Коментари

Грчко-српски договор за поделба на сфери на влијанија во Македонија од 1867/1868 г.

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Македонија во географски граници. Испрекинатата линија ја одбележува поделбата на сфери на влијание помеѓу Србија и Грција според Договорот за сојуз од 1867 година и Воената конвенција од 1868 година.

grcko-bugarski-dogovor

Договорот за сојуз помеѓу Кралството Грција и Кнежевството Србија од 14/26-ти август 1867 година во Веслај кај Виена и Воената конвенција склучена на 16-ти февруари 1868 година во Атина бил таен договор меѓу двете земји против османлиската држава. Овој договор имал за цел „ослободување на сите христијански народи во европска Tурција и на Aрхипелагот (беломорски). Всушност со овој договор за првпат се покажуваат претензиите на Грција и Србија кон територијата на Македонија која била под власта на Отоманската империја. 

На почетокот на деветнаесетиот век во Русија владеело уверување дека набрзо ќе се случи распадот на Турција. Затоа, руската влада му дава налог на тогашниот министер за надворешни работи Јоанис Каподистриас, кој е со грчко потекло, да понуди решение за Балканот.

Грофот Ј. Каподистриас по пензионирањето во 1927 година, во април истата година на народното собрание во Трезен бил избран за прв премиер на новата привремена грчка уставна влада. Во 1829 година тој го доставил до руската влада својот предлог. Според него на Балканот требало да се создаде федерација составена од 5 држави од втор ранг, организирани како монархии: 1. Кралство Србија (Србија, Бугарија, Босна), 2. Елинско Кралство (континентална Грција, Пелопонез, островите на Архипелагот и јонските острови), 3. Кралство Македонија (Македонија, Тракија, островите Имброс, Самос и Тасос) 4. Кралство Епир (Епир, Северна и Јужна Албанија) и 5. Кралство Дакија (Молдавија и Влашко).

Иако по потекло Грк, од предлогот се гледа дека Каподистриас воопшто не ја гледал Македонија како дел од новото Елинското кралство. Не може ни да се претпостави дека еден високообразован еминентен европски дипломат и, секако, добар познавач на работите згрешил. Едноставно, тој добро ја познавал историјата и состојбите на Балканот и при предлогот бил објективен. Сепак, така не размислувале и другите Грци, прврзаници на Магали идеја која почнува да се развива уште со почетокот на грчкото востание во 1821 год. Под надозор на полицијата, непријателите на неговата политика, го нападнале и убиле Јоанис Каподистриас на 9 X 1831 година.

По смртта на Каподистриас, со кое е намалено руското влијание на Пелопонез, во Грција дошло до граѓанска војна. За да го спречат влијанието на Русија, тогашните големи сили, особено Обединетото кралство, организирале конференција во Лондон во 1932 година, на која покрај домаќинот учествуваат Франција и Русија, по што е создадено кралството Грција.

По владеењето на баварскиот принц Ото фон Вителсбах, на грчкиот престол доаѓа данскиот приц Вилијам, познат како Ѓорѓи I (1862 – 1913). За негово време доаѓа до проширување на грчките граници. Лондон и ги остапува јонските острови, а под влијание на националистите, во Грција се повеќе доаѓа до ираз Мегали идејата за возобнување на Византиската империја, која го опфаќала грчкиот свет од Јонското Море на запад, Мала Азија и Црно Море на исток и од Тракија, Македонија и Епир на север на Крит и Кипар на југ. Новата држава ќе го има Константинопол како главен град, а тоа ќе биде “Грција два континента и пет мориња”.

Во аргументирање на претензиите кон македонската територија и население, грчкиот национализам, користејќи го националниот мит, создал една нова слика за Македонија: која требало да ја претстави Македонија како неделив дел на грчката нација преку користење на селективни аргументи и докази.

Меѓутоа, со оглед на малите сили и ресурси за остварување на својот план против Турците, тогашната грчка власт се свртува кон кнежеството Србија со која владее кнезот Михајло Обреновиќ. Во тоа време, српскиот кнез со упорна политика успеал на почетокот на 1867 година да издејствува повлекување на турските гарнизони од српските градови. Истовремено ги поставил темелите на српската војска и правел планови за создавање коалиција за конечно протерување на Турците од Балканот. Бидејќи немал доверба во Бугарите и Црна Гора, Михајло Обреновиќ се договорил со Грција, за поделба на сферите на влијание во Македонија, по што започнува да дејствува засилена пропаганда против македонскиот народ.

Договорот за сојуз помеѓу Кралството Грција и Кнежевството Србија од 14/26-ти август 1867 година во Веслај кај Виена и Воената конвенција склучена на 16-ти февруари 1868 година во Атина бил таен договор меѓу двете земји против османлиската држава. Овој договор имал за цел „ослободување на сите христијански народи во европска Tурција и на Aрхипелагот (беломорски)“. Всушност со овој договор се покажуваат претензиите на Грција и Србија кон територијата на Македонија која била под власта на Отоманската империја.

Со Договорот (14 / 26 август 1867) во Веслај кај Виена, склучен во името на грчкиот крал и српскиот кнез, од  преставникот на Грција Петро А. Занос, пратеник во парламентот и Милан А. Петронијевиќ, државен потсекретар во Министерството за правда, било определено и времето за започнување на војната (март 1868). За таа цел Србија се обврзала да има подготвени 60.000 луѓе, без резервите, а Грција да има под оружје и подготвени 30.000 луѓе и што посилна флота. Во случај на тешкотии во војната, за целосно остварување на целите утврдени со Договорот за сојуз, секоја од договорните страни можела да се повлече од војната единствено откако на сојузничката држава ќе и обезбедела: Србија на Грција ослободување и присоединување на Епир и на Tесалија, а Грција на Србија ослободување и присоединување на Босна и Херцеговина.

Во случај на целосно остварување на целите на војната за поделба на другите територии на османлиската држава на Балканот, договориле потпишување на посебен договор. Договориле пропагандно дејствување без територијално разграничување и заеднички да работат на придобивање во Сојузот на Романија.

Грција и Србија потпишале Протокол (10 јануари 1868), а и тајна Воена конвенција во Aтина (16 февруари 1868). Врз основа на чл. XIV од Договорот за сојуз, потпишан на 14 август 1867 година помеѓу Кралството Грција и Кнежевството Србија, двете влади, бидејќи се договорија да склучат воена конвенција за извршување на споменатиот договор, именуваа ад-хок двајца свои делегати; грчката влада г. Николас Манос – генералштабен мајор а од српската влада г. Фрањо Зах – артилериски потполковник, кои меѓудругото се спогодиле за следното

Со Kонвенцијата биле утврдени силите, вооружувањето и координацијата на воените дејства, предвидени да се водат на целата територија на европските владеења на османлиската држава, прогласена за заедничко боиште. Притоа, главното внимание било посветено на военостратегиското значење на земјите меѓу Грција и Србија, посебно на Македонија, во која биле маркирани главните стратегиски правци: западен: Солун-Битола кон Охрид и Велес-Скопје; централен: Солун-Скопје-Приштина и јужен: Солун-утоката на реката Бистрица.

По убиството на кнезот Михајло во 1868 година, акцијата била прекината. Меѓутоа, соработката на Грција и Србија продолжила со Балканскиот сојуз, со кој по Балканските војни (1912 – 1913) територијата на Македонија е поделена и анектирана од Србија, Грција и Бугарија, а еден мал дел добила и новосоздадената држава Албанија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top