Коментари

Кузман Јосифовски – Питу за декларацијата на ОФ за македонското прашање

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во 1942 година по иницијатива на Бугарската работничка оартија (БРП) започна да се создава Отечествениот фронт како широка политичка организација на патриотски, демократски и антифашистички сили на Бугарија. Во август 1943 година е формиран Национален комитет на ОФ од претставници на БРП, леви земјоделци и политички круг „Звено”, а подоцна и од други. Главен збор во него имаа претставниците на БРП.

Во декември 1943 година, по издавањето на Манифестот од Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ) до народот на Македонија и поддржувањето на Второто заседание на АВНОЈ, Националниот комитет на ОФ издаде декларација за македонското прашање.

Меѓутоа, двосмисленоста на оваа декларацијата на ОФ, која била спротивна на програмата изнесена во Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и на одлуките на АВНОЈ, ќе предизвика реакција на членот на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија (ЦК на КПМ) Кузман Јосифовски – Питу.

Во дел од извештајот на Кузман Јосифовски – Питу до ЦК на КПМ од 30 декември 1943, 3 јануари 1944 година, тој го изнесува своето мислење за декларацијата на Отечествениот фронт на Бугарија за македонското прашање во кое се вели:  

„ …Меѓу останатиот материјал што е за нас [само него го отворив и еден заеднички со Сергеј (Бојан Б’лгаранов, член на ЦК БКП – з.з..)], има и еден документ на Отечествениот фронт по Макед(онскиот) вопрос.

… Јас овој пат си го искажувам мнението по тој документ. Како документ е чекор напре што по прв пат Отеч(ествениот) фронт се изјаснува по макед(онското) прашајне и ние како таков го поздравуваме.

Но по неговата прогресивност и како прием ке најди сега и таков утицај можи да изврши ваков каков е и каков требало да биди ке речам неколку збора.

Документо далеку заостанува от документите на В.Ш. на Н.О.В. на Ј., А.В.Н.О.Ј. и II скупшт(ина) – на сите незини решенија по разрешувајнето на националното прашајне во светлоста на Нар(одно) ослоб(одителната) борба, кој се јасни, сажети, принципиелни и реални, сошто е видна нивната прогресивност чврстина на Нар(одно) ослоб(одителниот) фронт и утицајот на организаторката и раководителката на нашата ком(унистичка) партија. Со вопросниот документ не е таков случај.

Нејаснотата е во двосмисленоста на сиот документ и многу места се дури реакциони.

1.  Во целиот документ се збора само за Македонија нигде не се споменува или признава макед(онски) народ ами само население.

2.  Како да македонски дејци немало во меѓусебните истребленија пред а нарочно после 1903 г.

3.  Подвлекувањето да Македонија била „лулка на болгарското возраджање“, како да е то некоја резерва за големоболгарите, оти то истото го подвлекуваат српските хегемонисти и наш Југ, Царско Скопље, колевка итн.

4.  Како да балканските војни и светската 1914-18 г. се воделе за ослободувањето на Макед(онија), а не за поробувањето!

5.  Издигнат лозунгот за самоопределението на македонскиот народ, ами самото самоопределението на Македонија…, а по таму – нито пак целосно приобштаване км којато и да е балканска држава.Што значи фактички не признавање самоопределението, а бидејќи сега се рајѓа и вејке изградува една напредна братска заедница, нова федеративна, демократска Југославија како предуслов на Јужнославјанскиот Сојуз и Балканска федерација, како на некого от Отеч(ествениот) фронт то да не му се бендисува!

6.  Не канењето на болг(арските) окуп(аторски) војски, полиција и власт да е напушта Македонија, исто документо го окарактерисува како двосмислен и нерешителен и у многу реакционерен.

7.  Документо издаден после московската конференција и Техеран, каде јасно и гласно се загарантира, слободата, независноста, самоопределението на малите народи и немешањето во нивните внатрешни работи (да не го и спомињаме пакто Сов(јетско)Чешки) се спомиња како гаранција за стопанска, политичка и културна слобода на народите Атланската карта.

8.  Со ни дума не се спомиња на нар(одно) ослоб(одителното) движење на нар(одите) од Југосл(авија) и нивните успеси кој ги поздрави целото јавно мнење на демократското човечество.

9.  Паролата „да живее братското споразумение на Болгарија с балканските народи” е не определена – каква Блгарија, мала или голема? Зашто не блгарски народ?

Демек сето ова потврдува неопределеноста и не одлучноста на Отеч(ествениот) фронт по македонскиот вопрос.

Јас ги разбирам другарите, брајката кога пишуват оти имале мака и изгубиле време и труд кога ги убедиле сотрудниците от буржоаз-партији, за да издадат еден и ваков документ. Вие кажете си последната дума. Јас ке разговарам по него и со А. (Анка – Мара Нацева, член на ЦК КПМ) и Д. (Делче – Бане Андреев, член на ЦК КПМ) Ке го умножиме. Истиот ке се штампа во Раб(отничко) дело („Работническо дело”, орган на БРП)  и во билтенот на Отеч(ествениот) фронт. Ваш П. (Питу – Кузман Јосифовски)“ (Извори. Том, I, Ки. 3, стр. 114-116.)

Од извептајот на Кузман Јосифовски – Питу се гледа дека тој јасно ги дефинира изнесените двосмислени ставови во декларацијата на ОФ за македонското прашање. Всушност тој укажува дека ставот во кој се дава право на самоопределување на Македонија, а не на македонскиот народ, значи не признавање на на македонскиот народ и негово самоопределување, што е спротивно на конференциите во Москва и Техеран, каде се гарантира слободата, независноста и самоопределувањето на малите народи и немешањето во нивните внатрешни работи.

Отогаш изминаа повеќе од половина век, но политика на Софија во однос на македонското прашање речиси да не е измената. Меѓутоа, ако за време на Втората светска војна македонските комунисти јасно ги препознаваа целите на овој сосед, нивните денешни наследници не можат или не сакаат да ги согледаат. Оттука  последиците при потпишување на договори во кои јасно не се дефинира постоење на македонски народ и јазик можат да бидат погубни за Македонците.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top