Коментари

НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ВОДАЧ

Gordana Dimovska

Gordana DimovskaГордана Димовска

НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА ВОДАЧ

Не можам да не го изразам моето незадоволство од политичката ситуација во Македонија, земјата во која се родив, школував и за која сум напишала стотици статии, колумни, песни, раскази, се во одбрана на македонското име, македонското знаме, општо речено, одбрана на сите македонски национални белези. Вредностите, целите или историјата на секоја земја во светот се чита дури и на едно парче платно, т.е знамињата. Уште од дамнешни времиња белото платно се користело во воените походи да испратат сигнал или одредени порака.

Со појавата на ајдутсвото во Македонија, еден вид на отпор против феудализмот, започнала и користењето на бајраците. За некој да носи бајрак, требало да е брз, и способен да го одбрани. Без нив никој не тргнувал во битка нити пак се надевал на успех и победа. Тоа за нив претставувало нешто свето, кое после секоја борба го симнувале од копјето и го сокривале до наредната воена акција. Со воениот бајрак започнувала борбата и за да го сочуваат биле спремни да го дадат дури и својот живот. Се претпоставува дека таквите видови на симболи се користат повеќе од 4 000 години. Дури и првото знаме во светот наречено вексилоид (vexilloid) имало значење на “Водич”. Со нив сигнализирале, испраќале пораки.

Денес државните знамиња го заземаат местото на бајраците, преку нив читаме дел од историјата или нешта со кои се карактеризира, издвојува земјата. Така на пример мускатното оревче си зело место на знамето на Гренада. На тој начин тие го претставуваа за нив најважниот производ за извоз и се здобиле со епитетот “Островот на зачините“ важен детал на знамето на Туркменистан е дизајнот на нивните препознатливи теписи. Знамето на Данска пак се смета за најстаро знаме на светот и можеби единствено на кое е стои Бог. Во 1219 година дански свештеник се молел да се случи чудо и да ги победат непријателите. Во тој момент паднало знамето и тие се здобиле со некоја необјаснива моќ и успеале да ги победат Естонците.

За Македонија, како примарен македонски симбол го има сонцето. Тоа отсекогаш било дел од христијанската традиција. И ден денес се наоѓа во повеќе цркви, манастири на териоторијата на цела Македонија. Го има во Охрид , Свети Михаил и Гаврил Лесновски од 1348 , во Свети Спас во Скопје од крајот на 18 век, Свети Димитрија во Битола од 1830 година. Македонскиот лав и македонската Ѕвезда од Кутлеш, како симболи на македонскиот народ, култура и традиција се едни од најстарите симболи во Европа што и ден денес се уште се користат. Сигурно имаат подлабока симболика и значење од оревчето, круговите и теписите.Сепак и сонцето им посмета на соседите па и него го тргнаа, а ние во дијаспората се уште го користиме и едното и другото и покрај што наидуваме на критики пак од грчката дијаспора.

Е ајде тоа со знамињата помина, и како тежок залак се проголта..И уште колку ќе проголта и колку ќе стравува да не се доизгуби, доуништи идентитетот на татковината од продавање на националните белези. Со самото тоа се губи идентитетот на сите Македонци во дијаспората кои ја афирмираат својата култура, историја, јазик во светот. Дијаспората е и треба да се гледа како важен политички субјект кој допринесува за зачувување на македонскиот идентитет но и за зацврстување на економијата со прилив на средства.

Слушајќи ги коментарите на нашите во дијаспората лесно се заклучува дека нивната загриженост е најголема досега во последните 25 години и не гледаат ништо позитивно. Зошто новата Влада изгласа двојазичност а ден пред тоа со изјави за зачувување на македонскиот јазик, ајде да видиме како ќе го сторат тоа! Се пазари со соседите и сака на секој начин да им угоди, т.е да направи отстапки токму со националните белези за кои милиони изгинаа во борби, конфликти и востанија. Им сметаат и спомениците зошто се направени од претходната Влада, ВМРО ДПМНЕ­, затоа што се импозантни? Затоа што ја раскажуваат историјата на еден достоен начин? Затоа што привлекуваат туристи?? И со години ли се дебатира на оваа тема, дали биле за добро и лошо, дали да се турната или исшараат со бои?? Сега и аеродромот ќе се прекрстува по наредба на јужниот сосед. Еден гради друг урива. Кога ќе биде се погодено.

Можеби мислењето ќе го делат многу други кои ги читаат овие редови и се засегнати за иднината на Македонија. Можеме многу да знаеме и да се грижиме, но за жал немаме позиција да одлучуваме за нејзината иднина. На Македонија и е потребен вистински ВОДАЧ да ја поведе по вистински пат, да запише нова историја, да ја заврсти нејзината позиција како земја со посебни национални белези и заслуги во светот.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top