Коментари

Еден од најизмачените народи на светот е македонскиот народ

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Еден од најизмачените народи на светот е македонскиот народ. Повеќе од шест века чекаше да се здобие со слобода. Повеќе од шест века учествуваше сам или заедно со другите поробени народи да ги скине симџирите на ропството кои не му дозволуваа да биде како другите народи, да ја развива сопствената култура и да ја продолжи славната историја.

Народот кој во старо време на чело со Александар ја разнесе културата и науката низ целиот тогашен  познат свет, народот кој го рашири христијанството во Европа и народот кој му даде писмо и култура на милиони и милиони Славјани беше осуден стотитини години на робовски живот без да има право да види бел ден на слобода. Како тој да не заслужи да живее во слобода. Како тој да е казнет вечно да биде јаболко на раздорот.

Големите сили постојано ја даваа богатата и преубавата Македонија како дар на соседните држави. Поради тоа се водеа војни во кои најмногу страдаше македонскиот народ. Сепак, надежта за слобода никогаш не го напушти Македонецот, кој зеде пушка и преку своите три Илиндени (Илинденското востание 1903 г.. АСНОМ 1944 г. и 8 ми септември 1991 г.) на еден дел од својата територија формира своја слободна држава.

Од 1944 до 1991 година, државата на македонскиот народ ги носеше имињата: Демократска Федеративна Македонија (1944 – 1946), Народна Република Македонија (1946 – 1963), Социјалистичка Република Македонија (1963 – 1991) и Република Македонија (1991 – ?). Денес под притисок на Грција и центрите на моќ тој треба да го смени името!

Меѓутоа, тој на 8-ми септември 1991 година на референдум го избра својот пат и го потврди своето име. Имено, најголемиот дел од македонскиот народ над 95 проценти од вкупно излезените или над 72 проценти од вкупното население со право на глас се изјасни во каква држава сака да живее и како да се вика. Тоа е слободна, независна и суверена држава на македонскиот народ чие име е Република Македонија.

Сепак, без разлика на неговиот избор, веднаш по овој историски чин, историјата како да се повтори, а македонскиот народ повторно беше изложен на негирање од соседите кои во 1913 година беа дарувани од центрите на моќ со делови од територијата на Македонија. Грција го негираше името. Бугарија народот, Србија црквата, Албанците со делови од територијата.

Изминаа повеќе од две децении неравноправа борба со далеку помоќните соседи и нивните спонзори, кои ги прекршуваа сите загарантирани човекови и меѓународни права. Во овој период, и покрај сите потешкотии низ кој помина македонскиот народ, врз чија круна како дијаманти моќно светеа имињата на ИЛИНДЕНЦИ, АСНОМЦИ и првата Влада на Македонија која мирно ја раздружи земјата од југословенската федерација, не ја свитка кичмата и не дозволи да подлегне на уцените, заканите и блокадите од соседна Грција.

Меѓутоа, во последните години, само за да дојде на власт, СДСМ  започна со лицитација на името, јазикот, земјата на сите наши претци кои реки крв пролеаа за Македонија. Со помош од надвор, СДСМ од политичката сцена го изолира ВМРО ДПМНЕ, кој беше единствена пречка во нивната намера, единствена партија која го чуваше аманетот на загинатите за Македонија.

Откако СДСМ на Албанците им вети двојазичност на целата територија на земјата, како поддршка да ги добие парламентарните избори во 2016 година, сега Законот за јазиците веќе е влезен во Собранието и до крајот на неделата се очекува да биде изгласан. Предупредувањата дека тоа значи вовед во создавање на бинационална држава, не вродија со плод.

Што се однесува до односот со јужниот сосед, Грција веќе најавува дека во текот на 2018 година проблемот со името ќе биде надминат. За таа цел ќе се изврши исто така ревизија на учебниците, потоа ќе се тргнат спомениците,  ќе се преименуваат објекти во земјата и т.н. Всушност ќе се брише македонското име, јазик, култура и историја. Враќањето назад во минатото повторно ќе ја направи Македонија јаболко на раздорот, буре барут кое никогаш не се знае кога може да експлодира

Некои, велат дека за промената на името треба да има референдум. Меѓутоа, македонскиот народ веќе во 1991 година се изјасни на референдум и нема потреба од нов, зошто името не може да биде предмет на трговија. Тоа еднаш се става и останува за век.

Со оглед како СДСМ ги организирал референдумите во минатото и последните избори, тогаш не ни смее да се помисли такво нешто. Доколку под притисок на странците тоа се прифати, тогаш сигурно на тој референдум македонскиот народ ќе помине како и за територијалната поделба во 2004 година. Со референдумски инжинеринг во режија на СДСМ и центрите на моќ, Македонија сигурно ќе мора да го смени името. Затоа никој не смее да го стави името на коцка, оти тоа е бренд кој не смее никој, ама баш никој да го распродава.

Распродажбата на СДСМ на македонските скапоцености се повеќе ги зголемува апетитите на соседите, а тоа во времето кое доаѓа може да да направи вистински хаос на Балканот. Тогаш пожарот кој ќе биде запален тешко дека некој може да го угасне. И денес како во минатото македонскиот народ е оставен сам да се бори и само тој може да стави крај на оваа опасна игра на новата власт кои ја водат земјата во пропаст!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top