Коментари

Европа мора да им дозволи на Македонците да го сочуваат своето име и идентитет

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Во текот на XIX и XX век, големите европски сили беа сведоци на сите злосторства кои се извршени врз македонскиот народ, но тие никогаш не одговорија на повиците за помош на Македонците. Тие немо гледаа како се распарчува земјата на македонскиот народ во 1913 година и како се асимилира еден народ со една историја од страна Србија, Бугарија и Грција. Сето тоа беше “нормално” за европските сили, кои како тогаш така и сега молчат за грчката забрана за употребата на македонското име и јазик. Тие непосредно се ставаат на страната на Грција, која по Втората светска војна ја призна СФР Југославија, а со тоа непосредно и СР Македонија како дел од Федерацијата.

Европа ја прифати грчката политика која доминираше кон крајот на осумдесетите кога беше јасно дека ќе дојде до распад на СФРЈ и осамостојување на Македонија. Односно  уште во 1989 година Грција почна да ја шири идеологијата дека Македонија е грчка, или дека немало Македонци и македонски јазик, дека сето тоа било грчко. Нешто слично се случуваше во Бугарија и во Србија. Некои ја признаваа државата, но не и народот и јазикот, а други пак не го признаваат постоењето на црквата. Сето тоа беше добро осмислена стратегија, изградена и предводена од Грција, со цел да се негира постоењето на македонскиот народ и држава за да се зачуваат ексклузивните права на античката историја, култура и традиција. Истата беше во прилог на Србија и Бугарија, кои го чекаат својот момент за реализација на нивните аспирации кон Македонија, кои беа така јасно изразени за време на Балканските војни (1912 – 1913).

Никој не може да каже дека европските политичари не се запознаени со историјата на Балканот, бидејќи токму големите европски држави кумуваа на поделбата на Македонија во 1913 година. Србите, Бугарите и Грците не можеа да ги задржат македонските територии доколку немаа амин од големите сили. Исто така, денешните европски политичари не можат да не знаат за договорите кои ги направија нивните претходници во однос на Македонија. Но наместо извинување за неправдите, тие немилосрдно се обидуваат да ги убедат Македонците дека не постојат, бидејќи тоа е волјата на Грците. Сепак, очигледна е дилемата европските и грчките лидери кои се навистина Грците. Дали тие навистина се наследници на Елините, односно Грците, или се тие наследници на Македонците? Тие не можат да бидат и двете. Време е Европа и балканските народи како Грците, Бугарите и Србите да го препознаат и признаат постоењето на автохтониот народ со најдолга историска традиција – Македонците.

Меѓутоа, Европа при здрави очи се прави слепа и се однесува како некогашна Византија. Сметајќи дека Грција е наследник на Византија, што не одговара на ниту еден од изворите, европските политички кругови не сакаат да ја признаат Македонија. Од друга страна државите кои биле тогаш признати, денес имаат меѓународно признание (Србија, Бугарија).

Политиката на ЕУ на двојни стандарди отиде до таму што денес Македонците кои се борат за своето заслужено место во европското семејство и сакаат да продолжат да се нарекуваат себеси Македонци се обвинети дека се националисти. Како сите да забораваат дека името Македонија и Македонци се провлекува низ историјата од антиката до денес.

Дури и во период кога Македонија се уште се сметала за дел од Византија, византиските историчари, како Никифор Григора и Јован Кантакузин, го користеле името на Македонија за да ги опишат настаните што се случиле во “вистинската Македонија”, наспроти “темата на Македонија”. Тоа било практика и во меѓународните дописи. Во некои официјални писма до византискиот цар, термините “Македонија” и “Македонци” се користеа како синоними за престиж. Така на пример, во писмото на Мамлук Султан Насир ал-Дин Мохамед од 1340-41 година до царот Андроник III Палеолог (1328-1341 година) се вели: “За … благородниот Андроник … мечот на македонското Царство, на чесниот хеленски воен систем, императорот на Бугарија, Валахија и Аланија, апсолутен владетел на Русија, Иберија и Турците, наследник на Римската империја, владетел над две мориња и реки, Дукас, Ангел Комнен Палеолог.”

Овие податоци покажуваат дека во XIV  век можело да се направи разлика меѓу Македонците и Бугарите и останатите народи што биле подложени на византискиот император. Но, ако тогаш за историчарите постоела Македонија и Македонци, за денешните историчари не постои македонски народ и јазик.

Причината за тоа може да се бара во  Македонците кои имале антички традици на државност, а тоа било секогаш закана за есклузивното право што Византија го имала на светската империја. Свесни за тоа, војската на Ромеите постојано била присутна во Македонија со цел да ги спречат Македонците во нивните напори да создадат своја држава. По создавањето на посебна „Македонска склавинија“, византиските императори постојано војувале со неа но никогаш не успевале целесно да ја покорат.

Инаку денациолизаторската политика против Македонците започнала веднаш по неуспешните војни против Рим во 168 година п.н.е., кога Македонија била освоена и поделена на четири регионални области – мериди. Меѓу нив не било дозволено комуникација, тргување и склучување на бракови меѓу луѓето од различни мериди. Употребата на македонскиот јазик била строго забранета и таа долго време се наоѓа на сила за времето на владеењето на Рим.

Сепак македонското име опстојувало и по поделбата на Западното и Источното римско царство во 395 година. Уште на почетокот на византискиот период, името на Македонија било поврзано со воена и административна единица. Сеќавањето на некогаш моќната македонска држава и освојувањето на Александар не било заборавено. Таа била зачувана од високообразованите кругови на Византија, која спроведувала постојана и цврста политика на асимилација, односно “романтизација” на домицилното население на териториите под нејзино владение.

Романизацијата била извршена преку христијанизација и преку бракови. Деца родени од мешани бракови се сметаа за римски. По прогласувањето на христијанството како државна религија, Македонија била дел од Западната Црква, а по распаѓањето на империјата, Македонија била вклучена кон Источната Црква, односно Цариградската патријаршија.

По Јустинијана Прима, народот во Македонија ја имал Охридската архиепископија која долго време опстојувала, а потоа Србите и Бугарите ги добиле Пеќската и Трновската (бугарска) патријаршија. Меѓутоа, Србите и Бугарите, кои биле поврзани со царската фамилија, не биле закана за Византија, па им биле признати и црквите и државите. Опстанокот на Охридската архиепископија покрај Пеќската и Трновската (бугарска) патријаршија, укажува дека ниту Србите, ниту Бугарите ја сметале Охридската архиепископија за своја.

По распадот на Византија, балканските држави паднале под османлиска власт. Дел од нив успеале да се издвојат и да формираат сопствени држави во XIX век (Грција, Србија и Бугарија). Во своите политики, Грција се повика на византиската традиција со цел да стане наследник на Византија на Балканот. Но, покрај неа се појавија и Србија и Бугарија, кои владееле над некои делови на Македонија во средниот век. Ова доведе до Балканските војни, во кои Турците беа прогонети од Македонија, која беше поделена помеѓу горенаведените три балкански држави. Секоја од овие држави спроведе политика на асимилација во сопствените територии кон локалното македонско население и одбија да ги признаат нивните права. Забраната на употребата на терминот Македонија и македонскиот јазик продолжи и во периодот помеѓу двете светски војни, како и по Втората светска војна во Принскиот и Егејскиот дел на Македонија.

Европа тоа го знае, тоа мора да го знае и мора да му дозволи на македонскиот народ да го продолжи својот европски пат. Во XXI  век, не смее да се негира постоењето на македонскиот народ и држава, туку треба да му се дозволи да ги зачува своето име, историја, култура и традиција.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top