Коментари

НЕУСТАВНО Е СОБРАНИЕТО СО РАТИФИКАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР ДА ГО СУСПЕНДИРА УСТАВОТ!

smk

smk
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

18 декември 2017 година, Скопје, Македонија

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на Талат Џафери за ТВ АЛСАТ-М од 15 декември 2017 година, за рартификација на меѓународен договор во Собранието со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК потсетува дека Собранието не може со ратификација на меѓународен договор да го суспендира Уставот!

СМК повторува дека Македонскиот народ и државјаните на Македонија во апсолутно мнозинство на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите, без исклучок!

СМК укажува дека изборните резултати од парламентарните избори на 11 и 25 декември 2016 и локалните избори на 15 и 29 октомври 2017 година не се легитимација за промена на името на државата во Собранието, со ратификација на меѓународен договор или со амандмани на Уставот! Пратениците, премиерот и министрите, како и претседателот на Републиката немаат никаков мандат за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, на чијшто Устав полагаат заклетва, дека ќе ги почитуваат и штитат територијалниот интегитет и суверенитетот, Уставот и законите на државата Македонија!

СМК апелира до Албанците во Македонија да се откажат од учество во велепредавство, името на државата не е малцинско прашање, и за Албанците во Македонија името “Нова Македонија“ воопшто промената на името на државата е еднакво на самоубиство!

СМК смета дека и покрај сите разлики меѓу Македонците по род и државјанство, само Македонија е единствениот семакедонски заеднички именител, само Македонија е единственот семакедонски заеднички содржател. Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не’ снема!

Доколку Собранието ратификува меѓународен договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, СМК бара претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот за негова ратификација!

СМК го повикува претседателот на Републиката да огласи безусловен крај на разговорите за промена на името на државата и за тоа со нота да го извести Генералниот Секретар, а до Генералното Собрание да достави Резолуција за продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југозападна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и геноцидот врз Македонскиот народ кој се’ уште трае!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на државното име Македонија!

СМК предупредува дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не е демократија, ниту слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, не е слобода на говорот, туку најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на меѓународното право, на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права, флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија, злосторство против човештвото и геноцид врз народот Македонски кое не застарува!

Промената на името на државата и идентитетот на нацијата ќе ги дестабилизра Македонија и Балканот во целина!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top