Коментари

Интерпелација во Бугарското народно собрание против македонските „братоубиства“

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

„Додека во поробена Македонија (Македонија под грчка и српска власт) од 1919 година до денес убиените Македонци од српската и грчка диктатура – во спроведувањето на својата денационализаторска политика – наедно со жртвите од Трлис, Бутим (села во Егејска Македонија) и Гарван (село во Вардарска Македонија) не поминуваат 254 души, во „слободна” Македонија и Бугарија се убиени 2300 души.“ – се вели во интерпелацијата од 2 XI 1932 г., поднесена од народните пратеници Алексо Мартулков, Трајко Христов и Стамат Иванов преку Бугарското народно собрание до тогашниот бугарски министер за внатрешни работи.

Во Уставот и другите програмски документи на Внатрешна македонска револуционерна организација (Обединета), која се создаде по основачката конференција во Виена во октомври 1925 година, посебно се нагласуваше дека ВМРО (Об.) треба да се развие во широко движење на Македонците од сите три дела на нивната поробена и разделена татковина и на сета македонска емиграција за извојување на главната цел: слободна Македонија во доброволен рамноправен сојуз на балканските народи.

Централниот комитет на ВМРО (Об.), за популаризирање на своите ставови, пристапи кон обемна издавачка и агитациона дејност. Преку весниците „Македонско дело” и „Балканска федерација” и другите тајно печатени и растурани материјали ја ширеше мрежата на своите групи и организации во Пиринска Македонија и Бугарија, како и во деловите на Македонија под српска и грчка власт.  Нејзините брошури и публикации, како и други нејзини документи (апели, протести, резолуции, меморандуми и сл.) допираа до напредните кругови на балканските, европските и американските земји.

ВМРО (Об.) разви цврсти корени во Пиринска Македонија и во градовите на Бугарија со побројна македонска емиграција, по смената во 1926 година на А. Цанков со Андреја Лјапчев како министер-претседател. Стабилизацијата на владејачката класа во Бугарија не го попречија активизирањето на организациите на ВМРО (Об.), кои развија најголема дејност во Пиринска Македонија, каде што наедно беа изложени на тешки удари од десницата на Македонската револуционерна организација.

Во подоцнежните години група приврзаници на А. Протогеров, околу Петар Шанданов, почнаа да се приближуваат до раководството и теренските организации на ВМРО (Об.). По убиството на Протогеров, повидни протогеровисти наоѓаа допирни точки и стануваа поборници за соработка со ВМРО (Об), што го зголеми судирот со десницата.

Во текот на 1932 и 1933 година во судирот меѓу десницата и левицата, ги изгубија своите животи повеќе истакнати активисти на ВМРО (Об.) и на македонската левица.

Поради овие убиства народните пратеници Алексо Мартулков, Трајко Христов и Стамат Иванов, претставниците на Работничката парламентарна група, на 2 ноември 1932 година, поднесуваат интерпелација во бугарското Народно собрание против убиствата.

Овие преставници во тогашниот политички живот во Бугарија практично биле единствепите заштитници на интересите на македонскиот народ во Петричкиот округ. Во прашањето на народните претставвици Мартулков, Христов и Иванов, доставено преку Претседателот на 23 Обично (редовно) народно собрание до Министер за внатрешни работи, се вели:

„Господине Министре,

Македонските „братоубиства” не се повеќе обични братоубиства, туку се масовни убивања на македонската емиграција во Бугарија и на народот во Петричко.

Не ќе биде пресилено ако кажеме дека Бугарија за македонскиот народ стана гробница. Зашто убиените Македонци во поробена Македонија од српската и грчка диктатура не се ни една осмина од истепаните Македонци од ВМРО (врхов.) во Бугарија и „слободна Македонија”.

Такви масовни убивања од последната се можни само со поткрепата на власта. А поддршката е повеќе од очигледна.

Додека во поробена Македонија(Македонија под грчка и српска власт) од 1919 година до денес убиените Македонци од српската и грчка диктатура – во спроведувањето на својата денационализаторска политика – наедно со жртвите од Трлис, Бутим и Гарван не поминуваат 254 души, во „слободна” Македонија и Бугарија се убиени 2300 души.

Колењата кај Трлис, Бутим и Гарван бледнеат пред тие во „слободна” Македонија. Масовните убивања во Дабница, Неврокоп, Петрич, Мелничко, Мехомиско (Разлошко), Горна Џумаја (денес Благоевград) ќе се паметат во историјата на македонското ослободително движење.

Во Стара Бугарија нема градска улица што не е попрскана со македонска крв. Од 1928 год. наваму се нижат нови „братоубивања”…

Со убивања, одвлекувања и беспримерен терор врз емиграцијата и петричкото население се исцрпува…

Во последно време се прават обиди и против избраниците на Работничко-селскиот трудов блок. Така на 25. X о. г. во градот Русе е убиен работничкиот општински советник Душан X. Спасов од три „непознати” лица. Меѓутоа, кога се знае дека последниот и припаѓаше на левицата во македонското ослободително движење, тогаш не е тешко да се објасни од чија средина излегуваат убијците.

Изнесувајќи Ви ја оваа слика, господине Министре, прашуваме: 1. Какви мерки има намера да преземе Владата за да стави крај на „братоубиствата”? (Македонско дело VIII/170-171 (25. XI 1932) стр. 3.)

Во текот на 1932 и 1933 година во судирот меѓу десницата и левицата беше извршен атентатот врз македонскиот револуционер и депутат во Народното собрание Алексо Мартулков, кој наедно ја вршеше и функцијата уредник на прогресивниот весник „Македонско знаме”, а во почетокот на 1933 година од платените убијци беше убиен Христо Трајков (23 јануар 1933), македонски општествен работник и член на парламентарната комунистичка група во Народното собрание. Овие убиства јасно покажаа дека атентатите поддржани од тогашните власти, во прв ред беше насочен против раководните луѓе на ВМРО (Об.), со цел не само да ja уништат македонската левица, туку и сонот за ослободување и обединување на Македонија.  

(извор: Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988 г., стр.  289 – 290; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр.45-47)

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top