Коментари

Дали некој се има запрашано, каде грешиме Ние Македонците последниве 200 години?

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Некој ќе рече зошто баш последниве 200 години, но има причина. Америка и западноевропските земји создадоа неколку држави на Македонскиот полуостров. 

Овие земји имаа намера да направат нешто за Македонија и да бидеме како што треба. Ајде можеби првите моменти и задкулисните игри не сме ги знаеле, но до ден денес пак ете ништо не сме направиле. 

Каде е грешката? Во подмитувањето.

Од секогаш, Македонците кога доаѓале на позиција што да прават со пари на располагање, правеле исто што правеле и ќе прават другите, помалку или повеќе си поткраднуваат. Но другите за една работа биле попаметни, одвојувале за подмитување на некој конгресмени, политичари или тела од Америка и Европа. Доколку некој подмитува или модерно кажано ЛОБИРА … среде Англија да настане Тунгузија со тунгузиски јазик и историја не барем ги создале сите планети на Галаксијава, ќе му ја исполни желбата во зависност од медот наречен и колку долго ќе гарантира така слатко да си плаќа. 

Сите денешни европски политичари велат исто, како сите крадат ама одвојуваат за “лобирање”. Ги ставаат за пример Грците колку милјарди дале. За Албанија се знае како фрлат немилосрно рушвети на Америка. За нашите политичари се жалат дека крадат, ама само за себе и не фрлаат за лобирањето де. Затоа напоменуваат како за овие 27 години сме имале шанса и не сме ја искористиле со подмитувањето и како резултат на тоа ќе ја уништат Македонија. Дури и совет ни даваат да одиме со Русија, затоа што со нив не можело повеќе, а со Русите ќе имаме просперитет и после тие ќе не молат и поткупуваат да одиме кај нив. Апсурдно, но вистинито. 

Со колкав имот располагале војводите и другите фактори, сме читале и имаме докази и информации, кои споредувајќи го имотот нивни што го имале на располагање, изнесувал минимум 50 милиони евра во денешни услови. 

Ако се краде, барем нека се краде со усул и да се краде ете за просперитет на Македонија, некако ќе преџвакаме, народски кажано или правец Русија. Јас лично сум за второто, со Русите и Господ напред со крстот на чело. А вие?

Најново од: Коментари

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

Историските судбини на Македонците и Абориџините

Историските судбини на Македонија и на Абориџините (првите народи на Австралија) припаѓаат на два целосно различни контексти — европскиот геополитички и глобалниот колонијален контекст. Сепак, анализирано од аспект на социологијата и филозофијата на историјата, меѓу нив постојат силни паралели во механизмите на страдање, обидите за асимилација и борбата за самобитност. Македонија: По Балканските војни и […]

Зошто на бугарските политичари им пречи рамноправна Македонија во Европската Унија?

Што би изгубила Бугарија доколку покрај себе има стабилна, напредна и рамноправна членка на Европската Унија? За бугарските граѓани тоа би значело постабилно соседство, подобра поврзаност и поголеми можности за соработка. Но за политичарите што ја користат европската перспектива на Македонија како средство за условување, таквиот развој би значел губење на важна политичка предност. Токму […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

To top