Коментари

Весникот ,,Македонија“ од Торонто одбележа 34 години од своето постоење

makedonija-vesnik

На вечерта посветена на весникот „Македонија“ присуствуваа  бројни соработници, пријатели, поддржувачи, дипломати, преставници на македонските здруженија, организации, македонските православни цркви, медиумите и поедници, како и дарители кои од искрена љубов кон татковината Македонија придонесуваат кон зачувувањето на македонскиот идентитет, култура, пишан збор и традиции во Канада и пошироко.

makedonija-vesnik

Програмата на вечерта беше збогатена со настапот на ансамблот „Македонка“, најстариот и најпознат македонски фолклорен ансамбл во Канада и пошироко кој од далечната 1959 година ја прикажува убавината на македонскиот фолклор. Потоа настапија естрадните уметници Фана Шомова и Мери Мајнас, како и  познатиот македонски оркестар „Децата од Буф“.

Инаку, весникот „Македонија” има посебно место во аналите на новинарството меѓу иселеништвото во Канада и пошироко во дијаспората. Тој 34 години е вистински афирматор на Македонија и македонскиот народ, со изразена национална и благородна мисија, особено меѓу Македонците во Торонто и околината. Тој е еден од весницити од ваков вид на тие канадски просторн, што ги афирмира македонскиот мајчин јазик, литературата и културата, како и активностите и достигнувањата на повеќе од стотина илјади Македонци кои привремено или засекогаш свиле гнездо во Канада.

Овој значаен македонскн гласник првпат од печат излезе на 2 ноември 1984 година, а потоа редовно секој 15-ти во месецот. Тој како македонски месечен информатор излегува и денес, a неговите страници се исполнети со текстови и фотографии од активностите и животот на Македонците во новата средина, како и голем број рекламни материјали од наши деловни луѓе што живеат во демократска и мултииултурпа Канада.

Првиот број од 1984 тодина беше именуван како „Македонски народен весник” чија глава беше дадена на кирилица, меѓутоа текстовите што следеја во отсуство од кирилична азбука, беа пренесени на латиница. Исто така, на првата страница беше дадена етно географска карта на Македонија.

Во воведникот, меѓу другото, се нагласува: „Весникот „Македонија” е гласило за сите родољубиви Македонци кои живеат далеку од својата родна грутка. Целта на весникот е да донесува новости од родната земја: за природните богатства, секојдневните настани и слично. Весникот ќе биде огледало за сите читатели, бидејќи ќе се печати во Торонто и ќе биде простор за објавување на активностите на културно-уметничките друштва, спортските клубови и друг вид асоцијации, со што ќе си го најде своето место меѓу Македонците во Канада и во сите срца ќе го внесе македонскиот патриотски дух“.

Весникот „Македонија“ започна да го издава издавачки колегиум на чело со Горнан Јовановски и Танас Јовановски. Првите три броја се печатени на осум страници на среден формат (29 х 43 см) што е задржан во понатамошниот период. Од четвртиот број се печати на дванаесет страници, а само неколку пати е печатен на осум страници. Уште од вториот број се среќаваат текстови на англиски јазик и голем број реклами. На вториот број во десниот агол е поместена фотографија на Грце Делчев. Од бројот десет, пак, не се печати повеќе етничката карта на Македонија.

По првата година од излегувањето на овој весник се појавија финансиски тешкотии, но и тешкотии од други субјективни и објективни причини, па така од тринаесеттиот број па натаму сопственик и главен и одговорен уредник е само Танас Јовановски. Оттогаш весникот има нова форма, тој го задржува името „Македонија”, а на насловната стравица во десниот агол е картата на Македонија во чија средина има фотографија на Гоце Делчев. Од македонски народен весник стана гласник за Македонците  од  Северна  Америка.

Весникот „Македонија” и во минатото и денес се печати на литературен македонски јазик, а голем број материјали од историјата, литературата и културата се дадени и на англиски јазик, со цел со нив да се запознаат и читателите од англосаксонското говорно подрачје. Главниот и одговорен уредник и сопственик на ова гласило Танас Јованавски потекиува од печалбарското преспанско село Брајчино. Тој е ентузијаст и пријател на новинарството, со што волонтерски се занимава и во слободното време, За весникот „Македоннја” Танас беше: сопственик, уредник, дактилограф, компјутерски работинк, печатар, дистрибутер, со еден збор тој му ја даваше душата на ова македонско гласило.

Весникот „Македонија” и во минатото и денес претставува вистински иселенички гласник и афирматор на сé она што е македонско. Тој особено придонесува за афирмирање на културното богатство на македонскиот народ во новата средина и дава значаен прилог во зближувањето меѓу Македонците и другите етнички групи, со посебен акцент врз врските меѓу македонските и канадските културни достигнувања.

Весннкот ;гМакеданшја” привлекува со својата разновидна содржина на текстови, кои во голема мера го презентираат актуелниот момент од богатиот национален, културно-просветен и спортски живот на македонските доселеници во Канада. Тој е тесно поврзан со вистината и со судбината на македонскиот народ, како и со Република Македонија. Преку него се стекнуваат сознанија за активностите на Македонците во новите средини во Канада и САД, а посебен простор се посветува на информациите што на иселениците им се нужни, a ce однесуваат на прашања од секојдневното живеење.

Во исто време весникот ги афирмира македонските православни црковни општини и асоцијации што работат во рамките на општините и другите македонски друштва и здруженија. Сето тоа придонесува весникот „Македонија“ да биде драг гостин во македонските домови и да претставува дел од мозаикот на македонската и канадската култура.

Весникот „Македонија“ како месечно информативно гласило денес обилува со многу богати содржини, илустрации и други прилози кои значат придонес на македонското и канадското новинарство. Тој е еден од ретките македонски весниди со најдолг период на печатење во дијаспората. Весникот  е еден од најсодржајните меѓу гласилата во иселеништвото кој се печати во поголем тираж и е безплатно гласило.  Во овој  период од 34 години на печатењето во него учествувале со свои текстови бројни соработници од дијаспората и од Република Македонија, меѓу кои посебно место имаат во почетните години имаа Петре Гиневски, Мето Јовановски, авторот на овие редови, Славе Катин и голем број други познати вљубеници во новинарството.

Весникот „Македонија” е еден од најзначајните гласила кој е на страната на македонските доселеници, на македонскиот народ, на Република Македонија и на македонската вистана во целина.

Дел од присутните на прославата

sonja-lozanovska
Соња Лозановски и Танас Јовановски

toni-dimovski-1
Амбасадорот на Република Македонија во Канада г-ин Тони Димовски

kanada-proslava

jovica-palasevski
д-р Јовица Палашевски , генерален конзул на Р.Македонија во Торонто

kanada-proslava-2

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top