Коментари

Сцената за промена на името и идентитетот на македонскиот народ е поставена

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Сцената за промена на името и идентитетот на македонскиот народ е поставена.

Во режија на „демократската влада“ на премиерот Зоран Заев и центрите на моќ, пречките се остранети и процесот е отпочнат. Со воспоставена динамика, се спроведува сценариото. Терористите се пуштени на слобода, а нивните места во затворот ги пополнија најгласните противници на промена на името – македонските патриоти.

Додека притворените македонски патриоти скапуваат во затворот, говорат за подобра иднина. Меѓутоа, место светла иднина, по доаѓањето на власт на СДС земјата ја покри темнина и го сокри сонцето. Наместо инвестиции и нови вработувања, замре економијата, наместо поголеми плати и пензии, неисплатени плати и откази, наместо мир и безбедност, бројот на убиства е зголемен, а и животните се вознемирија – кучињата почнаа се почесто да ги напаѓаат луѓето.

Стравот оправдано се вгнезди кај секој обичен човек, кој размислува како Македонец. Народот се прашува што ќе им донесе новото утре. Дали да ги слушаат продадените оратори и да го проголтаат Законот за јазиците, договорот со Бугарија и барањето на Грција за промена на името и историјата, што им ги сервира врхушката на СДС или да го кренат гласот, како што тоа го направија нивните браќа и сестри, патриоти кои се затворени како наводни терористи.

Имено, меѓу притворените за “тероризам“, се видни интелектуалци – уметници, членовите на патриотски здруженија кои немаат, ниту можат да имаат некаква врска со тероризмот. Тие немаат удрено или повредено некого во текот на настаните од 27- ми април. Напротив на овој ден, оперскиот пејач Игор Дурловски, артистот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски и блогерот Богдан Илиевски, ги повикуваа револтираните граѓани во Собранието на мир, а нé насилство.

Единствениот нивни грев е што тие се членови на организациониот одбор кој повеќе од два месеца повикуваа на мирно протестирање на народот под мотото “За заедничка Македонија“.

Тоа што глумците, пејачите, членовите на патриотските здруженија се во затвор, а убијците од Смилковско езеро на слобода е цинична селективна правда на новата власт која има за цел внесување смут кај македонскиот народ. Тоа треба да ја подготви комплетно сцената за редифинирање на Македонија.

Доста беше разнебитување на земјата, доста се поделби во македонскиот народ. Време е да се сплотиме зошто ако останеме поделени не чека пропаст! Пропаста ги чека не само Македонците, туку и сите оние соседи кои посеганаа по неа.

Сепак, има еден голем знак прашалник!? Целта на СДС да изврши редифинирање на Македонија, наводно за да влезе во НАТО и ЕУ, зависи од опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

По неотповикливата оставка од морални причини на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој не ја виткаше кичмата пред притисоците за промена на името, сега е потребна достојна замена, исто така истрајна во одбраната на идеалите на нашоте претци – македонскиот народ да има самостојна, суверена и независна македонска држава. Само таков карактер може да не обедини и да ја урне поставената сцена за разнебитување на Македонија.

До новата 2018 година, кога по празниците се очекува да се разреши спорот со името, остана уште малку време.

Затоа Македонци на нозе!

Името не го даваме и залуден е секаков обид тоа да се менува!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top