземат нелогични радикални мерки кон вработените со цел да се подмират личните доходи.

Со еден збор кажано во конкретниот случај капитенот на екипата, а тоа е таткото на градот немаше околу себе ростер кој ќе му ја кажуваше реалната слика на терен.

Марјан Ристески остави многу реализирани проекти во својот роден град. Останува ортопедот Јованоски со добар тим околу себе да продолжи по стапките на Ристески (мислам на реализираните проекти) и со тоа успешно да се справува со предизвиците кои стојат пред него.

За поразената екипа останува час поскоро да се рекомпонира од една и да види на дело каде погрешила од друга страна.

Песочниот часовник тече од 16 октомври 1460 дена веднаш за миг ќе поминат. Некои мислат дека има време но за жал истите се лажат оти потребни се драстични промени во редовите на патриотските момчиња.

П.С. рибата по квалитет не е вкусна од главата.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top