Коментари

ВМРО – е да ја сакаш Македонија, и да ја браниш,

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1Манојил(Мане)Јаковлески

ВМРО – е да ја сакаш Македонија, и да ја браниш,
ВМРО – е одговорност, ВМРО е идеологија,

ВМРО е да ги почитуваш тие кои несебично трошеа од себе и се дадоа себеси, беа бркани од работа само затоа што ја сакаа Македонија, тие кои тогашната власт им правеше досиеја, тие кои ја ставаа главата во торба за идеата самостојна Македонија,

ВМРО е да ги почитуваш тие кои беа убивани, тие кои беа испраќани на Голи Оток, во Идризово, на Солунска глава, тие кои за идејата се оддалечија од своите најблиски и пријатели, тие кои беа на секој протест за самостојна Македонија, во Македонија и дијаспората.
ВМРО – е да ги почитуваш и тие кои во тешките времиња ја формираа ВМРО,

ВМРО – не е доволно само да кажеш дека и ти си во ВМРО,
ВМРО – не е да си само член на партија.
ВМРО – не е само да добиеш функција,

Денес не се казнува ако кажеш дека си Македонец, денес е гордост и е лесно да се каже дека си за Македонија и ВМРО .

Денес е тешко само да се почитуваат овие луѓе, денес е тешко да седнеш барем пет минути во денот и да размислиш, или да ги превртиш весниците од деведесеттата година или пред тоа, и да се потсетиш низ какви маки поминале овие луѓе, овие патриоти, овие родољуби и се ќе ти биде јасно.

Само пет минути во денот, тоа го заслужуваат.

Ако си Македонец – ВМРО-вец, сигурно ќе добиеш друга слика за овие луѓе, твои истомисленици, патриоти, родољуби, а потоа ќе најдеш време да им посветиш барем малку внимание, да им речеш едно благодарам за се што направиле или ризикувале во својот живот за Македонија, или на тие што не се меѓу живите да им однесеш цвеќе на нивните гробови.

Не сум од тие кои гледаат само назад, но неопходно е од време на време да се сврти погледот назад, да видиш дека не почнува и не заврсува се од тебе.
Има луѓе кои беа судени и лежеа во затвори, има и кои настрадаа, има и такви на кои им е потребна помош.
Да, има и такви кои сакаат да се пофалат, на своите синови, внуци, пријатели или роднини, дека се почитувани, дека некој се сетил на нив, дека тој е еден од тие кои имаат заслуга за нашава татковина Македонија!

Почит, едно браво и малку поддршка, тоа го бараат постарите и тоа го заслужуваат, тоа го бараат судените, затвораните, заборавените, отфрлените, непочитуваните, умрените, тоа со право го очекуваат од Вас, кои само седите на социјалните мрежи и плукате по сите. Тие имаат заслуга што денес имаме држава Македонија!

Колку и да е тешка, и политички и економски, состојбава во Македонија, сакаат да се чуствуваат горди – со главата горе, дека ова што го имаме, е и нивна заслуга, дека имаме самостојна Македонска држава, а не секој ден да слушаат, прво од своите најблиски и пријатели:за ова ли се боревте?

Нешто мора да се промени во нашите глави, во спротивно еден ден ќе биде по старата македонска приказна: што си посеал тоа ќе жнееш, и тоа така без крај.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top